TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Новицки најдобар сезонава за прв пораз на Шекил во Мајами

Време - 13.11.2004

НБА - РЕГУЛАРНА СЕЗОНА Дирк Новицки постигна 41 поен, рекордни во НБА сезонава, а Маркис Даниелс стартуваше со 14 од своите 22 коша во првата четвртина за победа на Далас маверикс со 113-93 над досега непоразениот Мајами хит.

Новицки со 41 поен ги олади "жешките"

Утрински - 13.11.2004

Далас му го нанесе првиот пораз на единствениот тим со максимален скор Мајами (113:93) Губејќи од Далас во својата сала со убедливи 20 поени разлика (93:113), Шекил О'Нил и неговите соиграчи од Мајами првпат сезонава го напуштија паркетот со наведнати глави, со што нема веќе тимови со совршен скор ...

Новицки се погрижи да падне и Мајами

Дневник - 13.11.2004

НБА Далас, предводен од германскиот интернационалец Дирк Новицки, кој реализира 41 поен и 10 скока, му го нанесе првиот пораз во новата сезона на Мајами хитс, победувајќи со 113-93. Повеќе нема непоразена екипа во НБА-лигата во новата сезона.

Прв пораз на Мајами во новата НБА сезона

А1 - 12.11.2004

Мајами Хит го доживеа првиот пораз во новата НБА сезона. По четирите стартни победи, Жешките засилени со Шекил О' Нил добија вистинска кошаркарска шлаканица од Далас, кој на нивни терен ги победи со 20 коша разлика. Маверикс триумфираа со 113:93, во натпреварот во кој нивниот главен играч Дирк ...

Прекинати сериите на Јута, Феникс и Индијана

Утрински - 12.11.2004

Мајами остана единствениот непоразен тим во новата НБА сезона По домашниот пораз на Јута од Репторси, на Феникс во Кливленд и тешкото страдање на Пејсерси на сопствениот паркет од Клиперси, Мајами на Шекил О'Нил остана единствената непоразена екипа во новата сезона.

Далас и Јута не запираат

Време - 10.11.2004

НБА - РЕГУЛАРНА СЕЗОНА Далас и Јута го задржаа стопроцентниот ефект во НБА, откако Маверикс го совлада Голден Стејт со 101-98 по едно продолжение, додека Андреј Кириленко беше одличен во секој аспект од играта во триумфот на „џезерите“ над Денвер со 101-92.

Совршена свирка на "џезерите"

Утрински - 10.11.2004

Јута против Денвер (102:91) ја забележа четвртата победа во исто толку мечеви сезонава Шампионот Детроит дури по две продолженија ги надигра Клиперси на гостувањето во Лос Анџелес Тимот на Јута и по двобојот со Денвер (102:91) го одржа совршениот скор - четири средби, четири триумфи.

Далас и Јута не знаат за пораз

Дневник - 10.11.2004

НБА Јута џез вчераутро го победи Денвер нагетс со 102-91, и со учинокот од 4-0, го има најдобриот свој старт на една НБА-сезона во последните десетина години. На сите четири средби, Јута постигна повеќе од 100 поени, и сите победи беа изразени со двоцифрена разлика.

ДАЛАС И ЈУТА СО ПО 4:0

Вечер Прес - 10.11.2004

Во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот се одиграа сами три натпревари во НБА лигата по што две екипи, Далас Маверикс и Јута Џез стигнаа до одлични 4:0 во победи. Маверикси дури по 53 минути игра ги совладаа "воините", а добрата партија на Дирк Новицки (25 поени, 10 скокови) и Мајкл Финли (17 ...

Најлош старт на Кингси во последните седум години

Утрински - 08.11.2004

Сакраменто го загуби и третиот меч во новата сезона, во гости против Хјустон (101:104) Во највозбудливиот натпревар ноќта меѓу сабота и недела, Хјустон по продолжението го совлада Сакраменто (104:101), кој за првпат по седум години ја почна сезоната со три порази едноподруго.