TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вработувања во здравство

Канал5 - 26.03.2006

Министерот за финансии Никола Поповски се уште се двоуми дали да ги одобри 10 те нови вработувања што ги побара неговиот колега министерот за здравство.. Димов сака да отвори ново одделение кое ќе контролира како работат лекарите во здравствените институции.

Министерот Димов го уништува здравството

Време - 25.03.2006

ВМРО ДПМНЕ ОБВИНУВА Големи долгови на здравствените институции, постојан недостиг од лекови, блокирани болнички сметки, сомнителни тендери и висок степен на корупција. До ова дереџе здравството дојде благодарение на Владо Димов, најлошиот министер за здравство во последниве 16 години, обвини вчера ...

ВМРО-ДПМНЕ: Димов им скусил една плата на вработените во здравството

Вест - 25.03.2006

За триипол години вработените во здравството изгубиле по една плата, што е огромна сума ако се има предвид нивниот број, пресметала ВМРО-ДПМНЕ. Влатко Ѓорчев од Извршниот комитет на партијата објасни дека скусувањето на едно месечно примање се извело со воведувањето пракса на доцнење на платата ...

Димов најлош министер за здравство, вели ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 25.03.2006

Оцена "Д-р Владимир Димов е најлошиот македонски министер за здравство за изминатите 16 години", истакна на вчерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, која се подготвува за интерпелацијата на министерот Димов, закажана за 5 април.

Македонското здравство како африканското

Дневник - 25.03.2006

Македонското здравство се повеќе прилега на африканското, а до ова дереџе дојде благодарение на она што го направи Владо Димов, најлошиот министер за здравство последниве 16 години, обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ. - Министерот Димов треба да одговори колку кумови има во Скопје и во Струмица и како тие се ...

Законот е менлив

Време - 24.03.2006

ДИМОВ НАЈАВИ Законот со кој се овозможува дополнителна дејност на лекарите не е неменлива категорија и ако има злоупотреби или какви било проблеми, ќе го смениме, рече вчера министерот за здравство Владо Димов. Во меѓувреме тој побара од новинарите да дозволат законот да „заживее“ пред да почнат да ...

Здравствените домови неподготвени за концесионерство

Време - 24.03.2006

ПО НАЈАВАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ПРОМЕНИ ВО ПРИМАРНОТО ЗДРАВСТВО Адријана Георгиев Информациите за тоа како ќе се одвива трансформацијата на примарната здравствена заштита ги добиваме само преку медиумите. Лекарите не знаат што ги чека, а осигурениците од селата стравуваат дека ќе останат без лекари, ...

Дополнителната дејност на лекарите ќе се укине ако се злоупотребува

Утрински - 24.03.2006

Објаснување Ако лекарите ја злоупотребуваат дополнителната практика, законот ќе се менува зашто тој е жива материја. Ова го изјави министерот за здравство, д-р Владимир Димов, на прашањето на "Утрински весник" зошто не се учиме на туѓите грешки како Хрватска, која планира да ја укине дополнителната ...

Има лек и за лекарски злоупотреби

Дневник - 24.03.2006

Правилникот определува дека лекарите ќе можат да ја вршат дејноста и во установите каде што се вработени, но и во други приватни болници и ординации Ако има злоупотреби во практикување на дополнителната дејност на лекарите, законот ќе биде сменет.

ВМРО-ДПМНЕ: ДИМОВ НАЈЛОШИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСНАЕСЕТ ГОДИНИ

Канал5 - 24.03.2006

ВМРО ДПМНЕ го прашува министерот за здравство Владо Димов колку кумови имал како што велат во струмичко и во Скопје со што се занимаваат тие и на кој начин нивната работа е поврзана со здравството и општите приватизации и набавки.

Лекарите законски ќе работат дополнително во попладневните часови

А1 - 23.03.2006

Министерот Димов го официјализира работењето на диво. Го потпиша правилникот со кој лекарите добија законско право да работат дополнително во попладневните часови. Со ова пациентите, кои не сакаат да чекаат ред за операција, за одредена сума пари ќе може да се оперираат во попладневните часови.

