TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Собранието утре ќе расправа за економски теми

А1 - 11.11.2001

Спикерот Стојан Андов реши собранието утре да расправа за економски теми, а не за уставните измени, како што беше договорено, со што дефинитивно се пробива и последниот договорен рок за изгласување на амандманите. 86-та седница на собранието, со расправа и усвојување на амандмание на уставот, ќе ...

СДСМ нема да учествува во какви било меѓупартиски договори

А1 - 11.11.2001

СДСМ чиј потпретседател на повик на ВМРО - ДПМНЕ денеска требаше да учествува на меѓупартиските разговори со владеачката партија околу усогласување на ставовите на двете партии во поглед на прашањето на предлог преамбулата, соопшти денеска дека го „смета за затворено прашањето на измените на ...

Дебата за амандманите денеска немаше

А1 - 10.11.2001

Се поочигледно станува дека собранието нема да го запази рокот за прогласување на уставните измени, особено по денешното одложување на собраниската седница за в понеделник. На два пати беше направен обид да се почне со работа.

Незамисливо е албански пратеник да не гласа за амандманите

А1 - 10.11.2001

Специјалниот пратеник на САД, амбасадорот Џејмс Пердју во кусото интервју за радиото „Гласот на Америка“ ги повика сите пратеници во македонскиот парламент, без оглед на нивната етничка припадност, да гласаат во полза на уставните амандмани, вклучувајќи ја и последната верзија на текстот на ...

ПДП се бори за нова, Климовски за постојната, Хаџиреџа да нема преамбула

Дневник - 10.11.2001

СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ПОД ПОЛНА ПАРЕА Се очекува пратениците денеска и утре да ги утврдат, а можно в понеделник и да ги усвојат уставните амандмани Партијата за демократски просперитет на продолжението на собраниската седница вчера упати остри критики за текстот за преамбулата предложен од ...

Продолжи дебатата за амандманите

А1 - 09.11.2001

Уште еден драматичен ден во Собранието, кој, за жал, не донесе никакви промени во усвојувањето на амандманите за промена на уставот. Седницата беше прекината во 14 часот и очекувањата за нејзиното продолжение не се остварија. На барање на ПДП таа е презакажана за утре.

Просперитетот останува против Преамбулата и религијата

Вест - 09.11.2001

ПДП НЕ ГИ СЛУША СУГЕСТИИТЕ НА ЗАПАД "Не можеме да имаме разбирање за измените во Рамковниот договор што се направени преку ноќ и зад нашиот грб", вели координаторот на ПДП Насер Зибери Пратениците на ПДП ќе гласаат против амандманите за Преамбулата и за религијата, кога тие ќе дојдат на изгласување ...

В понеделник ќе се прогласат уставните промени?

Дневник - 09.11.2001

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС ФИНИШИРА ПДП не ги поддржува амандманите за преамбулата и за положбата на верските заедници, но се очекува пратениците од оваа партија да гласаат за промените Се очекува пратениците в понеделник да ги прогласат уставните амандмани.

Рововска битка меѓу партиите на Џафери и Имери

А1 - 08.11.2001

По разочарувањето од ставот на генералниот секретар на НАТО Робертсон, кој вчера ги повика ПДП да го прифатат амандманот за преамбулата, пратеничката група на оваа партија денеска одржа координација на која го потврди ставот против преамбулата, со најава - ако притисокот продолжи, ќе ги отстапат ...

Според ПДП Ахмети станал истурен играч на Џафери

А1 - 08.11.2001

Средбата меѓу политичите лидери на ДПА, ПДП и НДП Џафери, Имери, Хаџиреџа со политичиот водач на паравоената ОНА Али Ахмети во тетовскто село Шиповица закажана за денеска нема да се одржи. Причината што лидерите на албанските партии нема да се сретнат со Ахмети е што ПДП го откажала своето ...

Пресметливите предлози на ПДП владееја со денешната собраниска дебата

А1 - 08.11.2001

Собранието денеска ја продолжи дебатата за амандманите на Уставот на Македонија, што врз основа на рамковниот договор постигнат во Охрид ги предложи претседателот Борис Трајковски. Вечерва се очекува да заврши претресот по сите 15 предлог амандмани.

Измените на уставот ќе бидат усвоени до 12-ти ноември

А1 - 07.11.2001

Измените на уставот да бидат усвоени до 12-ти ноември, ПДП да ја заборави идејата за нова преамбула, а СДСМ да не ја напуштаат коалицијата додека не се заокружи политичкиот процес, е резимето на денешната посета на генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Утре нова чајанка во Шипковица

А1 - 07.11.2001

Лидерите на ДПА, ПДП и НДП, Џафери, Имери и Хаџиреџа утре во тетовското село Шипковица повторно ќе се сретнат со политичкиот водач на паравоената ОНА, Али Ахмети. На средбата албанските лидери и Ахмети, меѓу другото, ќе разговараат за донесување на законот за амнестија, за најновиот развој на ...

Пратениците на ПДП се закануваат со колективна оставка

Вест - 07.11.2001

РОБЕРТСОН ДЕНЕС ПОВТОРНО ВО СКОПЈЕ Ако меѓународната заедница продолжи да врши притисиок врз ПДП за да ја прифати најновата формулација на Преамбулата, тие, во знак на протест, ќе поднесат колективна оставка во Собранието Пратеничката група на ПДП, вчера се закани дека ако претставниците на ...

