TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сингапур не ги повлекува, а Јапонија не испраќа војници во Ирак

А1 - 15.11.2003

Сингапур нема да ги повлече своите војници од Ирак и покрај серијата напади на страна на трупите во таа земја, објавува денеска весникот „Стрејт тајмс“, повикувајќи се на тврдењата на висок владин претставник. Заменик-премиерот Тони Тан изјави дека припадниците на сингапурските оружени сили се ...

САД ќе останат во Ирак и по предавањето на власта

Утрински - 15.11.2003

Вашингтон соопшти дека и по предавањето на политичката власт на Ирачаните БАГДАД - САД соопштија дека нивните единици ќе останат во Ирак сў додека не биде воспоставена демократија, и по предавањето на политичката власт на Ирачаните.

Украински водник загина во Ирак

А1 - 14.11.2003

Еден припадник на украинската армија загина во близина на место Ал Азизија во источниот дел на Ирак, соопшти Министерство за одбрана на Украина. Детали за причините за смртта на украински водник не се соопштени, во Ал Азизија се распоредени 1.650 украински војници, под полска команда.

Италија шокирана, но не се повлекува од Ирак

Вест - 14.11.2003

Во емотивното обраќање во Парламентот премиерот Берлускони побара да стивнат политичките препирки за италијанското присуство во Ирак РИМ, 14 ноември, (АП) - Италија со голема болка вчера ги жалеше 18-мината италијански војници кои загинаа во Ирак, што е најстрашната воена загуба за државата по ...

Буш спрема стратегија "за најлош случај" во Ирак

Вест - 14.11.2003

Далас, 14 ноември - Американскиот претседател Џорџ Буш во вторникот итно го свика Воениот совет за да одлучи за стратегијата за следната фаза на операцијата во Ирак, објави вчера тексашката агенција за стратешки предвидувања Стратфор.

Американците возвраќаат во Багдад

Утрински - 14.11.2003

По неколкуте крвави напади врз окупациските сили БАГДАД - Американските сили во Багдад, обидувајќи се да ги спречат серијата напади, нападнаа герилски цели во главниот град Багдад откако бомбаши-самоубијци убија 27 лица во италијанската база на воената полиција која се наоѓа на југот од земјата.

Војниците умираат, компаниите профитираат

Утрински - 14.11.2003

Се претвора ли полека Ирак во ноќна мора за американската администрација по лесната победа на почетокото од војната? Слободанка Јовановска Два месеца пред почнувањето на претседателската кампања во САД, администрацијата на претседателот Џорџ Буш длабоко заглавува во ирачката криза.

Италија погодена во срцето

Утрински - 14.11.2003

Италијанците жалат додека загинатите се пренесуваат од Ирак во татковината РИМ - Италија вчера жалеше со спуштени знамиња на половина копје за 18-те Италијанци кои загинаа во самоубиствениот напад во воена полициска база во Ирак, при што еден политички лидер го опиша како "наш 11 септември".

Огнена одмазда врз Багдад

Дневник - 14.11.2003

ПО убиството на 18 италиЈански воЈници ВО НАСИРИЈА Американски авиони "ац-130" бомбардирале терористички гнезда Американските сили во Ирак вчера го употребиле својот најсмртоносен борбен авион "ац-130" во напад врз цели во јужните предградија на ирачкиот главен град Багдад, јави Ројтерс.

Нападот во Насирија ги смени ставовите на Португалија и Јапонија

А1 - 13.11.2003

Португалските полицајци кои вчера требаша да им се придружат на италијанските карабинери во Ирак, го сменија првичниот план, поради бомбашкиот напад во Насирија во кој загинаа 27 лица, и денеска ќе се распоредат во Басра. Португалската полиција соопшти дека 128 португалски полицајци во Басра ќе ...

Убиени 2 американски војници во Багдад

А1 - 13.11.2003

Еден американски војник загина, а двајца биле повредени, од кој едниот подоцна им подлегнал на повредите, откако нивното возило нагазило на мина во Багдад, потврди портпаролот на Првата оклопна дивизија на американската армија.

Самоубиствен напад уби 14 италијански војници во Ирак

Вест - 13.11.2003

Камион полн со експлозив експлодира пред италијанската полициска база во Насирија, при што загинаа и 8 Ирачани НАСИРИЈА, 13 ноември (Ројтерс) - Најмалку 14 италијански војници и 8 Ирачани загинаа откако камион полн со експлозив вчераутро експлодира пред италијанската полициска база во јужниот ...