Димов ја легализира приватната практика на лекарите од Клинички

Време - 23.03.2006

ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЈНОСТ Адријана Оровчанец Лекарите од Клиничкиот центар во Скопје што имаат повеќе од седум години искуство како специјалисти, ќе може да работат надвор од работното време, доколку го исполнат обемот на работа во матичната клиника.

Само соработниците на министерот добија пари

Време - 23.03.2006

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО Професорите што работеле на здравствените реформи се уште не добиле пари за нивната работа, под изговор дека нема пари во Министерството. Но, Владо Димов, министерот за здравство, нашол пари за да ги награди своите најблиски соработници за дополнителни залагања на разни ...

Почнува приватизацијата на примарното здравство

Време - 23.03.2006

ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ ВО ЗЕМЈАВА Здравствениот дом во Струмица денеска ќе добие согласност од Министерството за здравство да го почне процесот за трансформација на примарната здравствена заштита, најави вчера министерот Владо Димов.

Ќе го турне ли некој Димов?

Време - 23.03.2006

СТОЈАНКА МИТРЕВА Ќе се спаси ли Владо Димов од стапицата што му ја готви неговата сопартијка Ратка Куљан, откако во минатата недела беше разрешена од функцијата државен секретар во Министерството за здравство е најголемата главоболка за лекарите на Клиничкиот центар. Ма ајде.

Од денеска општите ординации одат под концесија

Утрински - 23.03.2006

Стартува приватизацијата во примарниот здравствен сектор ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Министерството за здравство од денеска ќе почне да им ги дава на матичните лекари под концесија ординациите по општа медицина во здравствените домови.

Од утре матичните ќе лекуваат приватно

Дневник - 23.03.2006

Матичните лекари од утре ќе почнат да работат приватно во јавните амбуланти и поликлиники, како и стоматолозите. Ординации под закуп ќе можат да земат околу 4.000 лекари по општа медицина, педијатри, гинеколози, како и специјалисти по училишна и медицина на трудот.

За тимот на Димов пари, а за професорите надеж

Дневник - 23.03.2006

Највисок хонорар и бил исплатен на Гордана Мајнова, шефица на кабинетот на министерот, а надворешните соработници ќе почекаат На професорите што ги подготвувале упатствата за медицина базирана на докази се уште не им е исплатен ниту денар хонорар, а министерот за здравство Владо Димов наградил 15 ...

Лекарите ќе работат и приватно

Вечер Прес - 23.03.2006

Лекарите специјалисти со стаж од најмалку седум години, кои работат во болнички установи од идната недела ќе можат да работат и приватно. Министерот за здравство Владо Димов денеска ќе го потпише правилникот со кои здравствените работници ќе имаат право на дополнителна пракса со лиценцата што ја ...

Димов започнува со приватизација на матичните лекари

А1 - 22.03.2006

Министерот Димов започнува со приватизација на матичните лекари. Утре стартува Струмица, за дваесетина дена другите градови. Ќе го потпишува и правилникот со кој лекарите ќе работат дополнително после работното време. Го чуваше една година во фиока, сега се створиле услови за да го потпише.

Стартува приватизацијата на примарното здравство

А1 - 22.03.2006

Приватизацијата на Здравствените центри во Македонија стартува од утре, а прв центар кој ќе биде приватизиран, односно издаден под концесија, е Центарот во Струмица. Ова денеска во Скопје го изјави министерот за здравство, Владо Димов, наведувајќи дека процесот треба да заврши за 20 дена, а ...

Ревизорските извештаи го потврдија хаосот во здравството

А1 - 21.03.2006

Хаосот во здравството го потврдија ревизорските извештаи во Клинички и Министерството. Првиот констатира нереално прикажани побарувања на Клинички со Фондот и здравствените установи. Се применувал комбиниран метод на сметководствена евиденција и немало контрола во трошењето на парите.