TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За Кометал Ѓорче Петров заврши европската одисеја

А1 - 21.03.2004

За Кометал Ѓорче Петров заврши европската одисеја. Норвешкиот Ларвик е во 1/2-финалето од ракометната Лига на шампионките откако во возвратниот натпревар рутински триумфираше со 33:27. Победата е повисока од трите гола кои Кометал како залиха ги понесе од првата средба во Скопје.

Ракометарките на Еуростандард се простија од европската сцена

А1 - 20.03.2004

Ракометарките на Еуростандард Ѓорче Петров се простија од европската сцена со вториот пораз од норвешкиот Ваг Вајперс во возвратниот четвртфинален натпревар од ЕХФ купот, вечерва во Скопје. 33:24 славеше Ваг во салата Кале и го доби двомечот со Еуростандард со вкупни 74:57.

Кометал ЃП верува дека три гола се достижни за влез во полуфиналето

Време - 20.03.2004

РАКОМЕТ - СКОПЈАНКИ УТРЕ ЌЕ ГО ИГРААТ РЕВАНШОТ ОД ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО ОД ЛШ ВО НОРВЕШКА Со поинаква тактика и со доза оптимизам ракометарките на Кометал Ѓорче Петров вчера отпатуваа за Норвешка каде што утре (16,15 часот, МТВ - пренос) ќе го одиграат реванш-мечот со Ларвик од четврт-финалето на Лигата ...

Еуростандард ЃП брка разлика од осум гола со Ваг

Време - 20.03.2004

РАКОМЕТ - КУП НА ЕХФ, РЕВАНШ ОД ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ Со позициска одбрана, брзи додавања и со полуконтри, Еуростандард Ѓорче Петров, македонскиот претставник во Купот на ЕХФ планира да му се спротивстави на норвешки Ваг во денешниот реванш-натпревар од четврт-финалето од овој Куп (СРЦ „Кале“, 19 часот).

Се најавува неизвесен меч до последниот напад

Вест - 20.03.2004

КОМЕТАЛ ЃП ВО ЛАРВИК БРАНИ ТРИ ГОЛА ПРЕДНОСТ ОД ПРВИОТ ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕН МЕЧ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров со три гола предност (25:22) ќе влезат во утрешниот реванш од четврт-финалето на Лигата на шампионите со Ларвик.

Барањето на Кометал е незаконско

Вест - 20.03.2004

ОДГОВОР НА ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ Во врска со барањето на РК Кометал ЃП до Владата на РМ за добивање на СРЦ "Кале" под концесија, се огласи ЈП за стопанисување со спортски објекти во сопственост на државата, оценувајќи ја желбата на клубот како спротивна на позитивните законски ...

Стоп за Ниберг - стоп за Ларвик

Утрински - 20.03.2004

Кометал ЃП утре во Норвешка ќе бие битка за полуфиналето во Лигата на шампионите Роберт Димитриевски Капитенот Гордана Нацева и нејзините соиграчи од Кометал Ѓорче Петров со оптимизам го очекуваат реваншот со Ларвик од четвртфиналето на Лигата на шампионите што утре од 16,15 ч.

Три голмани ќе чуваат три гола

Дневник - 20.03.2004

РАКОМЕТ - ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Кој ќе биде посмирен, ќе се пласира во полуфиналето - вели Милева Велкова Три гола предност некогаш се доволни за пласман, но ниедна разлика не гарантира мирен возвратен меч ако повторно не се одработи целиот меч - вели Андреј Портној, тренерот на ...

На свој паркет е поинаку отколку на туѓ тарафлекс

Дневник - 20.03.2004

РЕВАНШ ОД КУПОТ НА ЕХФ Влезот за денешниот меч (19 ч. СРЦ Кале) е слободен Ниту негативата од осум гола од првиот меч од четврт-финалето на Купот на ЕХФ против норвешки Ваг Виперс не го одвраќа Еуростандард ЃП од мислите за пласман меѓу четирите најдобри.

