Дванаесетгодишниот Ерхан Долипов од Велес во четвртокот попладне го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во Гостиварско, на патот Долна Бањица - Сушица. Во него удрил "голф" со охридски таблички, управуван од К.Н.(41).
Со ексклузивното гостување на Државната опера и балет од Анкара, со делото "Танго плус/ Кармен" вечерва (20 ч.), во Универзалната сала завршува Меѓународниот фестивал за модерен балет "Танц фест". Балетскиот ансамбл во Скопје ќе се претстави под палката на уметничкиот директор Мехмет Балкан, кој е ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Зоран Шапуриќ, вчера во детската градинка "Срничка", по повод Денот на планетата Земја, 22 Април го промовираше Еко - катчето. Според надлежните во ресорното министерство, тоа е опремено со едукативни нагледни средства и материјали за подигање на ...
(МИА) - Групата "Гринџоли", претставникот на Украина на 50-от јубилеен натпревар за песна на "Евровизија 2005" во Киев, в понеделник во рамките на својата европска промотивна турнеја ќе гостува во Македонија. По тој повод амбасадата на Украина во Република Македонија (на 25април во 11.30 часот, во ...
МОСКВА, 23 АПРИЛ (МИА). - Руската Дума вчера усвои нов закон, предложен од претседателот Владимир Путин, со кој во иднина рускиот законодавен дом, најверојатно, ќе остане без независни кандидати. Според досегашното изборно законодавство, од вкупно 450 пратеници во Думата, 225 се избираа според ...
Преговорите меѓу "Застава" и "Фиат" во последно време се се поинтензивни, па во Крагуевац сите очекуваат дека тоа конечно ќе резултира со почеток на сериска монтажа на "пунто". - Стручни тимови од Торино се почесто се во Крагуевац од што може да се заклучи дека соработката конечно ќе биде обновена ...
Фолк-пејачката Благица Калева, во понеделник, од 20 часот во ресторан “Терминал Траншпед” во Струмица ќе го промовира својот албум "За моите очи четири”, насловен според победничката песна на "Валандово 2004", а посветен на споменот кон трагично загубената ќерка Викторија и сопругот Дине.
Гостувањето на академиците Блаже Ристовски и Никола Кљусев, како и на амбасадорот Димитар Мирчев во телевизиската емисија "Глас на народот" (АТВ), дел од "златните рипки во аквариумот", како што, воопшто, академската фела ја нарече еден од гледачите, навистина беше полн погодок.
Со вчерашната донација на Германската амбасада со чек од 100 000 денари, уште еднаш беше промовиран проектот "Скопска трпеза", кој во нашиот главен град функционира веќе една година, а чија цел е преку делење храна да им се помага на најсиромашните граѓански слоеви.
Со 63 гласови "против" и ниту еден глас "за" од опозицијата, не беше прифатена интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Илинка Митрева, поднесена од пратничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициските партии, бидејќи претседателот на ...
ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ За релативно кратко време од неколку релевантни политички средини, дури и од највисоко државно ниво, беа испратени јасни пораки околу последниот дел од Охридскиот рамковен договор, што се однесува на донесувањето на законот за употреба на етничките симболи.
Јавното правобранителство во функција на застапувач на интересите на државата и натаму ја продолжува правната борба во оспорување на купопродажниот договор меѓу државата и "Мала Богородица" за продажба на земјиште, односно на деветте атрактивни локации што и припаѓаат на Парк-шумата Водно.
Во просториите на Музејот на Град Скопје вчера беше промовиран новиот туристички водич за главниот град насловен како "Прошетка низ Скопје". Станува збор за културен и туристички информатор, кој одблиску ги претставува најзначајните објекти во градот и нуди информации за се што може да се види во ...
Филмот на Дарко Митревски "Балканкан" го собори рекордот на гледаност во македонската кинематографија. Со сто илјади гледачи, што го виделе филмот во текот на неговото тримесечно прикажување во Скопје и уште во неколку македонски градови, тој изби на прво место, пред "Викенд на мртовци" со 82 ...
