TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нимиц против референдум за името

А1 - 24.02.2008

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц, преку грчкиот весник „Катимерини“ ги повика македонските власти да не ја префрлаат топката кај своите граѓани. За Нимиц, организирање референдум е лесен начин за да се донесе тешко решение.

Усогласена македонската позиција за името

А1 - 24.02.2008

Македонската позиција околу последниот предлог на медијаторот Нимиц за името е усогласена и зад неа стојат сите политички фактори. Ова го изјави шефот на дипломатијата Антонио Милошоски по четиричасовниот состанок на лидерската четворка, на која присуствуваше и претседателот Црвенковски.

Македонија ја усогласи позицијата за предлогот на Нимиц и останува во разговорите

Канал5 - 24.02.2008

Претседателот, премиерот и лидерите на СДСМ, ДПА и ДУИ усогласија заедничка позиција за предлогот на медијаторот Нимиц. Во вториот обид, откако претходната средба заврши без договор, политичкиот врв денеска се договори за македонската платформа со која преговарачот Димитров ќе замине за Њујорк за ...

Државниот и политичкиот врв ќе го дефинира ставот за предлогот на Нимиц

Канал5 - 24.02.2008

Државниот и политичкиот врв денеска на нова средба во Клубот на пратениците треба да го дефинира ставот за последниот предлог на посредникот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција околу употребата на името на Република Македонија.

Нимиц: Се обидувам да бидам објективен и да држам еднаква дистанца

Канал5 - 24.02.2008

Се обидувам да бидам објективен и да држам еднаква дистанца - вели специјалниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името меѓу Македонија и Атина во интервју за грчкиот весник “Катимерини. Во време кога се интензивираат дилемите во двете земји дали треба да се спроведе референдум за ...

Пет точки на Нимиц неприфатливи за Македонија

А1 - 23.02.2008

Најмалку пет од деветте клучни точки кои ги предлага Нимиц во својот последен пакет за надминување на разликите околу името се неприфатливи за македонските државни власти. За нив најверојатно нема да се троши време на утрешната средба на лидерите на најголемите партии со претседателот и премиерот.

Договор или вето!

Време - 23.02.2008

ГРЧКИ УЛТИМАТУМ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ Ако не се најде решение за проблемот за името, тоа ќе значи дека Скопје нема да добие покана за НАТО на самитот во Букурешт, изјави вчера грчкиот премиер Костас Караманлис, одговарајќи на пратеничко прашање.

Одговор в недела!

Време - 23.02.2008

МАКЕДОНИЈА СЕ МОБИЛИЗИРА Mакедонија в недела ќе му одговори на медијаторот Метју Нимиц што ќе прифати, а што ќе отфрли од неговиот најнов и, веројатно, последен предлог за името. Претседателот Бранко Црвенковски и пре-миерот Никола Груевски деновиве ја мобилизираа сета политичка и експерт-ска ...

Грците подготвија тактика за преговори

Вест - 23.02.2008

ДОДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДЛОГОТ Додека Македонскиот државен врв и покрај завчерашната четиричасовна лидерска средба се уште нема утврдено став за продолжување на преговорите, грчката страна веќе подготви политика за настап пред посредникот во спорот за името Метју Нимиц.

Предлогот на Нимиц во основа значи единечна формула

Утрински - 23.02.2008

Новото име би влегло во пасошите и во меѓународните организации Медијаторот Метју Нимиц двојата формула за името со последниот предлог доставен до „првата страна“ - Грција и „втората страна“ - Македонија го сведе на единечна формула со која Македонија, доколку прифати кој било од предлозите, ќе ...

Предлогот на Нимиц не е конечен, вели Атина

Утрински - 23.02.2008

Грција веќе му ги предала на Нимиц забелешките и противаргументите Грчкиот премиер Караманлис вчера повторно и' се закани на Македонија со вето за членство во НАТО „Предлог на Нимиц е добра основа за суштински преговори“, соопшти шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, говорејќи за новиот ...

Македонија е за „Независна“ или за „Демократска“, но со одредени услови

Утрински - 23.02.2008

Македонското државно раководство се' уште го пишува одговорот на Нимиц Соња Крамарска Светлана Унковска Ставот на македонското државно раководство во однос на предлогот на Нимиц е јасен, меѓутоа се чека да се постигне поширок консензус пред да биде известен медијаторот, велат извори на „Утрински ...