ПДП, по налог на Ахмети, отвора нов фронт за преамбулата

Дневник - 07.11.2001

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС ПРЕД НОВИ ИСКУШЕНИЈА Трајковски од лични причини ја наброил и Евангелско-методистичката црква, која според бројот на верниците, е дури осма меѓу верските заедници, забележа Никола Поповски од СДСМ Раководството и пратеничката група на ПДП останува на ставот оти ...

Изненаѓени и увреѓени

Дневник - 07.11.2001

Коментар - Слаѓана Димишкова ПДП и НДП доцна се сетија да ги оспоруваат амандманите за преамбулата и за верските заедници. Можеме да разбереме зошто тоа го прави ситниот трговец на партиски кадри и радикален ловец на рејтинг Кастриот Хаџиреџа.

Продолжение на седницата за уставни промени

А1 - 06.11.2001

Собранието по паузата ја продолжи осумдесет и шестата седница посветена на утврдување и усвојување на пакетот од 15 амандмани за уставни промени. Парламентарната расправа беше насочена на предлог амандманот седум, кој се однесува на вероисповедта, односно верските заедници.

Ден пред пристигнувањето на Робертсон - ПДП со предлог закон за амнестија

А1 - 06.11.2001

Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон се очекува утре да допатува во еднодневна посета на Македонија со цел на македонскиот државен и политички врв да му сугерира поефикасно да го заокружи политичкиот процес и имплементацијата на охридскиот рамковен договор.

Просперитетот нуди нова формулација на Преамбулата

Вест - 06.11.2001

ПДП НЕ САКА АЛБАНЦИТЕ ДА БИДАТ ИСТИ СО ДРУГИТЕ НАЦИОНАЛНОСТИ Во едната верзија се предлага по синтагмата македонскиот народ, да се додаде "претставниците на албанскиот народ во Македонија", а по неа би можеле да се редат и припадниците на другите националности во ...

Македонскиот Колтрејн

Дневник - 06.11.2001

Колумна - Љубомир Д. Фрчкоски Преамбулата што сите (освен ПДП) ја оценија како подобра од претходните предлози, нашиве "лутајуча срца" ја оценија како несоодветна со нормативниот дел, гола декларација, и со тоа во основа погрешна (ПДП веднаш ги поддржа, нормално).

ЕУ и САД не поддржуваат нови предлози за промена на Уставот

Дневник - 06.11.2001

ДОДЕКА СЕ ГОТВАТ НОВИ ВЕРЗИИ НА ПРЕАМБУЛАТА Ова во писмо до Трајковски го потврдил американскиот државен секратар Паул, според кого потписниците на рамковниот договор се договориле за текстот на преамбулата ЕУ и САД не поддржуваат нови разговори и нови предлози за амандмани на Уставот и за нив тоа ...

ПДП остана сама во идејата за нова преамбула

А1 - 05.11.2001

По викендот во Шипковица, од кој се очекуваше ПДП да ги прифати сугестиите на Ахмети и Џафери и да отстапи од противењето на компромисната преамбула со што ќе се забрза процесот на усвојувањето на уставните измени, партијата на Имери се уште тактизира.

САД очекуваат брзо усвојување на уставните измени

А1 - 05.11.2001

САД очекуваат брзо усвојување на уставните измени, вклучувајќи ги и последните компромиси за преамбулата и за членот за религијата. Оваа порака ја пренесува американскиот државен секретар, Колин Пауел во возвратното писмо до претседателот Борис Трајковски, кој на 24-ти октомври со писма до Буш, ...

Собраниската говорница окупирана од пратениците на ПДП

А1 - 05.11.2001

Собранието на Македонија ја продолжи осумдесет и шестата седница на собранието посветена на утврдување и усвојување на пакетот од 15 амандмани за уставни промени. На говорницата главно пратениците од пратеничката група на ПДП.

Нови преговори за кој и да е дел од договорот нема да има

А1 - 05.11.2001

Претседателот Борис Трајковски денеска на специјалниот пратеник на Европската Унија во Македонија, Ален Ле Роа му го пренесол ставот дека уставните измени ќе имаат смисла само ако за нив гласаат најмалку две третини од пратениците Албанци во собранието.

Ахмети с’ уште ги диригира потезите на Џафери, Имери и на Хаџиреџа

Дневник - 05.11.2001

ЛИДЕРИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ НА ПОКЛОНЕНИЕ ВО ШИПКОВИЦА Според "упатствата" од разговорите во Шипковица, се најавува дека ПДП и НДП ќе ги прифатат амандманите за преамбулата и за верските заедници Арбен Џафери, Имер Имери и Кастриот Хаџиреџа, лидери на албанскиот блок партии, викендот го поминале во ...

За Имер Имери

Дневник - 05.11.2001

Колумна - ЈОВАН ДОНЕВ Да гради стратегија, доцна е. Изборите се пред врата. Да бара нови права. Тешко дека некој воопшто ќе го разбере сериозно. Останува само да тера инает. Од заштитник на албанската кауза во Македонија сега станува поборник за граѓанска држава.