TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хрватската „Електра...“ вечерва и утре во МНТ

Време - 12.11.2008

Претставата „Црнината и прилега на Електра“ од Јуџин О‘Нил, во продукција на Хрватско народно казалиште, ќе биде изведена вечерва и утревечер на сцената на МНТ од 20 часот, во рамките на манифестацијата „Светски театар“. Загрепската постановка ја режира Словенката Матеја Колежник, а сценографијата е на Иво Кнезовиќ.

Гостува загрепско ХНК со "Електра" на Јуџин О' Нил

Вест - 12.11.2008

Вечерва и утревечер ( од 20 часот) на сцената на Македонскиот народен театар гостува Хрватско народно казалиште од Загреб со претставата "Црнината и прилега на Електра" од Јуџин О'Нил на режисерката од Словенија Матеја Колежник. Гостувањето на Хрватите е во рамките на манифестацијата "Светски театар", која втора година се одржува во МНТ.

„Црнината и' прилега на Електра“ на ХНК од Загреб гостува во МНТ

Утрински - 12.11.2008

Парафраза на „Орестија“, која Јуџин О’Нил ја сместува во времето на американската Граѓанска војна. Вечерва и утре во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува најреномираната театарска куќа во Хрватска, Хрватско народно казалиште од Загреб. ХНК доаѓа со драмската класика на Јуџин О’Нил, „Црнината и' прилега на Електра“, во режија на Матеја Колежник.

МНТ ги отвара вратите за соработка со светските театри

Сител - 12.11.2008

“Воени гробишта” е новиот проект на Македонскиот народен театар. Гимназијата Раде Јовчевски Корчагин и две средни училишта од Франција преку рецитали, музички изведби и театарски претстави им оддадоа почит на војниците кои во Првата светска војна го изгубиле својот живот. - Подготвивме еден рецитал на извадоци од војничките писма од војниците од Првата светска војна - вели проф. Љубица Антевска.

Почнува манифестацијата „Светски театар“ во организација на МНТ

Алфа - 11.11.2008

„Светски театар“ е насловот на манифестацијата што почнува денеска во организација на Македонскиот народен театар, во чии рамки ќе се реализира проектот „Воени гробишта“, а утре и задутре ќе биде прикажана претставата „Црнината и прилега на Електра“ со гостите од Хрватско народно казалиште. Манифестацијата „Светски театар“ се одржува втора година по ред.

Почнува манифестацијата „Светски театар“ во организација на МНТ

Алсат-М - 11.11.2008

„Светски театар“ е насловот на манифестацијата што почнува денеска во организација на Македонскиот народен театар, во чии рамки ќе се реализира проектот „Воени гробишта“. Утре и задутре ќе биде прикажана претставата „Црнината и прилега на Електра“ со гостите од Хрватско народно казалиште. Манифестацијата „Светски театар“ се одржува втора година по ред.

Хрватско народно казалиште во МНТ

Дневник - 11.11.2008

Хрватско народно казалиште во МНТ. Хрватско народно казалиште од Загреб со претставата „На Електра и' прилега црнина“ од Јуџин О’Нил вечерва и утревечер во 20 часот ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар. Со изведбата на хрватската претстава МНТ продолжува да ја продлабочува неколкугодишната соработка со ХНК.

Почнува „Светски театар“ во организација на МНТ

Кирилица - 11.11.2008

Во МНТ денеска ќе биде отворена изложба во соработка со Францускиот културен центар и театарските режисери, а ќе се одржи и театарската претстава „Медитации во ров“ направена од франкофонски ученици според писма од француските војници од Првата светска војна наречени „Брадестите од ...

Почнува манифестацијата „Светски театар“ во организација на МНТ

Канал5 - 11.11.2008

Скопје, 11 ноември (МИА) - „Светски театар“ е насловот на манифестацијата што почнува денеска во организација на Македонскиот народен театар, во чии рамки ќе се реализира проектот „Воени гробишта“, а утре и задутре ќе биде прикажана претставата „Црнината и прилега на Електра“ со гостите од Хрватско народно казалиште. Манифестацијата „Светски театар“ се одржува втора година по ред.

"Светски театар" во МНТ

Вест - 10.11.2008

Од утре во Македонскиот народен театар почнува манифестацијата "Светски театар", која се одржува по вторпат, а чија идеја, според директорот на МНТ Сашо Миленковски, е "Македонија и Скопје да бидат центарот на културата и уметноста". Годинава манифестацијата ќе го реализира проектот "Воени гробишта", во кој неколку земји: Македонија, Хрватска, Франција, Германија и Романија ќе раскажат свои ...

Со „Воени гробишта“ ќе зборуваме за мир

Дневник - 10.11.2008

Проектот „Воени гробишта“ на Македонскиот народен театар ќе биде прецизно дефиниран од утре, во рамките на програмата „Светски театар“. Идејата на театарскиот проект, во кој ќе учествуваат пет земји, е да се упатат пораки за мир преку приказни на војници во Првата светска војна чии животи згаснале токму во нашата земја.