Предлог за уништување на Македонија

Дневник - 23.02.2008

Ако со барањето за промена на името сакаа да не понижат, сега со предлозите на Нимиц сакаат да не уништат,вели пратеничката Лилјана Поповска Откажување од македонскиот јазик, македонската култура, македонските песни... ќе биде кобната последица од предлогот што го подготви посредникот во ...

Црна дупка во предлогот на Нимиц

Дневник - 23.02.2008

За нас е убедливо најкобен членот 8 и ако тој остане ваков каков што е, ако е тоа грчката позиција и ако добијат цврста меѓународна поддршка за него, по мое мислење, целиот договор мора да падне. Ништо не вреди во договорот ако остане членот 8, бидејќи со него директно ни се брише идентитетот,вели ...

Атина „пука“ со вето

Дневник - 23.02.2008

Новиот предлог на медијаторот на Обединетите нации во разговорите за името, Метју Нимиц, дава основа за суштински преговори, соопшти завчера во Атина шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Таа додаде дека Грција може да го примени своето право на вето во врска со поканата за Македонија во ...

Експерти велат има шанси да се избегне вето ако се разговара за предлогот на Нимиц

Канал5 - 23.02.2008

И без решение за името до април, но со суштинско влегување во преговори за последниот пакет на Нимиц, постои шанса да се избегне грчко вето за НАТО – сметаат аналитичари во двете земји. Ден пред состанокот на македонскиот политички врв од кој се очекува официјалната позиција за предлогот на ...

Какви отстапки до сега направи Македонија во спорот со Грција?

Канал5 - 23.02.2008

И по 16 години од проблематизирањето на нашето име од страна на Грција и стотина предлози ставени на преговарачка маса, решение за спорот не се најде. Проблематизирањето на името дојде веднаш по независноста. Масовни протести во Грција, засилен меѓународен притисок и едно и пол годишно ембарго, со ...

ДПА за предлогот на Нимиц и за признавањето на независноста на Косово

Канал5 - 23.02.2008

Кога станува збор за последниот предлог на Метју Нимиц, ставот на ДПА и на Албанците е и ќе биде конструктивен, изјави денеска во Дебар лидерот на партијата Мендух Тачи. Од принципиелни аспекти, додаде тој, не сакам да се изјаснувам околу предлогот на Нимиц бидејќи утре имаме лидерска средба.

Придавката "Македонски" мора да остане

Вечер Прес - 23.02.2008

Според дипломатски извори грчката Влада решила да влезе во брзо темпо за измени на предлозите и да ја оформи својата позиција, со цел да избегне компликации Грција ги достави своите забелешки за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, а Македонија ќе го направи истото в понеделник.

За името, Косово и кешот

Вечер Прес - 23.02.2008

Пишува: Владимир ТУЛЕВСКИ Кумот пресече, а нашиот преговарач Димитров од Атина се врати како попарен. Предлозите што ги даде одамна пензионираниот чиновник на американската администрација Метју Нимиц за името не и одговараат на Македонија.

ДУИ не знае што сака

Вечер Прес - 23.02.2008

ДУИ ретерира во ставот и Албанец да биде вклучен во преговорите со Грција околу спорот за името. Ако до пред извесно време се противеа на тоа само од преговарачот Никола Димитров пасивно да ги слушаат предлозите на медијаторот Метју Нимиц, сега отстапуваат од оваа теза и тврдат дека биле погрешно ...

Нимиц излегол од мандатот

Вест - 22.02.2008

ПРОДОЛЖУВААТ КОНСУЛТАЦИИТЕ ПО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ИМЕ Претседателот Црвенковски смета дека Нимиц излегол од својот мандат поради тоа што предложил нов опсег на користење на евентуалното ново меѓународно име, кој е различен од опсегот во кој се користи привременото име ПЈРМ, а е ...

„Демократска” и „Независна”

Време - 22.02.2008

ДРЖАВНИОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ВРВ ГРАДАТ СТАВ ЗА ПАКЕТОТ НА НИМИЦ Горан Момировски Предлозите „Демократска Република Македонија” и „Независна Република Македонија” се прифатливи за Македонија како добра основа за постигнување решени за спорот со името.

