TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Експлозијата во Струга напад на уставниот поредок

А1 - 19.02.2003

Нападот на судот во Струга е напад врз уставниот поредок на Македонија, настан кој е насочен кон независноста и самостојноста на судската власт како еден од столбовите на Македонија како самостојна и суверена држава, е оценката на Врховниот суд, кој расправаше за терористичкиот напад на Основниот ...

Кај уапсените најдени експлозив, оружје и војнички униформи

Вест - 19.02.2003

СЕ РАСВЕТЛУВА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВРЗ СУДОТ ВО СТРУГА Директен изврширител на терористичкиот напад врз струшкиот суд е Р.А. од струшкото село Долна Белица, уапсено е уште едно лице, а полицијата е влезена во трагата и на трет извршител Р.А.

Стружани очекуваат притворените да се изведат пред судот на правдата

Утрински - 19.02.2003

По силната експлозија во Основниот суд во Струга СТРУГА - Експлозијата на моќната направа поставена на еден столб од Основниот суд видно ги вознемири стружани, но го отвори и прашањето кој се крие зад овој терористички напад.

За МВР не постои АНА

Дневник - 19.02.2003

Нема докази за постоење на Албанската национална армија на теренот. Станува збор само за вооружени криминални групи што се појавуваат облечени во униформи. Министерството за внатрешни работи располага со сознанија за овие групи, кои дејствуваат во Кумановско, Тетовско, Гостиварско и во Струшко.

За МВР струшките бомбаши се уште без политички мотив

Дневник - 19.02.2003

по нападот на струшкиот суд Полицајците од приведените заплениле експлозив доволен да урне зграда голема колку македонското Собрание, а нивната терористичка намера и пиротехничка стручност ја докажуваат четири импровизирани бомби скриени во мобилни телефони На македонската полиција се уште не и е ...

Кривична пријава против едно лице за струшката експлозија

А1 - 18.02.2003

Основното јавно обвинителство од Струга денеска поднесе кривична пријава против едно лице од струшкото село Долна Белица за сторено кривично дело тероризам, во подготовка е уште една, за соучество во извршен терористички акт, против лице од селото Велешта, трето лице се уште се испитува, а две лица ...

Чолаковски: Експлозивот во Струга е ист како оној во Куманово

Вест - 18.02.2003

Владата вчера најостро го осуди минирањето на Основниот суд во Струга и го окарактеризира како класичен терористички чин. Според владиниот портпарол Сашо Чолаковски, во нападот на струшкиот суд учествувала "мрежа од пет учесници".

Судот во Струга работи нормално

Вест - 18.02.2003

Искршените прозорци на Основниот суд во Струга се заменети со нови стакла, извршена е санација на оштетениот дел од зградата, а судските служби речиси нормално ги вршат своите редовни активности, ни потврдија од Струшкиот суд, кој беше мета на терористички напад во петокот навечер кога зградата во ...

Експлозивите во Струга и Куманово се од ист тип

Утрински - 18.02.2003

Коалициските партнери во Владата го окарактеризираа нападот во Струга за терористички акт Бомбашкиот напад врз зградата на Основниот суд во Струга е класичен терористички чин и претставува атака врз уставниот поредок на земјата, е оцена на сите коалициски партнери во Владата дадена по вчерашната ...

Уапсени пет лица поврзани со експлозијата во Струга

А1 - 17.02.2003

Пет лица се уапсени вчера во раните утрински часови кога полицијата извршила неколку претреси во Струга и струшките села. Кај едно од лицата се пронајдени делови од пластичен експлозив, апарати за мобилни телефони, броеви и записи кои, според истражните органи, го поврзуваат директно со ...

Пеколна порака од подземјето до власта

Вест - 17.02.2003

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА РАЗНЕСЕ ДЕЛОВИ ОД ОСНОВНИОТ СУД ВО СТРУГА МВР нема сознанија за видот на екплозивот и за начинот на кој бил активиран, а уште помалку за извршителите и нарачателите. Неофицијално експлозијата се поврзува со неодамнешното лишување од слобода...

АНА ја презеде одговорноста за експлозијата во судот во Струга

Утрински - 17.02.2003

СООПШТЕНИЕ Скопје - Одговорноста за експлозијата во Основниот суд во Струга ја презеде т.н. Албанска национална армија (АНА), се вели во соопштение објавено на Интернет-страницата на таа организација. "Штабот на дивизијата 'Скендербег' на АНА соопштува дека во раните утрински часови на 15 февруари ...

Силна експлозија го разнесе општинскиот суд во Струга

Утрински - 17.02.2003

Голема материјална штета од активирана експлозивна направа поставена до носечкиот столб на струшкиот суд СИМОН ИЛИЕВСКИ СТРУГА - Во Струга во текот на викендот централна тема за разговор и видна загриженост беше терористичкиот напад врз зградата на Основниот суд.

Дивизијата Скендербег ја презеде одговорноста за бомбата во Струга

Дневник - 17.02.2003

ПО експлозиЈата во судот "Албанската национална армија" вчера ја презеде одговорноста за подметнатата бомба која експлодира во Основниот суд во Струга во петокот пред полноќ. Со вчерашното "соопштение број 21" штабот на "дивизијата Скендербег" побара "славомакедонските колонизатори" да не апсат ...