Со светската праизведба на "Лидија од Македонија" од композиторот Ристо Аврамовски, на 9 мај ќе биде отворено 33. издание на Мајските оперски вечери (МОВ). Приказната позајмена од Библијата, за Лидија - првата покрстена христијанка, ќе ја режира гостинот од Бугарија, Пламен Карталов, а ...
Супер поп-ѕвездата Кајли Миног го отпуштила стилистот заслужен за нејзинот секси имиџ. Вилијам Бекер постигна голем успех кога Кајли во видеоспотот за песната ”Spinning Around” се појави во секси, долна облека, а таков имиџ Кајли го задржа и во следните пет години.
Во јуни "Радо банка" ќе се здружи со Македонска банка, дознава "Вечер" од банкарски кругови. Ова е завршница на повеќемесечниот обид на "Радо банка" да најде стратешки партнер, откако, велат банкарски извори, пропадна обидот за приватизација од страна на бугарската финансиска групација ДЗИ.
Новиот папа потекнува од семејство кое секогаш му служело на Бога и во тој дух сите генерации од семеството Ратцингер ги воспитале и своите деца. Браќата Георг и Јозеф, заедно станаа свештеници во 1951 година, а сестрата Марија целиот живот остана со молитвите покрај братот Јозеф како домаќинка.
Во Детската градинка "Срничка" во населбата Аеродром, денеска во 13.30 часот од страна на министерот за животна средина и просторно планирање, Зоран Шапуриќ ќе биде промовирано Еко - катче, по повод Денот на планетата Земја, 22 Април.
-"Таа" и Ти десет години неразделни, беше мотото на супер журката со која прексиноќа во "Процес" се славеа десетте години на првото списание за тинејџери во Македонија, "Таа". Вистинска забава со многу познати личности, на која најпрво дојбредојде им посакаа симпатичните уреднички Ангела Неновска и ...
Звучи неверојатно, но навистина е така. Преку интернет-страницата www.zieh-fix.com може да се порача нешто од широкиот асортиман алати за провалување во автомобили и за кражба на возила. И тоа не какви било модели, туку најскапи и технички најсовршени модели.
Во салонот на Македонскиот народен театар, вечерва (20 ч.) гостува Народниот театар "Иван Вазов" од Софија, со претствата "Х' шове" во режија на Александар Морфов. - И покрај оперативните проблеми што се појавија околу денот на одржувањето на претставата, сепак со заеднички напори, претставата ќе ...
В сабота во 12 часот, во "Рекорд Рекордс" својот прв студиски албум "Another Dispersion Of Hate" ќе го промовира македонски метал бенд "Нихилист", првото издание на првата македонска метал-издавачка куќа "Metal Forge". Цената на изданието ќе биде 350 денари.
На најновото издание на "Еврокуп" претставници на Македонија беа "Фор плеј" со песната "Те молам не плачи" и го освоија 17. место. Овој пласман доаѓа по серија одлични резултати на македонските песни на ова интернет натпреварување.
Вчераутро околу 6.15 часот во Битола опожарено е патничко моторно возило "југо 55" со битолски регистарски таблични. Автомобилот бил паркиран во гаража, на улицата "Максим Горки". Од пожарот настанало оштетување на задниот дел, а од извршениот увид констатирано е дека над "југото", на неговиот ...
Спотот за песната "Сонце и Месечина" на Александра Пилева веќе се емитува на ТВ-станиците. М2 го продуцираше овој спот, за песната која авторски му припаѓа на Дарко Димитров, а текстот е на Владо Јаневски. Спотот го изработи продукцијата "Томато" под режисерска палка на Бане Поповиќ.
"Здраво на сите, јас сум Ана Никол Смит. Добре дојдовте во мојата неделна колумна во новиот National Enquirer, е текстот со кој плејбоевата зајачица ја почнала својата прва колумна во познатиот магазин. Новата колумнистка му се придружила на магазинот што почнал да излегува во нов дизајн, иако, ...