Крвав ден за Италијанците во Ирак

Утрински - 13.11.2003

Самоубиствен напад со камион-бомба во штаб на карабиниери во Насирија БАГДАД - Вчера еден камион-бомба експлодира пред седиштето на италијанската полиција карабинери, во јужниот ирачки град Насирија, при што загинаа 23 лица, од кои 17 Италијанци, а најверојатно под урнатините се наоѓаат заглавени ...

Италија нема да се исплаши, изјави Берлускони

Утрински - 13.11.2003

РЕАКЦИЈА РИМ - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави дека Италија нема да се исплаши од експлозијата во која загинаа најмалку 12 италијански војници и осум Ирачани во јужниот ирачки град Насирија. "Никакво заплашување нема да не спречи во нашата подготвеност да и помогнеме на државата ...

Бремер е во САД додека Белата куќа размислува за пристап во Ирак

Утрински - 13.11.2003

Дипломатија ВАШИНГТОН - Соединетите Американски Држави најверојатно нема да се откажат од ирачкиот Владеачки совет кои тие го формираа, но можат да ја модифицираат политичката структура во напорите да се забрза поствоената транзиција во земјата кон демократијата, изјави во вторникот еден ...

Бомба на тркала уби 15 италијански војници

Дневник - 13.11.2003

офанзива на ираЧките герилци Петнаесет италијански војници и осум Ирачани вчера загинаа при терористички напад врз базата на италијанските воени сили во ирачкиот град Насирија, јави Ројтерс. Експлозијата на автомобил-бомба ранила уште десетици луѓе.

БЕРЛУСКОНИ ГИ ПОВИКА ИТАЛИЈАНЦИТЕ ДА ОСТАНАТ ОБЕДИНЕТИ

Канал5 - 13.11.2003

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони побара денеска од нацијата и политичките лидери да останат обединети по нападот во Ирак врз италијанска воена единица во кој загинаа 16 италијански војници. “Ако некогаш постоел ден кога треба да се прекин Италијанскиот премиер Силвио Берлускони побара ...

Уништена италијанската база во Ирак, 18 италијански карабињери загинаа

Канал5 - 13.11.2003

Во самоубиствен бомбашки напад во јужен Ирак загинаа најмалку 22 лица, најголем дел од нив припадници на италијанската полиција и војници кои служат во рамките на коалициските сили. Останатите се ирачки цивили. Очевидци велат дека виделе како ц Во самоубиствен бомбашки напад во јужен Ирак загинаа ...

Буш се „нафаќа“ на примопредавање во Ирак

Канал5 - 13.11.2003

Се јавуваат натамошни знаци дека Соединетите држави планираат да го забрзаат префрлањето на власта врз Ирачаните, како што безбедносната ситуација се влошува. Американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон имаше набрзина договорена средба со амери Се јавуваат натамошни знаци дека Соединетите ...

Американски војници убија 5-мина ирачани

А1 - 12.11.2003

Петмина Ирачани се убиени, а четворица ранети синоќа кога американски војници отвориле оган врз камионот во кој Ирачаните се превезувале во Фалуџа, соопшти денеска претставникот на ирачката полиција Асад Абдул Карим. Според Карим, американските единици го блокирале влезот на градот трагајќи по ...

Итни консултации за Ирак во Вашингтон

А1 - 12.11.2003

Главните советници на американскиот претседател Џорџ Буш, кои го губат трпението поради спороста на ирачките преодни власти, одржаа консултации со американскиот цивилен администратор во Ирак Пол Бремер, кој беше итно повикан во Вашингтон.

20 загинати во самоубиствен напад во јужен Ирак

А1 - 12.11.2003

Најмалку 12 италијански војници и 8 Ирачани, загинаа во експлозијата што денеска одекна во штабот на италијанските карабинери, во јужниот ирачки град Насирија, јавија западните агенции. Експлозијата ја предизвикал камион паркиран во непосредна близина на италијанскиот воен Штаб.