Слободен влез за мечот со Вог

Вест - 19.03.2004

РАКОМЕТ - ЗА ШТО ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ТРИБИНИТЕ Управата на Еуростандард ЃП реши да ги отвори вратите од СРЦ "Кале" за гледачите за претстојниот реванш-меч од четврт-финалето на Купот на ЕХФ со Вог. Во интерес на што поголема поддршка од трибините за обидот на младите ѓорчепетровки да ја надоместат ...

Добрите игри во гости, адут на Кометал ЃП

Утрински - 19.03.2004

Македонскиот шампион со оптимизам патува на реваншот со Ларвик РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Со капитал од три гола по победата од 25:22 во првиот натпревар минатиот петок и со верба дека разликата е доволна за пробив меѓу четирите најдобри екипи во Европа, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров рано утрово ...

Кометал ЃП утре патува за Ларвик

А1 - 18.03.2004

Пред решавачките натпревари за пласман во европската елита, Кометал и Еуростандард, Ѓорче Петров покрај со тешките подготовки се соочија и со штрајкот на вработените во матичната сала Кале, па тренираат во Автокоманда. Кометал на неделниот натпревар со Ларвик патува утре, Еуростандард во сабота ...

Кометал ЃП го бара „Кале“ под концесија

Време - 18.03.2004

РАКОМЕТ Управата на ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров од Владата на Македонија бара СРЦ „Кале“ да и биде доделен на концесија. Во барањето Кометал ЃП наведува дека комплетно ќе го реновираат „храмот на ракометот“ со сопствени пари.

Кометал го бара "Кале" под концесија

Вест - 18.03.2004

ПОРАДИ КОНСТАНТНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО САЛАТА Со цел конечно од СРЦ "Кале" да направат свој "дом", челниците на Кометал ЃП поднесоа барање до Владата на Република Македонија за добивање на целиот комплекс под концесија. Ова не е нова идеја од редовите на бившиот европски шампион, но сега конечно од клубот ...

Вардарки со најмалку среќа

Вест - 18.03.2004

ЖДРЕПКА ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО ОД ЖЕНСКИОТ КУП Вардар беше малерозната екипа при вчерашната ждрепка за полуфиналните двојки од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција. "Црвено-црните" за противник го добија Кометал Ѓорче Петров, а другата двојка ја сочинуваат Еуростандард ЃП и Тутунски ...

Спасот најден во салата во Автокоманда

Утрински - 18.03.2004

Кометал ЃП и Еуростандард ЃП го решија проблемот со СРЦ "Кале" Преостанатите два македонски претставника во ракометните еврокупови, Кометал Ѓорче Петров во Лигата на шампионите и Еуростандард ЃП во Купот на ЕХФ, за возвратните натпревари од четвртфиналето се подготвуваат во спортската сала во ...

Кометал ЃП - концесионер на СРЦ "Кале"?

Дневник - 18.03.2004

Како што неофицијално дознаваме, раководството на РК Кометал Ѓорче Петров поднел барање до Владата на Република Македонија да му се допушти да го земе СРЦ "Кале" под концесија. Деталите околу ова изгледа се уште не се прецизирани.

Кометал ЃП - Вардар во полуфиналето на Купот

Дневник - 18.03.2004

Во полуфиналните натпревари на Купот на Македонија - жени, ќе играат Кометал ЃП - Вардар, односно Еуростандард - Тутунски комбинат. Ова е резултатот на ждрепката што се одржа вчера во просториите на РФМ. Полуфиналните и финалниот натпревар ќе се одржат во два дена, меѓу 26 и 28 март.

Ѓорчепетровки принудно во Автокоманда

Вест - 17.03.2004

ПОРАДИ ШТРАЈКОТ НА ЈП ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ Двете екипи на Ѓорче Петров, Кометал и Еуростандард, принудно мораа да си побараат нов привремен дом. Тие сега тренираат во "подмладената" сала во Автокоманда, зашто, поради штрајкот на вработените во ЈП за стопанисување со спортски објекти во сопственост ...