Кошаркарите на Вардар Осигурување ја пропуштија последната шанса со евентуална победа над МЗТ Скопје 2000 да останат во трката за првото место на табелата, пред стартот на разигрувањето за титулата во кое ќе играат првите четири екипи.
Спектакуларната данска манекенка Анин Бинг, која неколку години се забавуваше со шведскиот фудбалски репрезентативец и член на англискиот Саутемптон, Андерс Свенсон, сврте нов лист во животот. Имено, таа дефинитивно ја раскина нивната врска, а според најновите информации, 20- годишната убавица веќе ...
Ставете вето на каква било резолуција за името на Македонија, која Грците би ја предложиле во Советот за безбедност на Обединетите нации, така ќе и испратите порака на меѓународната заедница дека го поддржувате суверенитетот на Македонија и нејзиниот народ, стои во писмото на Македонската ...
Најголемиот американски специјалист за Русија, Кондолиза Рајс - која во буквална смисла на зборот извонредно зборува руски - среде Москва, со ниеден збор не го удостои домаќинот да проговори на неговиот јазик. Велат дека дури и во неформалните термини од нејзиниот престој во руската метропола не ...
Градската хируршка клиника и Клиниката за ортопедија се селат во Воената болница. Ова индиректно го потврдија во Министерството за здравство, кои велат дека во тек е трансформација на Воената болница. "Објектот останува во јавното здравство.
"Почнав да се дрогирам уште во средношколските денови, од љубопитност, со друштво. Пробав марихуана, стигнав до хероин, а денес сум на метадон. Во "Света Елисавета" ми помагаат да се излекувам". Ова е дел од приказната на еден од зависниците, кој се лекува во струмичкиот дневен центар.
Викендов, поточно во неделата напладне, туристички автобус во кој патниците биле лица од Европската унија, кои имале намера да ги разгледаат убавините на нашата Галичица, поради снежните навеви и одрони на патот буквално заглавил на патниот правец Трпеица-Царина.
Нашиот мал-голем сликар Стефан Плескоњиќ, е новоизбраниот амбасадор на Првата детска амбасада во светот "Меѓаши", меѓународна, невладина, независна, непрофитабилна, хуманитарна асоцијација којашто се грижи за децата и за детските права, со седиште во Скопје.
Излезе од печат книгата "Господе, чувај ме од Интерпол" од авторката Вера Бужаровска, во издание на Ласер-џет. Авторката Вера Бужаровска, досега, зад себе има создадено преку триесет дела за деца и возрасни, поезија и проза, а автор е и на десетина филмски остварувања.
И вчера претпладне не излезе црн чад од оџакот на Систинската капела, што покажува дека по двете утрински гласања кардиналите не успеале да изберат нов папа. Истото се случи и завчеравечер на првото гласање ,кое ќе се запамети по сивиот чад кој направи забуна меѓу наспбраните верници.Синојќа ...
Специјалната болница за Гинекологија и акушерство "Чаир" во Скопје ја напуштаат петмина врвни доктори, кои се селат во новоотворената прва приватна општа болница "Ре-медика" во скопска Железарница. Во пакет со нив заминуваат и најмаку 10 сестри и друг средномедицински кадар, пред се од оперативниот ...
"Привремениот" објект на булевар "Југославија" изграден пред две години се уште предизвикува револт и сомневање кај жителите дека не се работи за привремена, туку за трајна градба заради која тој простор никогаш нема да се зазелени иако тоа е предвидено со деталниот урбанистички план.
Министерката за правда, Мери Младеновска Георгиевска и јавниот обвинител, Александар Прчевски в понеделник заминуваат во дводневна официјална посета на Хашкиот трибунал. -Целта на посетата е во рамките на соработката на Македонија со Хашкиот трибунал, а ќе се разговара за актуелните предмети за ...
Народната банка на Македонија е во голема "була". Како што дознаваме, највисоката монетарна институција во земјава ланската година ја завршила со минусно салдо од дури 1,5 милијарди денари или околу 24,4 милиони евра. Ова вчера за "Вечер" го потврди кабинетот на гувернерот на НБРМ, Петар Гошев, а ...