Нимиц копа по македонскиот устав

Време - 22.02.2008

предлогот на медијаторот објавен во грЧките медиуми Грчкиот весник „То вима“ вчера во целост го објави најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц. Објавување на предлогот предизвика реакции во државниот врв. Кабинетите на премиерот Костас Караманлис и на министерката за надворешни работи Дора ...

Грчките власти очекуваат тешки и мачни преговори

Време - 22.02.2008

АТИНА МОЛЧАЛИВО ГРАДИ СТАВ Грчката политичка елита молчаливо го гради својот конечен став околу најновиот предлог за решавање на спорот со името. Иако првичните реакции на политичарите во Атина беа дека предлогот на Метју Нимиц во основа е добар, досега никој јавно не се изјасни поединечно за едно ...

Предлогот на Нимиц ни прифатен ни отфрлен

Утрински - 22.02.2008

Продолжија консултациите за спорот околу името. Повторно политички разлики меѓу власта и опозицијата Соња Крамарска И вчера продолжија консултациите на највисоко политичко ниво за најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со јужниот сосед околу уставното име на нашата земја.

Во Грција се меша македонска салата со вето

Утрински - 22.02.2008

И Атина е на мака Атина и Скопје се во исчекување кој прв ќе го отфрли предлогот на Нимиц Лидерот на националистичката партија ЛАОС, Караџаферис, бара референдум како начин за решавање за грчко-македонскиот спор околу името. Шефицата на Комунистичката партија на Грција, Алека Папарига, инсистира ...

Каков одговор за Нимиц?

Утрински - 22.02.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Димитар Чулев Има најмалку две нешта околу кои ќе мора да се согласат и Скопје и Атина: двете недели што ги даде Метју Нимиц, како рок за одговор на неговиот комплициран предлог, се прекратки да се повлечат потези кои ќе гарантираат „чиста“ победа на едната врз другата страна, односно и ...

Нимиц излезе од мандатот

Дневник - 22.02.2008

Премиерот Груевски вчера изјави дека со идејата за референдум сака да спречи „неодговорни политичари“, кои имаат намера со гласање во парламентот да помине промената на името Со дел од новата понуда за надминување на спорот за името со Грција, посредникот Метју Нимиц излегува од мандатот и нуди ...

Зборот „Македонија“ нема да се признава како официјално име

Дневник - 22.02.2008

„Дневник“ вчера дојде до основниот текст на предлогот што посредникотМетјуНимиц им го дал намакедонскиот и на грчкиот претставник во преговорите за името, на последната средба во Атина. Предлозите за новото име се содржани во „Анексот 1“ од предлогот, кој се' уште не е достапен до јавноста.

Нова средба со Нимиц кон крајот на месецов

Канал5 - 22.02.2008

“Не велете “не” на целиот пакет на Нимиц” - се сугестиите кои САД ги испраќаат до македонскиот државно-владин врв за последниот предлог на медијаторот, дознава Канал 5. Иако пакетот на Нимиц во Скопје е оценет како неизбалансиран со натежнување кон грчката позиција, американската администрација, ...

Нема во НАТО со скршена кичма

Вечер Прес - 22.02.2008

Црвенковски претпоставува дека ниту едно од петте предложени имиња не е прифатливо и за Скопје и за Атина Ако прифатиме име Демократска или Независна Република Македонија, тоа не значи дека во НАТО влегуваме со "скршена кичма" или со погазена гордост, бидејќи тие имиња не задираат во националниот ...

Караманлис и Бакојани влегоа во „војна“

А1 - 21.02.2008

Караманлис и Бакојани влегоа во „војна“, откако доцна попладнево весникот „То вима“, го објави оригиналниот документ на Нимиц. Се досега овој документ имаше неформален карактер и владите на двете земји беа обврзани да не го откриваат.

Црвенковски: Новиот предлог за името е полош

А1 - 21.02.2008

Новиот предлог за името е полош од оној во 2005 и ноемвриската предлог рамка дадена од Нимиц, а преговарачот излегол надвор од мандатот. Според Претседателот проблемот не е во предложените имиња, туку во промената на целта на преговорите.

Грчките весници за предлогот на Нимиц

А1 - 21.02.2008

Навлегуваме во суштинска фаза од преговорите, ја цитираат грчките весници министерката за надворешни работи Бакојани, откако ги информирала Владата и претседателот на Грција за предлогот во кој посредникот Нимиц понудил пет имиња за Македонија.

