TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД и Русија потпишаа договор за влез на Москва во СТО

Макфакс - 09.11.2006

Ханој САД и Русија го потпишаа денеска билатералниот договор со кој се отвара патот за влез на Москва во Светската трговска организација (СТО), по повеќе од десет години преговори. Договорот ја отстранува една од последните препреки за прием на Москва во светската организација.

Буш и Путин на форум на АПЕК

Макфакс - 08.11.2006

Ханој Годишен самит на Форумот за економска соработка на земјите од Азија и Пацификот (АПЕК) започнува денеска во Ханој, престолнината на Виетнам. На дводневниот форум ќе учествуваат и претседателите на Соединетите Американски држави (САД) и на Русија, Џорџ Буш и Владимир Путин.

Започна самитот на АПЕК

Макфакс - 08.11.2006

Ханој Годишен самит на Форумот за економска соработка на земјите од Азија и Пацификот (АПЕК) започна во Ханој, престолнината на Виетнам. На дводневниот форум учествуваат и претседателите на Соединетите Американски држави (САД) и на Русија, Џорџ Буш и Владимир Путин.

Русија најавува поширока интеграција во АПЕК

Макфакс - 07.11.2006

Ханој Русија денеска ја изложи својата економска моќ пред почетокот на Самитот на држави на АПЕК, во Ханој и објави дека тежнее кон нови извозни пазари во регионот, користејќи ги резервите на гас и нафта. „Русија ја сврти другата глава на орелот кон Азија“, изјави високиот официјален економски ...

Храната - нова цел на терористите

Макфакс - 07.11.2006

Ханој Меѓународната заедница ќе мора да одговори на новите облици на терористички закани, какви што се труење со храна и вода, се наведува во извештајот за кој, меѓу другото, во Ханој, за време на викендот ќе расправаат присутните на Форумот за соработка на Азија и Пацификот.