TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Проверките на сведокот за атентатот патуваат пет дена

Утрински - 15.11.2008

Шврговски тврди дека ги чека резултатите од МВР испратени уште во понеделникот. Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски се' уште ги чека резултатите од проверката на наводите на новиот сведок за атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров.

Ќе се обнови истрагата за атентатот врз Глигоров?

Време - 13.11.2008

Јавното обвинителство денеска или утре ќе соопшти дали наодите од истрагата што ја спроведе МВР се доволни за да се обнови истрагата за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Откако го сослуша новопојавениот сведок за атентатот, Обвинителството му наложи на МВР да спроведе дополнителна истрага.

Обвинителите бараат посебно одделение за организиран криминал

Утрински - 12.11.2008

Обвинителите бараат посебно одделение за организиран криминал. Здружението на јавни обвинители ќе иницира измени на законите за кривична постапка и за Јавно обвинителство со цел да се овозможи формирање на специјализирано одделение во Обвинителството за гонење на организираниот криминал.

Правосудна полиција ќе ги води предистражните постапки за криминал

Н.Македонија - 12.11.2008

Здружението на јавни обвинители вчера предложи промена на законите за кривична постапка и за Јавно обвинителство заради поефикасна и понепристрасна борба против организираниот криминал. Според предложените измени, ќе се формира специјализирано одделение во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Зајакната улога на Јавниот обвинител

Алфа - 11.11.2008

Македонија загубила три случаи за кршење на човековите права пред судот во Стразбур затоа што обвинителот не преземал ништо за да ги идентификува полицајците кои биле брутални при приведувањето на тројца македонски граѓани. Обвинителот не се ангажирал и не ја притиснал полицијата целосно да го истражи пречекорувањето на службеното овластување на нивните вработени.

Полицајци-обвинители против полициската тортура

Дневник - 11.11.2008

Полицајци-обвинители против полициската тортура. Правосудна полиција, која ќе биде дел од обвинителството за организиран криминал и корупција, да ги гони вработените во МВР кои се осомничени дека при работењето ги пречекориле своите овластувања, предлага Здружението на јавните обвинители.

Контрола на полициските службеници

Сител - 11.11.2008

Потребен е контролен механизам над органите за спроведување на законот, односно полиција надвор од полицијата. Со измените на Законот за кривична постапка ќе се зајакне улогата на Јавното обвинителство за спроведување на истрага во случаи на полициски пречекорувања на овластувањата и тортура.

„Истрагите за полициска бруталност да ги води оддел во Јавното обвинителство“

Канал5 - 11.11.2008

Истрагите за полициска бруталност и пречекорувања на полициските овластувања наместо МВР, да ги води посебна комисија во склоп на Јавното обвинителство, предлага Здружението на јавни обвинители. Проектот на обвинителите и на ОБСЕ предвидува измена на законите за кривична постапка и за Јавно обвинителство со што ќе се овозможи формирање на специјално тело кое ќе гарантира независност и ...

Наскоро Шврговски треба да соопшти дали ќе отвори истрага за атентатот врз Глигоров

Канал5 - 11.11.2008

За ден до два државниот обвинител Љупчо Шврговски јавно ќе обелодени до какви сознанија стигнала истрагата за атентатот на екс-претседателот Киро Глигоров по објавувањето на сознанијата на сведокот кој тврдеше дека УБК стои зад нападот врз поранешниот претседател и дека фотографијата со автомобилот-бомба , направена ден пред атентатот, не ја сликал германски турист.

Ќе има ли истрага против припадници на ДБК

Сител - 11.11.2008

Извештајот кој вчера го испрати МВР до јавниот обвинител Шврговски сеуште патува до Обвинителството. Се очекува во наредните денови Шврговски да обелодени што изјави новооткриениот сведок и дали според полициската истрага тој ја зборувал вистината.

Заврши проверката на доказите за атентатот на Глигоров

А1 - 10.11.2008

Заврши истрагата за веродостојноста на доказите кои пред десетина дена на Шврговски му ги даде сведокот, за вмешаноста на тајната полиција во атентатот на Глигоров. Полицијата деталите од истрагата сега ќе ги достави до обвинителот. Постои ли вистина во тврдењата на сведокот дека фотографијата од пред 13 години, на која се гледа автомобилот бомба, ја направил тој, а не германски турист, и дали во ...

Изборот на обвинители се претвори во борба на струи и на суети

Н.Македонија - 10.11.2008

Славица Темелковски, обвинителката надлежна за случајот „Пепел“ и за хашкиот предмет „Малтретирани мавровски работници“, нема намера да се јави на повторниот конкурс во обвинителството за организиран криминал и корупција, туку ќе замине да работи во Основното јавно обвинителство во Велес.

Организирано против борбата на суети

Н.Македонија - 10.11.2008

Уште непочнато со работа, новото обвинителство за борба против организираниот криминал и корупцијата почнаа да го тресат скандали - во долгонајавуваната нова институција нема да работат луѓето што со години беа обучувани за да се справат со најсензитивните сфери што ја поткопуваат државата - перењето пари, поткупот, криминалот, мафијата, корупцијата.

МВР ги предаде резултатите на обвинителот Шврговски

Сител - 10.11.2008

МВР му го достави извештајот за истрагата која ја спроведе по негова наредба. Испрашани биле повеќе лица, сегашни и поранешни припадници на ДБК. Проверени биле повеќе документи кои треба да го потврдат или демнтираат исказот на сведокот. Сега обвинителот треба да одлучи дали има основа да отвори истрага за атентатот.

Обвинителството решава за аферата СВЕДОК

Вечер Прес - 10.11.2008

Документацијата за аферата СВЕДОК е вратена во обвинителството. Откако МВР заврши со распитот на лицата кои сведокот за кој пишуваше екс-министерот Љубомир Фрчкоски ги посочи како вмешани во атентатот на претседателот Киро Глигоров. Во Јавното обвинителство вчера ни потврдија дека документацијата е пристигната кај нив, но се уште го немаа разгледано извештајот од истрагата на МВР.