Се бара трајна замена за ФИРОМ

Вест - 21.02.2008

УСТАВНОТО ИМЕ ОСТАНА ВО ПРЕДЛОЗИТЕ НА НИМИЦ Неофицијално, петте предлози за сложено меѓународно име се: Неофицијално, петте предлози за сложено меѓународно име се: - Независна Република Македонија - Демократска Република Македонија - Нова Република Македонија - Уставна Република Македонија - ...

Пет предлози, еден рок и многу неизвесности за името

Време - 21.02.2008

ШТО СОДРЖИ ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ? Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, предложил пет имиња за Македонија, од кои едно треба да се избере и да се користи во меѓународните организации и за Грција, а во билатералните односи со останатите земји да остане уставното име, дознава „Време“.

Од Македонија се бара ново име и во пасошите

Утрински - 21.02.2008

Македонското раководство допрва ќе го гради ставот за предлогот на Нимиц, кој првично е оценет како „катастрофален“ Соња Крамарска Светлана Унковска Македонија во Атина доби предлог од пет варијанти за името што нашата земја би го употребувала во комуникација со меѓународните организации и со ...

Атина е задоволна, но без еуфорија

Утрински - 21.02.2008

На грчката влада и' пречи тоа што Нимиц понудил двојна формула, но ќе се согласи со име Нова Македонија Од нашиот известувач Димитар Чулев Атина - Нема победничка еуфорија во Грција по завчерашната посета на медијаторот Метју Нимиц на Атина, кога на преговарачката маса го стави предлогот кој, се ...

Новото име и во пасош

Дневник - 21.02.2008

Нимиц предлага новото име што ќе се користи во сите меѓународни организации да се запише и во пасошите на македонските граѓани, а на државите што ја признале Македонија под уставното име им се сугерира да ја преиспитаат одлуката Пет предлози за ново име на Република Македонија дал посредникот Метју ...

Реакции во Грција по предлогот на Нимиц

Канал5 - 21.02.2008

Тешките преговори за името претстојат за една недела. Се чувствувам како спортист кој се подготвува за олимпијада, вели грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Нејзиниот портпарол Јоргос Кумуцакос изјавува дека ако не се постигне решение за името до април тогаш соседот нема да добие ...

Македонскиот политички врв гради заеднички став за предлогот на Нимиц

Канал5 - 21.02.2008

Се анализира зошто понудата натежнува на грчка страна и кои се излезните решенија. Ќе се согласат ли Шеќеринска, Тачи и Ахмети за начелно усогласениот став на државниот врв за прифатливост на две од петте имиња предложени од Нимиц, но под сосема други услови на употреба – без уставни измени, без ...

Грчките весници за предлогот на Нимиц за решавањето на грчко-македонскиот спор со името

Канал5 - 21.02.2008

Навлегуваме во суштинска фаза од преговорите, ја цитираат денеска грчките весници министерката за надворешни работи Дора Бакојани, откако ги информирала Владата и претседателот на Грција за предлогот во кој посредникот на Обединетите нации во грчко-македонскиот спор околу името Метју Нимиц понудил ...

Демократска или Независна РМ место ФИРОМ!

Вечер Прес - 21.02.2008

Државниот врв ќе распише референдум по прашањето за името, само доколку Грција се огласи дека едно од овие две имиња ќе биде конечно решение во замена за ФИРОМ! Демократска Република Македонија, Уставна Република Македонија, Независна Република Македонија и Република Горна Македонија, се ...

Два предлога од Нимиц прифатливи за Владата

А1 - 20.02.2008

„Демократска Република Македонија и „Независна Република Македонија“. Овие два од петте предлози на медијаторот Нимиц во принцип се прифатливи за македонската Влада. Останатите три предлози на Нимиц - „Горна“, „Нова“ и „Уставна“ Македонија се неприфатливи.

Атина гледа простор за договор

А1 - 20.02.2008

Единствено во што се сигурни сите фактори во Грција е дека вчерашниот предлог на Нимиц е грчката варијанта на двојната формула, при што уставното име Македонија би го користела за домашна употреба и билатералните односи со други земји, додека во односите со Грција и меѓународни институции ...

Нимиц дал неколку предози

Вест - 20.02.2008

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО ВО АТИНА Вест" дознава дека станува збор за два, или три предлози. Во сите се содржи името Македонија и сите до сега биле одбивани од Грција Посредникот во преговорите помеѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, вчера им доставил нови предлози за името на двете страни на средбата ...

