TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Матурантите од неколку скопски гимназии ја бојкотираат наставата

Утрински - 09.11.2007

Протестите поради воведувањето државна матура се инцидентни, но часови се губат секојдневно Протестите на матурантите низ улиците завршија и се преселија во училиштата Билјана Јовановска Матурантите од пет-шест скопски гимназии деновиве пак ја бојкотираат наставата поради воведувањето на државната ...

Пробна матура на 5 и 6 декември

Време - 08.11.2007

ПРОТЕСТИТЕ НЕ ДАДОА ЕФЕКТ Матурантите ќе полагаат пробна матура во своите училишта на 5 и 6 декември, соопштија вчера од Министерството за образование и наука. - Учениците ќе бидат тестирани по двата екстериерни предмета - мајчин јазик и математика или странски јазик.

Да се полага за Ќемали, а не за Делчев

Време - 08.11.2007

МАТУРАНТИТЕ-АЛБАНЦИ БАРААТ Средношколците-Албанци ќе ја бојкотираат матурата, ќе ја игнорираат програмата на Министерството за образование или сами ќе си направат замена. Наместо за Гоце Делчев, ќе полагаме за Исмаил Ќемали, кој за време на турско го кренал албанското знаме, пишува весникот „Лајм“.

На 5 и 6 декември пилот-матура за средношколците

Утрински - 08.11.2007

На 5 и 6 декември учениците од четврта година во средните училишта во државата ќе полагаат пробна матура. Испитот ќе се реализира во училиштата, а матурантите ќе полагаат мајчин јазик и математика или странски јазик. Министерството за образование не изнесува други детали околу полагањето, но ...

Пробна матура ќе полагаат 15.000 ученици

Дневник - 08.11.2007

На 5 и 6 декември,кога ќе се одржи тестирање, ќе се полагаат два предмета, а на редовната матура,накрај од учебната година, ќе има четири и проектна задача Пробната државна матура ќе се одржи на 5 и на 6 декември во средните училишта, соопштија од Министерството за образование и наука.

Пилот-матурата на 5 и 6 декември

Вечер Прес - 08.11.2007

Пилот-матурата е закажана за 5 и 6 декември, а тестирањето ќе се изврши во училиштата. Од 20.000 матуранти, досега во училиштата доброволно се пријавиле 15.000 да ги полагаат испитите. Тие имаат можност да одговараат на прашања од мајчин јазик и математика или странски јазик.

Доцнат платите на наставниците

А1 - 07.11.2007

Наставниците кои предаваат во училиштата во 42-те општините кои влегоа во втората фаза на децентрализацијата, се уште ја немаат земено септемвриската плата. Од Министерството за образование велат дека тие ги направиле пресметките за платите, иако од 1 септември тоа е обврска на општинската ...