TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ќе се формира ли денеска комисијата за лустрација

Вечер Прес - 16.11.2008

Ќе се формира ли денеска комисијата за лустрација. Членовите на Собраниската комисија за избори и именувања денеска најверојатно ќе го утврди составот на комисијата за лустрација. Власта и опозицијата генерално постигнале согласност околу персоналните решенија.

Кој се плаши од лустрација?

Утрински - 15.11.2008

Лустрацијата го изгуби здивот пред воопшто и да се направи првиот чекор. Наместо Македонија да почне да ја пишува новата страница од поновата историја, процесот што требаше да ја демократизира државата се заглави меѓу конкурсите, партиските штабови и инсталациите на тајните полициски служби.

Лустрацијата падна на првиот испит

Утрински - 14.11.2008

Кај политичките елити е забележлива колебливоста и отсуството на храброст да се спроведува процесот. Оливера Војновска. Претстојните претседателски и локални избори напролет треба да бидат првиот тест за лустрацијата. Сепак, неизвесно е дали од политичката сцена тивко ќе си заминат луѓето кои соработувале со тајните служби поради кариеристички или материјални побуди.

Кодоши секаде, лустрација никаде

Дневник - 13.11.2008

По првиот неуспешен конкурс и пробивањето на сите рокови поради предвремените парламентарни избори, сега власта и опозицијата се надмудруваат кој да ги има мнозинството и раководната позиција во комисијата за лустрација. Стојан Андов: Може се' да се измести ако на изборот на членовите на комисијата се пријде од партиски агол. Комисијата за спроведување на лустрацијата не смее да се поистоветува ...

Кодошите посилни од законот

Дневник - 13.11.2008

Ни власта ни опозицијата не сака да ја спроведе лустрацијата. Барем не во своите редови. Партиите ги избербатија имињата на шеесетината кандидатите за членови на комисијата,која во наредниот петгодишен период ќе треба да ја спроведува лустрацијата, уште неизбрани и неседнати на новите работни места.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од лустрацијата

Дневник - 13.11.2008

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од лустрацијата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од лустрацијата и ќе инсистира законските одредби да се применуваат на претстојните претседателски и локални избори, велат партиски извори. За понеделник е закажана нова, најверојатно последна седница на собраниската Комисија за избор и именувања на која владејачкото мнозинство ќе се обиде да постигне консензус со ...

ДНЕВНИК: Кодоши секаде, лустрација никаде

Нетпрес - 13.11.2008

Комисијата за спроведување на лустрацијата не смее да се поистоветува со другите што ги избира Собранието. Затоа партиите треба да се договорат џентлменски за нејзината апсолутна независност, а не да најдат заеднички јазик за нејзиниот партиски предзнак и да си ги поделат местата во неа, сметаат експертите.

Борба за контрола на лустрацијата

Време - 12.11.2008

Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието влегоа во конфликт за тоа кој да го има мнозинство членови и кој да раководи со комисијата за спроведување на Законот за лустрација, донесен пред десет месеци. Комисијата треба да ја проверува веродостојноста на задолжителните изјави на функционерите дека не соработувале со тајните служби за време на поранешниот режим.

Сите сакаат да си ги скријат кодошите

Вест - 12.11.2008

Власта и опозицијата во Парламентот не можат да се договорот за формирање на комисијата за лустрација, која треба да ги исчисти јавните функционери - соработници на тајните служби. И по 10 месеци и 18 дена, како што изброи вчера иницијаторот на Законот за лустрација Стојан Андов, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште се натегаат кој да има мнозинство во комисијата.

Стојан Андов бара консензус за лустрацијата

Утрински - 12.11.2008

Стојан Андов бара консензус за лустрацијата. Иницијаторот на лустрацијата и поранешен претседател на Собранието, либералот Стојан Андов, вчера ги повика главните политички играчи ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ги наминат несогласувањата и со консензус да ја формираат комисијата што треба да го спроведе овој процес.