Почна последното одбројување за името

Време - 20.02.2008

МЕДИЈАТОРОТ ГО ДОСТАВИ СВОЈОТ НОВ ПРЕДЛОГ ВО АТИНА Посредникот на ОН, Метју Нимиц, вчера во Атина донесе нов предлог за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, но тој ќе се држи во тајност се додека политичките раководства на двете земји не го разгледаат.

Нимиц даде предлог што бара компромис

Утрински - 20.02.2008

Предлогот е тајна. Преговарачот се надева дека одговорот на Атина и Скопје ќе дојде за една-две недели Од нашиот известувач Димитар Чулев АТИНА - Експресно заврши вчерашната средба на посредникот Метју Нимиц со преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис во Атина.

Нимиц даде нов предлог за името

Дневник - 20.02.2008

Станува збор за последната предлог-рамка на Нимиц, која вчера била доставена во форма на „поелабориран предлог за решавање на грчко-македонскиот спор“ Посредникот Метју Нимиц вчера во Атина дал нов предлог за решавање на спорот за името, но тој ќе остане тајна се' додека владите во Скопје и во ...

Скопје го подготвува одговорот на предлогот на Нимиц

Канал5 - 20.02.2008

Македонскиот државен врв синоќа и денеска е во континуирани консултации подготвувајќи го одговорот на предлогот на Нимиц. Има и прифатливи, но и целосно неприфатливи, дури и навредливи делови во понудата од медијаторот. Исклучувањето на уставното име од билатералната комуникација со земјите што не ...

Атина без коментар за предлогот на Нимиц

Канал5 - 20.02.2008

Грчките власти засега не излегуваат со оценка за евентуална прифатливост или неприфатливост на предлогот на Нимиц, но изјавите што ги даваат претставници на владата на Караманлис имплицираат задоволство на грчка страна. Грчките власти засега не излегуваат со оценка за евентуална прифатливост или ...

Што содржи понудата на посредникот Нимиц?

Канал5 - 21.02.2008

Медијаторот Нимиц бара од Македонија да се согласи со едно име за севкупните меѓународни односи, таканаречено “официјално меѓународно име”. Тоа не само што би се користело во меѓународните организации како што се ОН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа, туку според предлогот на Нимиц, би се ...

Ставот за предлогот на Нимиц ќе биде дефиниран утре или најдоцна задутре

Канал5 - 20.02.2008

Го анализираме предлогот на медијаторот Метју Нимиц и ги подготвуваме сите детали и комбинации и се што може да произлезе од него. Веќе сме при крај со оформувањето на првичниот став. За тоа ќе разговараме и со другите фактори во државата, по што ќе ги презентираме резултатите, изјави денеска ...

Грција против Демократска Република Македонија

Вечер Прес - 20.02.2008

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да го прифати, ниту да го одбија предлогот, без за тоа да се изјасни народот на референдум, велат извори блиски до Кабинетот на Груевски Има нов предлог за името, кој е компромисен, праведен и достоинствен и за двете земји, но јавноста нема да го ...

Новиот предлог на Нимиц ќе остане таен

А1 - 19.02.2008

Најновиот предлог на Нимиц ќе остане таен се додека двете земји на највисоко ниво не го анализираат и објават во јавност. За медијаторот Нимиц најновата сугестија како да се реши проблемот со името, не ги исполнува 100% позициите на двете страни.

Денеска нов предлог за името

Вест - 19.02.2008

НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО АТИНА НИМИЦ НА ПОТЕГ На новата рунда преговори за името, закажана за денеска во Атина, се очекува посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц да даде нов предлог за решавање на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција.

Нимиц носи предлог - земи или остави

Време - 19.02.2008

ВО АТИНА, КЛУЧНА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО Посредникот во спорот за името Метју Нимиц денеска во Атина се очекува да им го врачи на преговарачите на Македонија и на Грција најновиот и, најверојатно, последен предлог за името. Засега, никој со сигурност не знае што носи точно Нимиц во своите папки.

Нимиц денес го носи конечниот предлог

Утрински - 19.02.2008

Грчките весници пишуваат дека Атина ќе прифати компромисен предлог Атина - Грчките весници во вчерашните изданија објавуваат текстови посветени на денешната посета на посредникот на Обединетите нации во спорот со името на Македонија, Метју Нимиц, на Атина, кој се очекува дека ќе изнесе предлог за ...

