TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардар Про се пласираше во КПК

А1 - 13.11.2004

Македонскиот ракометен шампион Вардар Про еден месец повеќе во Европа откако одирга реми 22:22 со Констанца во решавачкиот натпревар за 3.место во групата 1 од шампионската лига кое носи пласман во 1/8-финалето од КПК. Натпреварите меѓи 16 најдобри во ова натпреварување се закажани за првата ...

Во КПК се бара утеха

Вест - 13.11.2004

СО МЕЧОТ СО КОНСТАНЦА, ВАРДАР ДЕНЕСКА ГО ЗАВРШУВА НАСТАПОТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Кога веќе не умееја да ја искористат шансата и за првпат откако настапуваат во Лигата на шампионите да ја минат групата, вардарци денеска ќе побараат утеха во евентуалната победа над романскиот првак Констанца.

Вардар Про и Констанца се борат за пласман во КПК

Време - 13.11.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ, А-ГРУПА Победникот од денешниот натпревар меѓу Вардар Про и романската Констанца (СРЦ „Кале“, 18 часот, МТВ-пренос) ќе го реши патникот во европскиот Куп на победниците на куповите (КПК), откако другите две екипи од квалификациската група А, Пик Сегед и Барселона, веќе ...

Преку Романците до осминафиналето на КПК

Утрински - 13.11.2004

Вардар Про попладнево домаќин на Констанца во 6. коло од групата А во ЛШ САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Со победнички амбиции екипите на Вардар Про и Констанца влегуваат денешната нивна меѓусебна пресметка (СРЦ "Кале", 18 часот) во групата А од Лигата на шампионите која ќе го даде името на патникот во ...

Вардар преку Костанца во КПК

Дневник - 13.11.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ 6. КОЛО На скопјани им е доволен и нерешен резултат во вечерашниот дуел во СРЦ "Кале" (18 ч.) за да останат на евросцената Вардар го дочекува последниот меч во Лигата на шампионите против романската Констанца со надеж дека ќе обезбеди продолжен престој на евросцената, но ...

Вардар Про очекува да го продолжи престојот на европската сцена

А1 - 12.11.2004

Македонскиот ракометен првак Вардар Про очекува сепак да го продолжи престојот на европската сцена, со триумф над Констанца утре, во последното шесто коло од групата во шампионската лига. Пласманот во Купот на Победниците на Куповите би бил рехабилитација за срамниот пораз од Барселона.

Вардар и со половина тим пресилен за Југ

Вест - 11.11.2004

МОБИМАК МАШКА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА ВАРДАР - ЈУГ КУМАНОВО 37:26 (21:12) СКОПЈЕ. - СРЦ "Кале". Гледачи: 100. Судии: Марјан и Драган Начевски (Скопје). ВАРДАР: Петковски, Даскалоски, Стојановиќ 5, Анастасовски 8, Вучиќевиќ 3, Јоноски, Митровиќ 2, Мирицки, Марковски 7, Стојчевски 1, Колев 4, Ангелоски, ...

Вардар лесно го победи Југ Куманово

Време - 11.11.2004

РАКОМЕТ - МОБИМАК-СУПЕРЛИГА Македонскиот двоен ракометен првак Вардар Про лесно го совлада Југ Куманово со 37-26 (21-12) во заостанатиот натпревар од 6. коло од машката Мобимак-суперлига. „Црвено-црните“ направија голема разлика уште во првите минути, а потоа ја одржуваа.

Лесна победа за шампионот

Дневник - 11.11.2004

МОБИМАК МАШКА ЛИГА Само неколку минути траеше отпорот на Југ Куманово против актуелниот првак Вардар про. Кумановци дојдоа да не загубат со голема разлика, а во тоа можеби и ќе успееја доколку продолжеа со добрата игра како во средината на второто полувреме, кога намалија на 5 разлика.

Вардарци во психолошки нокдаун

Утрински - 09.11.2004

Депресивна атмосфера во редовите на Вардар Про по саботниот дебакл со Барселона во Лигата на шампионите Промени во тимот нема да има пред саботниот реванш со Констанца во Скопје САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Вардар Про се наоѓа во исклучително важна недела во која му претстои решавачкиот испит за опстанок на ...

Вардар Про не заслужува место меѓу 16-те најдобри европски екипи

А1 - 08.11.2004

Подобра евро презентација викендов немаше ниту македонскиот ракометен првак. Вардар Про конечно сфати дека премногу нереални му беа амбициите за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Сепак не заслужува место меѓу 16-те најдобри европски екипи, а ќе треба добро да се испоти и ако сака ...

Ниту „м“ од мечот на деценијата

Време - 08.11.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ: ВАРДАР - БАРСЕЛОНА 12-26 Кога најмногу требаше, наместо најдобриот, Вардар Про го одигра најлошиот меч во годинашнава ракометна Лига на шампионите и загуби од Барселона, дома, со 12-26 (8-15), со што се збогува од амбициите за пласман во историското осминафинале.

Од спектакл во дебакл

Вест - 08.11.2004

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - СРАМНА ПРЕТСТАВА НА ВАРДАРЦИ ПРОТИВ БАРСЕЛОНА Ракометната Европа остана непотресена. Чудото остана за некои други три дена. Спектаклот изнедри дебакл. Вардарци занемени од шокот, гостите вчудовидени... ВАРДАР - БАРСЕЛОНА 12:26 (8:15) СКОПЈЕ. - СРЦ "Кале". Гледачи: 2.000.

Срамна игра, уште посрамен пораз

Утрински - 08.11.2004

Вардар Про декласиран во СРЦ "Кале" од Барселона (12:26) во 5. коло од групата А во Лигата на шампионите Верувале или не вардарци постигнаа само еден гол од игра и три од пенал во вториот дел САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Ракометарите на Вардар Про го доживеаа најубедливиот пораз на домашен терен во настапите ...

ИЗЈАВИ ПО НАТПРЕВАРОТ

Утрински - 08.11.2004

Дејан Периќ, голман на Барселона "Победата на Барселона е плод на нашата колективна игра. Искрено очекував многу посилен отпор на Вардар, но сепак ми се чини дека домашните изгореа во желбите да нў добијат. Навивам за Вардар и верувам дека вашиот тим ќе ја добие пресметката со Констанца и ќе ги ...

Паднаа ниско од високиот напон пред мечот

Дневник - 08.11.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ Со наведнати глави, засрамени пред домашната публика и понижени од Барселона со 12-26, ракометарите на Вардар не успеаја да останат во трка за место што води во осмина -финалето на Лигата на шампионите.

Вардар про - Барселона 12-26 (8-15)

Дневник - 08.11.2004

Спортска сала во СРЦ Кале. Гледачи околу 2.000. Судии: Солодко - Солодко, од Полска. Вардар про: Красавац (одбрани 7 топки), Петковски (одбрани 3 топки), Митровиќ 1, Стојановиќ 1, Анастасовски, Вучиќевиќ, Јоноски, Мирицки 3, Марковски 1 (1/2), Стојчевски, Колев 1, Кајганиќ 5 (3/3), Лашкоски, ...