TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Романија бара од Брисел да се произнесе по италијанскиот указ, кој дозволува протерување на граѓани

Канал5 - 09.11.2007

Романскиот министер за внатрешни работи Кристијан Давид го повика еврокомесарот Франко Фратини, одговорен за правда, слобода и безбедност, да се произнесе за законитоста на италијанскиот указ, со кој беа протераа неколку десетици Романци од Италија.

Неколку десетици Романци протерани од Италија

А1 - 07.11.2007

Неколку десетици Романци се протерани од Италија, откако италијанската Влада минатата седмица итно донесе указ со кој го олесни протерувањето на државјани на земји-членки на ЕУ обвинети за криминални дела, јави Франс-прес. „Протерувањата од минатите денови се однесува само за ограничен број луѓе и ...

Брисел ја поддржа уредбата на Рим за протерување на Романците

Дневник - 07.11.2007

Европската комисија ја поддржа новата уредба што ја усвои Италија за протерување на граѓаните на Европската Унија. Одредбата ќе се спроведува само доколку се исполнат строгите услови за нејзина примена, кои нема да доведат до дискриминација на граѓаните, соопштија претставници на ЕК.

Италија протерува Романци со криминално досие

Утрински - 06.11.2007

Протерани романски имигранти РИМ - Италијанските власти почнаа со депортирање на романски имигранти со криминални досиеја, според контроверзниот нов закон за сузбивање на криминалот. Потегот беше поттикнат од убиството на една жена во Рим, наводно од страна на романски илегален имигрант.

Италија депортира Романци

Дневник - 06.11.2007

Властите ја срамнија со земја дивата населба Тор ди Кинто, на периферијата на Рим, во која живеел Романец обвинет за убиство Италијанските власти почнаа со депортирање романски имигранти со криминално досие, со што почнаа да го применуваат контроверзниот закон за борба против криминалот.

ЕК ја поддржа уредбата на Италија за протерување

Макфакс - 06.11.2007

Брисел Европската комисија (ЕК) ја поддржа новата уредба што ја усвои Италија за протерување на граѓаните на Европската унија (ЕУ). Одредбата ќе се спроведува само доколку се исполнат строгите услови за нејзина примена, кои нема да доведат до дискриминација на граѓаните, соопштија претставници на ...

Депортација на романски државјани

Вечер Прес - 05.11.2007

Без судење се депортирале само романски државјани со криминални досиеја Локалните власти во италијанскиот град Милано од прексиноќа почнаа со депортација на романски државјани кои имаат криминални досиеја, како одговор на порастот на криминалот што им се припишува на се поголемиот број имигранти.

Романскиот премиер ќе ја посети Италија во врска со имигрантите

Макфакс - 05.11.2007

Рим Романија и Италија објавија дека романскиот премиер ќе го посети Рим, оваа недела во обид да ги намали тензиите по убиството на Италијанка, за чиј извршител се смета романски имигрант. Тројца Романци беа нападнати со ладно оружје во петокот во околината на Рим.