Скопје го чека предлогот за името

Утрински - 19.02.2008

Метју Нимиц Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, не знае со каков предлог ќе пристигне денеска медијаторот Метју Нимиц. „Не знам и мислам дека никој не знае каков ќе биде предлогот се' до моментот до средбата во Атина.

Македонија и Грција не знаат што им носи Нимиц

Дневник - 19.02.2008

Ниту Македонија ниту, пак, Грција вчера не изнесоа детали за денешната нова рунда преговори за разликите за името, што ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во Атина. И двете страни се во очекување на најновите предлози што ќе ги донесе посредникот Метју Нимиц и од тие причини владее ...

Нимиц треба да го објави најновиот и според најавите последен предлог за името

Канал5 - 19.02.2008

Специјалниот посредник на Обединетите нации во грчко-македонските преговори за името Метју Нимиц, денеска на средба во Атина со преговарачите на двете земји Никола Димитров и Адемантиос Василакис, треба да го претстави неговиот најнов предлог за надминување на 17-годишниот спор околу употребата на ...

Нимиц во Атина предложи решение за името - Василакис и Димитров го носат дома на разгледување

Канал5 - 19.02.2008

Час и половина траеше средбата на преговарачите Димитров и Василакис со медијаторот Нимиц во Атина. Предлогот за кој Америка сугерираше да биде последен и прифатен им бил претставен на двете страни. Детали официјално не се откриваат. Ќе се анализира во владите на двете држави.

За името ќе одлучува народот

Вечер Прес - 19.02.2008

Предлогот нема ниту да се прифати, ниту да се одбие само од државниот врв. Премиерот Груевски смета дека изборот треба да го направи единствено народот на референдум, бидејќи тоа прашање не е само од политичко, туку е и од историско значење, велат изворите на ВЕЧЕР Метју Нимиц на денешното ...

Не се знае каков предлог ќе донесе Нимиц во Атина

А1 - 18.02.2008

Се уште не е сигурно дали и каков предлог ќе донесе утре во Атина преговарачот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц. Пред утрешната средба во грчкото МНР, каде преговарачите Димитров и Василакис се среќаваат со Нимиц и Бакојани, никој не може да предвиди што содржи најновиот пакет ...

Последен предлог за името

Време - 18.02.2008

УТРЕ ВО АТИНА НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО Македонскиот државен врв викендот ја подготви стратегијата како ќе се реагира во вторник кога медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, во Атина ќе го даде својот нов и најверојатно последен предлог за името.

Да не се реагира веднаш

Вест - 18.02.2008

КОНСУЛТАЦИИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ ПРЕД НОВАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО Да се почека и да не се реагира брзо и јавно на евентуалниот предлог кој посредникот Метју Нимиц би требало да го соопшти на утрешната рунда преговори за името помеѓу Македонија и Грција во Атина е веројатно договорот кој државниот ...

Консултации на државниот врв во очекување на предлогот на Нимиц

Утрински - 18.02.2008

Кај претседателот се усогласуваа позициите како да настапи Македонија по ставањето на новиот предлог на маса Тамара Грнчароска Македонскиот политички врв во саботата вечерта во кабинетот на претседателот на државата ја одржа својата последна консултација пред посредникот на ОН Метју Нимиц утре во ...

Владата не знае дали Нимиц ќе предложи ново име

Дневник - 18.02.2008

Македонските државни претставници немаат ниту најава каков евентуален предлог за име на нашата земја за меѓународна употреба би можел да биде претставен Македонската страна до утре нема со сигурност да знае дали посредникот Метју Нимиц на средбата во Атина ќе достави нов предлог за името на нашата ...

Спорот со името е билатерален, се чека новиот предлог на Нимиц

Канал5 - 18.02.2008

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во пресрет на утрешната средба на македонски и грчки претставници со медијаторот во спорот за разликите околу употребата на уставното име на Република Македонија Метју Нимиц изјави дека македонскиот државен врв е обединет по прашањето на пристапот и ...

Зa името после поканата за НАТО!

Вечер Прес - 18.02.2008

Според последните информации предлогот - Демократска Република Македонија Нимиц нема да го презентира на утрешната средба во Атина, туку по два дена. Коавтор на овој предлог е поранешниот американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил Речиси 3 часа државниот врв завчера ја договараше ...