TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Уништени над 28 илјади килограми говедско месо

Вест - 10.11.2007

Преку 28 илјади килограми говедско месо спакувано во пакети, вчера беше уништено на депонијата "Дрисла"во Скопје. Говедско месо со потекло од Парагвај, Царинската управа го заплени минатата недела на терминалот во Волково, при транзит на контејнер за Косово.

На Дрисла уништено месото од Парагвај

Утрински - 10.11.2007

Вчера на депонијата Дрисла беше уништено месото кое во саботата беше запленето од Царината. Станува збор за контејнер со 29 тони замрзнато месо со потекло од Парагвај, земја од која Македонија забрани увоз и транзит на месо. Според документацијата во контејнерот требало да биде пренесувано ...

Уништени 29.000 килограми говедско месо

Вечер Прес - 10.11.2007

На депонијата Дрисла, вчера се уништени 29.000 килограми замрзнато говедско месо од Парагвај кое минатиот викенд го заплени царината. Замрзнатото месо било наменето за пазарот во Косово. Царината со инспектори од Управата за ветеринарство и претставници од Македонски железници, во контрола на ...

Месото од Парагвај заврши на Дрисла

Дневник - 07.11.2007

Царинската управа го одзеде замрзнатото говедско месо од Парагвај, кое со лажни документи беше откриено завчера во испоставата во скопско Волково. Цариниците открија дека 1.400 пакети со 28.840 килограми месо биле пријавени дека доаѓаат од Уругвај, а всушност се набавени во Парагвај, од каде што е ...

Ќе се уништат 29.000 килограми говедско месо

Вечер Прес - 07.11.2007

На депонијата Дрисла, под царински надзор, деновиве ќе бидат уништени 29.000 килограми замрзнато говедско месо со потекло од Парагвај, а кое било наменето за косовскиот пазар. Македонската царина месото го заплени викендов, а вчера цариниците заедно со инспектори од Управата за ветеринарство и ...

Запленето говедско месо од Парагвај

Канал5 - 05.11.2007

Замрзнато говедско месо од Парагвај запленила Царинската управа. Дваесет и осум илјади килограми, складирани во пакети преку Македонија со воз требале да завршат во Косово. Царината утврдила дека пратката била со лажна документација. Имало ветеринарно уверение дека месото е од Уругвај.