TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Месиќ-Хрватите во БиХ самите се поделија

Макфакс - 05.10.2006

Загреб Хрватите во Босна и Херцеговина на изборите не ги поделија ниту Србите, ниту Бошњаците, туку самите се поделиле, смета хрватскиот претседател Стјепан Месиќ. „Луѓето во БиХ мораат да научат дека нема секогаш да победи оној кој доаѓа од партиите со национален предзнак.

Месиќ во Битола ќе го отвори новиот хрватски Конзулат

Макфакс - 05.10.2006

Скопје Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ ја завршува дводневната посета на Македонија, во чии рамки денеска ќе престојува во Битола. Хрватскиот претседател, како што е најавено, ќе се сретне со битолскиот градоначалник Владимир Талески, а ќе го отвори и новиот хрватски Козулат во Битола.

Месиќ отвори хрватски конзулат во Битола

Макфакс - 05.10.2006

Битола Конзулат на Република Хрватска во Битола денеска свечено беше отворен од хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, јави дописникот на Макфакс. За почесен конзул хрватската Влада го именува Бранко Маретиќ, Хрват кој долги години живее и работи во Битола.

Месиќ ја потврди средбата со Чеку во Скопје

Макфакс - 05.10.2006

Битола Хрватскиот претседател Стипе Месиќ потврди дека синоќа во Скопје имал средба со косовскиот премиер Агим Чеку, јави дописникот на Макфакс од Битола. „Вчера на средбата со косовскиот премиер Агим Чеку не разговаравме за статусот на Косово“, изјави Месиќ, на прашање на новинари дали се сретнал ...

Месиќ во дводневна посета на Македонија

Макфакс - 04.10.2006

Скопје Претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ од денеска е во дводневна посета на Македонија по покана на претседателот Бранко Црвенковски. Двајцата претседатели, како што е соопштено, денеска во Скопје ќе разговараат за приоритетите на двете земји во евроатлантските интеграции, за економската ...

Статус на малцинство за Хрватите во Македонија

Макфакс - 04.10.2006

Скопје Статус на национално малцинство за Хрватите во Македонија договориле денеска хрватскиот претседател Стјепан Месиќ и македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Барањето било изнесено на разговорите во Скопје остварен во рамките на официјалната дводневна посета на Месиќ на Македонија ...