TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тајланд: Опозиционите лидери се предадоа на полицијата по добиени гаранции за нивната слобода

Алсат-М - 10.10.2008

Седум лидери на опозициската Народна алијанса за демократија во Тајланд ù се предадоа на полицијата, откако тамошните власти ги повлекоа обвинувањата против нив за предавство. Седумте високи политичари сега се на слобода.

Во судир со полицијата повредени 85 демонстранти

Време - 08.10.2008

Најмалку 85 лица се повредени во вчерашните судири меѓу тајландската полиција и антивладините демонстранти во центарот на Бангкок, пренесуваат светските агенции.

Оставка на тајландскиот вицепремиер поради протести

А1 - 07.10.2008

Вицепремиерот на Тајланд Чавалит Јонгчајудид денеска поднесе оставка бидејќи, како што рече, се чувствувал одговорен за судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Бангкок, во кои се повредени 69 лица.

Крвави судири во Банког

Форум - 07.10.2008

Во главниот град на Тајланд, Банког, дојде до големи судири помеѓу демонстрантите и силите за безбедност. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата која беше насобрана пред Парламентот. Според изјави на очевидци, во судирите има повеќемина повредени.

Експлозија и демонстрации во Тајланд

Алсат-М - 07.10.2008

Најмалку едно лице загина денеска во експлозија на автомобил-бомба во тајландскиот главен град Банкок. Инцидентот се случи во близина на местото каде утрово се судрија антивладини демонстранти и припадници на полицијата. Властите истражуваат можна поврзаност меѓу нив.

Крвави протести во Банког

Форум - 07.10.2008

На протестирачите против владата во Банког им се спротиставила полицијата, а како нејзино засилување била употребена и талјандската војска.

ТАЈЛАНДСКАТА ПОЛИЦИЈА УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦ ПРОТИВ АНТИВЛАДИНИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ВО БАНКОК

Сител - 07.10.2008

ТАЈЛАНДСКАТА ПОЛИЦИЈА УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦ ПРОТИВ АНТИВЛАДИНИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ВО БАНКОК Тајландската полиција денеска два пати употреби солзавец против учесниците во антивладините демонстрации во Банкок, пренесе Франс прес.

Вицепремиерот поднесе оставка

Вечер Прес - 07.10.2008

Вицепремиерот на Тајланд Чавалит Јонгчајудид вчера поднесе оставка бидејќи, како што рече, се чувствувал одговорен за судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Бангкок, во кои, според странски агенции, биле повредени 118 лица.