Полските војници се потребни во Ирак

Утрински - 12.11.2003

По загинувањето на еден полски офицер ВАВИЛОН - Полскиот премиер Лешек Милер вчера изјави пред полските војници во Ирак дека нивната мисија е од суштинско значење за обновата на земјата и за зачувување на безбедноста на светот, и покрај ризикот со кој се соочуваат.

Ирак во голема здравствена криза

Утрински - 12.11.2003

Предупредување за колапс во окупираната земја БАГДАД - Народот на Ирак во наредните генерации ќе има послабо здравје како резултат на војната, се дознава од еден извештај. Медицинската добротворна организација "Медакт" соопшти дека конфликтот ги прекинал програмите за имунизација и ги уништил ...

Од бомба во Басра загинаа тројца Ирачани

Утрински - 12.11.2003

Нови жртви се бројат во Ирак од нападите на герилците БАСРА - Вчера бомба која беше подметната во една улица во јужниот град Басра разнесе минибус, притоа убивајќи најмалку тројца Ирачани и расфрла делови од тела насекаде по патот во најновиот смртоносен герилски напад во Ирак.

ЦИВИЛНИОТ АДМИНИСТРАТОР НА ИРАК НЕНАДЕЈНО ОТПАТУВА ВО САД

Канал5 - 12.11.2003

Американскиот цивилен администратор за Ирак Пол Бремер денеска неочекувано го напушти Багдад и отпатува во Вашингтон. Полската делегација, која е во посета на Ирак соопшти дека тој ненадејно ја откажал планираната средба со полскиот премиер Леше Американскиот цивилен администратор за Ирак Пол ...

САД преговараат со 14 земји за испраќање на војници ви Ирак

А1 - 11.11.2003

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека САД преговараат со 14 земји за испраќање нивни војници во Ирак и оти во исто време 118.000 Ирачани ја продолжуваат обуката за извршување безбедносни задачи во земјата.

Руските сили во Ирак можат да бидат само миротворци

Утрински - 11.11.2003

Според Игор Иванов, министер за надворешни работи на Русија ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Раководството на Русија воопшто не размислува за испраќање војници во Ирак. Тоа прашање за нас воопшто не е актуелно. Ако состојбата таму се смени во рамките на единиците на ОН, Русија би можела ...

Бремер очекува интензивирање на нападите во Ирак

Утрински - 11.11.2003

Американска администрација БАГДАД - Американскиот администратор Пол Бремер изјави вчера дека ирачките и странските бунтовници ќе ги интензивираат нападите за да ја спречат реконструкцијата, додека во нападот со гранати во текот на викендот загина еден американски војник јужно од Багдад.

Кој ги убива Американците во Ирак?

Утрински - 11.11.2003

Повеќе американски жртви по окончувањето на борбените дејства, отколку за време на војната ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Баатисти, комунистички дисиденти, криминалци, националисти, поранешни ирачки војници, исламски фундаменталисти, терористички организации, сунити, шиити - долга е листата на оние на кои се ...

Американците мобилизираат ирачки специјалци

Дневник - 11.11.2003

багдад Ирачките герилци завчеравечер убиле еден американски војник во градот Искандарја, околу 50 километри јужно од Багдад, јави Ројтерс. Војникот бил припадник на 18-тата воено-полициска бригада и бил убиен со рачен ракетен фрлач.

Бремер: „Во Ирак ќе има се повеќе напади“

А1 - 10.11.2003

„Во Ирак ќе има се повеќе напади и се повеќе тероризам, затоа што терористите согледуваат дека стабилизацијата на земјата се движи во посакуваната насока“, изјави цивилниот администратор Пол Бремер во интервју за лондонскиот весник „Тајмс“.

Судир на војската на САД и курдски бунтовници во Ирак

А1 - 10.11.2003

Американските сили се судриле со курдски бунтовници во северен Ирак, изјави денеска турскиот Mинистер за надворешни работи Абдула Ѓул. Судирите, кои според Ѓул се случиле вчера, се први оружени конфронтации меѓу американски сили и членови на сепаратистичката Курдистанска работничка партија откако ...

ПОЛ БРЕМЕР ПРЕДВИДУВА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ИРАК

Канал5 - 10.11.2003

“Во Ирак ќе има се повеќе напади и се повеќе тероризам, затоа што терористите согледуваат дека стабилизацијата на земјата се движи во посакуваната насока”, изјави цивилниот администратор Пол Бремер во интервју за лондонскиот весник “Тајмс”.