Кометал ЃП тренира во Автокоманда

Дневник - 17.03.2004

РАКОМЕТ - ПОРАДИ ШТРАЈКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП Штрајкувачите му дадоа зелено светло на Еуростандард за в петок и сабота Ракометарките на македонскиот ракометен шампион и четврт-финалист во Лигата на шампионите во женска конкуренција, Кометал ЃП ќе тренираат во салата во Автокоманда пред ...

Кометал ЃП, иако платил, нема каде да тренира

Време - 16.03.2004

РАКОМЕТ - ПОРАДИ ШТРАЈКОТ ВО ЈПССО Македонските ракометни шампионки, Кометал Ѓорче Петров и нивната втора екипа Еуростандард ЃП немаат каде да тренираат и покрај тоа што платиле за користење на спортската сала „Кале“ до крајот на сезоната, поради штрајкот на вработените во Јавното претпријатие за ...

Штрајкот ги парализира Кометал и Еуростандард

Утрински - 16.03.2004

Клучот на СРЦ "Кале" контра нашите екипи во еврокуповите Преостанатите македонски претставници во европските ракометни купови, Кометал Ѓорче Петров и Еуростандард ЃП, со обраќање до јавноста реагираат на неможноста да тренираат по вчерашното ставање клуч на СРЦ "Кале" како дел од штрајкот во ...

Блокиран тренажниот процес на Кометал и Еуростандард

А1 - 15.03.2004

Поради штрајкот на вработените во јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во сопственост на државата, повеќе екипи ќе се соочат со проблеми во тренажниот процес. Во најнепријатна ситуација се најдоа Кометал и Еуростандард Ѓорче Петров, кои деновиве не ќе можат да тренираат во ...

Со три гола почетен капитал во Ларвик

Вест - 15.03.2004

ЛИГА НА ШАМПИОНИ КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - ЛАРВИК 25:22 (14:14) СКОПЈЕ. - СРЦ "Кале". Гледачи: 2.000. Судии: Бернд и Рајнер Мете (Германија). КОМЕТАЛ ЃП: Нацева (1 одбранет удар), Борисенко (6), Радченко, Велкова 1, Платон, Бујанова 7 (4-3), Чупиќ, Коцеска 1, Ферзалиева, Тодоровска 2, Партјанко 5, ...

„Банкарките“ во Скопје ќе бркаат разлика од осум гола

Време - 15.03.2004

РАКОМЕТ - ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ ОД КУПОТ НА ЕХФ, ВАГ-ЕУРОСТАНДАРД ЃП 41-33 (22-16) Ракометарките на Еуростандард Ѓорче Петров загубија со 33-41 во првиот четврт-финален натпревар од Купот на ЕХФ, од норвешкиот Ваг, во мечот одигран во саботата, во Норвешка.

Кометал ЃП гради оптимизам на „плус три“

Време - 15.03.2004

РАКОМЕТ - ПРВ ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕН МЕЧ ОД ЛШ, КОМЕТАЛ ЃП - Александра Мазнева Со скриен оптимизам, задоволни од играта во петокот на свој терен ракометарките на Кометал Ѓорче Петров патуваат со три гола предност на реваншот од четврт-финалето од ракометната Лига на шампионки во Ларвик, в недела, откако ...

Работата ќе мора да се доврши во Норвешка

Утрински - 15.03.2004

Кометал Ѓ.П. ја реши во своја корист првата четврфинална пресметка во ЛШ против Ларвик (25:22) САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Кометал Ѓорче Петров со позитива од три гола (25:22) ќе патува на реваншот во Норвешка против Ларвик следниот викенд, резултат кој не остава простор за никакво незадоволство имајќи ги ...

Мотивот е тој што носи победи

Дневник - 15.03.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЗА ЖЕНИ Приновата во тимот на Кометал ЃП, Конгоанката Охоланга - пријатно изненадување Со победата од 25-22 против норвешки Ларвик во првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите, ракометарките на Кометал ЃП повторно покажа дека подобро играат кога пред себе имаат ...