Нема абер од лустрација

Форум - 12.11.2008

Нема политички консензус помеѓу власта и опозицијата за формирање на Комисијата за лустрација која треба проверува дали државните функционери соработувале со службите на тајната полиција. Најголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и по десет месеци од донесувањето на Законот и два распишани огласи за членови на Комисијата не можат да се договорат кој да има мнозинство во собраниското тело.

Лустрацијата може да ги „заглави“ изборите

Н.Македонија - 12.11.2008

Кандидатите за градоначалници и за претседател на државата на изборите во март идната година, покрај кандидатурите, до Државната изборна комисија (ДИК) мора да поднесат и изјави дека не биле соработници на тајните служби заверени кај нотар.

СДСМ обвинува за партиска лустрација

А1 - 11.11.2008

Кога требаше да се покажат пред јавноста, сите демонстрираа волја да се раскрсти со темното минато, и сите кои биле шпиони на тајните служби, да не можат да вршат јавна функција. И десет месеци по гласањето, Законот за лустрација не може да профункционира. Наместо независно тело, се води рововска битка меѓу власта и опозицијата кој да има мнозинство и кој да ја раководи Комисијата за лустрација.

„Прочистувањето“ под мраз

Алфа - 11.11.2008

Лустрацијата намерно се блокира, сметаат лица што биле следени од службите. Велат дека за ова постои премолчена согласност меѓу власта и опозицијата. И по 10 месеци од донесувањето на Законот, Комисијата сеуште не е формирана и неможе да отпочне неговата имплементација. Овој Закон допира многу интересни имиња од јавната сцена.

Лустрација се уште само во најава

Алсат-М - 11.11.2008

И десет месеци по усвојувањето на законот за лустрација, политичките партии се уште не можат да се договорат за формирањето на комисијата за лустрација. Недоразбирањата се околу бројот на членовите во комисијата. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обидуваат да доминираат во неа, а двете партии се обвинуваат меѓусебно за спречување на примена на законот. „Зошто не се формира ова тело очигледно е јасно.

Ништо од законот за лустрација

Дневник - 11.11.2008

Ништо од законот за лустрација. Власта и опозицијата не можат да се договорат за бројот на членовите во комисијата што треба да го спроведува Законот за лустрација. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат да имаат мнозинство и да раководат со неа и меѓусебно се обвинуваат за отсуство на желбата за спроведување на „прочистувањето“.Координаторката на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, вчера беше ...

Се уште нема Комисија за лустрација

Канал5 - 11.11.2008

И по десет месеци од донесувањето на Законот за лустрација, нема кој да ги гони кодошите. Власта и опозицијата не можат да ја формираат комисијата која треба да испитува кој соработувал со тајните служби и така просперирал во кариерата. СДСМ бара, од вкупно единаесет членови, опозицијата да делегира пет, вклучувајќи го и претседателското. ВМРО-ДПМНЕ не дава. - ВМРО ДПМНЕ бара апсолутно мнозинство.

Кодошите повторно на кандидатски листи?!

Вечер Прес - 11.11.2008

Бидејќи повеќе од десет месеци се чека на формирањето на комисијата, во пресрет на претседателските и локалните избори идната година не постои орган кој ќе ги верификува изјавите на функционерите дека во минатото не биле соработници на тајните служби. И по повеќе од десет месеци од донесувањето на законот за лустрација, комисијата која треба да ја спроведе сеуште не е формирана.

Сите сакаат да имаат контрола врз лустрацијата

Утрински - 10.11.2008

Амбициозниот проект повеќе од девет месеци тапка во место. Оливера Војновска Лустрацијата - демаскирањето на кодошите и на нивните наредбодавци, иако се најавуваше на големи врати, запна во самиот почеток. Најамбициозниот проект од минатиот собраниски состав, кој и покрај поделеноста во политичките кругови, сепак, беше изгласан со широка политичка поддршка, повеќе од девет месеци тапка во место.