Саемот за телекомуникации и информатичка технологија "Инфоком", кој со години наназад беше еден од најинтересните и најпосетените, годинава се одржува во скромно издание - само во две саемски хали и првпат без доминантите оператори во земјава - "Македонски телекомуникации" и "Мобимак".
Непознат сторител меѓу 15 и 18 овој месец, од магацин на фирмата "Хидро инжинеринг керамикс" на улица " Ново изградена" во Скопје украл поголема количина електрични алати. Полицијата во вторникот направила увид и трага по крадецот. Вкупната материјална штета се проценува на 300.000 денари.
Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), за прв пат годинава, распиша јавен повик за предлагање на можни добитници и воведе новини при доделувањето на наградата "Андреја Дамјанов". Наградата, која се доделува по 16 пат, претставува највисоко признание од областа на архитектурата, кое се им ...
Новиот градоначалник на Скопје Трифун Костовски, вчера одржа работен ручек со првите луѓе на општините Карпош и Чаир, Андреј Петров и Изет Меџети. Со ова тој ги заокружи средбите со сите скопски градоначалници, со кои, како што додава, смета дека ќе има плодна соработка.
Турчинот Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година изврши неуспешен атентат врз папата Јован Павле Втори, во Истанбул го повика Ден Браун, автор на романот "Кодот на Да Винчи", заедно да го напишат продолжението на светскиот бестселер, изјави Мустафа Демирбаг, адвокат на Агџа.
Изминатиов викенд во престолнината на Србија и Црна Гора, Белград, помина во знакот на одбележувањето на празникот на градот. Меѓу низата културно-уметнички, како и забавни манифестации, доделувањето на "Награди на градот Белград" за 2004 година, најголем интерес меѓу жителите предизвика неделната ...
Лидерот во првенството во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо може да очекува рекорден број љубители на овој спорт на шпанската Гран-при трка, што ќе се вози на 8 мај, бидејќи билетите се веќе продадени. Три недели пред викендот на Формула 1 во Каталонија, организаторите најавуваат дека трката ќе ...
Маријан Стојановски, најверојатно, песна од неговиот композитор Григор Копров ќе пее на "Сунчане скале 2005". До крајот на мај треба да излезе вториот албум, со десет песни од Копров, текстови на Агим Јонуз и аранжерски дотерани од Ѓоко Мишковски, Владимир Дојчиновски-Дојчин и Слободан Марковиќ.
Новиот авион "лирџет 60", кој Владата го купи за државни потреби, како и што беше претходно најавено од владината служба за општи и правни работи, викендов "инкогнито" пристигна во Македонија. Директорот на оваа служба, Горан Минчев, неодамна за "Вечер" најави дека привршува обуката на трите пилоти ...
Средбата на премиерот Бучковски со грчкиот бизнисмен Димитрис Контоминас, кој до лани беше акционер во Телеком, не дала никакви резултати. Премиерот во петокот најави дека го очекува Контоминас со порака од Матав, меѓутоа, она што може да се дознае е дека грчкиот бизнисмен не донел порака, туку ...
Хит- песната "Зошто не и јас" на Ирена Спасовска, се визуелизира. Во амбиентот на ресторанот "Ден и ноќ", со продукцијата "Фрејм" Ирена го снима видеоспотот, во кој ќе доминира и еден убав автомобил. - Отсега натаму ќе ме гледате во ново издание, открива накусо.
Европската унија ќе интервенира за името? Ова меѓу редови го најави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јанис Валинакис, кој по средбите во шефовите на дипломатииите на ЕУ во Луксембург изјави дека следните неколку дена во Скопје ќе пристигне делегација на Европската унија за да разговара ...
ВАТИКАН, 18 АПРИЛ .- Денеска во Сикстинската капела почнува тајниот избор на нов папа. Процените за тоа колку би можел да трае "изборниот маратон" и кој ќе биде новиот папа се различни и за нив во изминативе денови многу се шпекулираше во светската јавност.