TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Патот до хидроцентралата Матка 2 е најнебезбедниот во државава

А1 - 13.11.2004

Патот, кој води до хидроцентралата Матка 2, е најнебезбедниот во државава, коментираат експертите по вчерашното загинување на градежниот инжинер од ЕСМ, Борко Величковски. Вчерашниот несреќен случај е трет од почетокот на годинава, кога започна да се гради браната.

Загина работник на ЕСМ

Дневник - 13.11.2004

КАЈ БРАНАТА МАТКА 2 Едно лице загинало, а две биле лесно повредени кога врз нивното возило паднал одрон од камења, вчера околу 11.30 часот, на патот кон браната "Матка 2", информираше МВР. Според полицијата, во несреќата загинал Борко Величковски (50) вработен во ЕСМ, кога врз џипот "лада нива", во ...

Еден загинат при одрон на патот за хидроцентралата Матка 2

А1 - 12.11.2004

50-годишниот Борко Величковски загинал, а уште две лица се полесно повредени од големиот одрон на камења кај хироцентралата Матка 2. Настанот се случил околу 11 часот и 30 минути. Според зборовите на работниците, огромен камен рид ненадејно се урнал.

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, А ДВЕ СЕ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌА НА ПАТОТ КОН БРАНАТА “МАТКА 2”

Канал5 - 12.11.2004

Едно лице загина, а две се полесно повредени при одрон на камен на патот кон браната “Матка 2”. Во несреќата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, загина Борко В. (50) вработен како инжинер во ЕСМ, кој бил на работна задача.