TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кабул: Најмалку 40 Талибанци убиени во судири на југот од Авганистан

Р.С.Европа - 12.10.2008

Авганистанските власти денеска соопштија дека најмалку 40 талибанци биле убиени во судирите со безбедносните сили во јужниот дел на земјата. Како што изјавија од авганистанската армија, до судирите дошло откако милитантите ја нападнале воената база на армијата. Авганистанската армија не претрпела штети.

АВГАНИСТАН - УБИЕНИ НАД СТО ТАЛИБАНЦИ

Телма - 12.10.2008

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд Дуад Ахмади изјави дека 62-ца бунтовици се убиени рано изутринава во ненадејна акција на авганистанските и сојузнучките сили во главниот град на провинцијата Лашкар Гах. Четириесет талибанци загинаа в тридневните судири во регионот Над Али, исто така во провинцијата Хелманд.

Авганистан: НАТО уби 65 талибанци

Форум - 12.10.2008

Авганистанската војска и силите на НАТО во рамките на ИСАФ синоќа убиле 65 талибански борци во судир кој се случил наделеку од главниот град на провинцијата Хелманда, Лашкар Гах, изјавил утрово портпаролот на градоначалникот во градот, а пренесуваат тамошните медиуми.

Авганистан:Борби

Алсат-М - 12.10.2008

Повеќе десетици Талибанци денеска се убиени во борбите со припадници на авганистанската војска и на силите на НАТО во главниот град на јужната провинција Хелманд, Лашкарга Милитантите со ракети нападнале полициски пунктови во градот од три страни. Безбедносните сили отвориле оган, а силита на НАТО возвратиле со воздушни напади.

НАТО НЕ ЈА ГУБИ ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН, СМЕТА ГЕНЕРАЛОТ ДЕЈВИД МЕКИРНЕН

Сител - 12.10.2008

НАТО НЕ ЈА ГУБИ ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН, СМЕТА ГЕНЕРАЛОТ ДЕЈВИД МЕКИРНЕН НАТО не ја губи војната против талибанците во Авганистан, туку нема доволно војници да обезбеди доволна безбедност за луѓето, изјави денеска командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Дејвид Мекирнен.

Убиени над сто талибанци

Вечер Прес - 12.10.2008

Повеќе од сто талибанци се убиени во два одвоени судири во Авганистан, соопштија авганистанските власти. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд Дуад Ахмади изјави дека 62-ца бунтовици се убиени рано вчераутро во ненадејна акција на авганистанските и сојузничките сили во главниот град на провинцијата Лашкар Гах.

Мекирнен: НАТО не ја губи војната во Авганистан

Нетпрес - 12.10.2008

НАТО не ја губи војната против талибанците во Авганистан, туку немаме доволно војници за да ја гарантираме доволната безбедност на луѓето, изјавил денес командантот на меѓународните сили во Авганистан генералот Дејвид Мекирнен. Насилството не престанува во оваа земја во која само оваа година загинале најмалку 4.000 лица, од кои една третина цивили, потсетува Ројтерс.

НАТО во остра борба против трговијата со дрога во Авганистан

Вест - 11.10.2008

БУДИМПЕШТА, 11 октомври (Ројтерс) - НАТО сојузниците вчера постигнаа договор да се дозволат директни напади врз авганистанската трговија со дрога за која САД велат дека е од суштинско значење за воведување на безбедност во државата кога ескалира бунтот на Талибанците.

НАТО ќе го уништува опиумот во Авганистан

Алсат-М - 10.10.2008

Министрите за одбрана на 26-те земји членки на НАТО на самитот во Будимпешта денеска се договорија дека мисијата ИСАФ во Авганистан во иднина да се бори против производството на дрога во земјата.

НАТО ќе го уништува опиумот во Авганистан

Форум - 10.10.2008

Портпаролот на Алијансата, Џејмс Апатурај, соопшти дека силите ќе делуваат против постројки и лица кои користат наркотици за да ги финансираат Талибанците. Акциите во идеален случај треба да се одвиваат во соработка и под водство на авганистанските власти, но во никој случај без нивно одобрение.

Авганистан ќе дозволи напад на фабриките со опиум

Нетпрес - 10.10.2008

На војската на НАТО ќе и биде дозволено да ги нападне фабриките со опиум во Авганистан, и ова се случува по прв пат, пренесуваат светските медиуми.

НАТО објави војна на нарко бизнисот во Авганистан

Макфакс - 10.10.2008

Алијансата ќе се ангажира директно во напорите за прекин на производството и трговијата со опиум во Авганистан, која со милиони долари ги финансира талибанските бунтовници. Ова денеска во Будимпешта го соопштија министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Будимпешта: Секретарот за одбрана на САД ќе апелира за зголемување на бројот на војници во Авганиста

Р.С.Европа - 09.10.2008

Соединетите држави на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Будимпешта ќе апелираат до сојузниците да испратат повеќе војници во Авганистан. Командата на над пеесете илјади сојузнички војници, стационирани во таа земја, бара тој број да биде зголемен за уште дванаесет илјади.

Германија го зголемува контингентот во Авганистан

Утрински - 09.10.2008

Германија го зголемува контингентот во Авганистан БЕРЛИН - Владата на Берлин го продолжи мандатот на мисијата на германската војска во Авганистан за 14 месеци и се согласи да распореди дополнителни 1.000 војници таму.

САД бараат повеќе НАТО војници во Авганистан

Алсат-М - 09.10.2008

Соединетите Американски Држави го повикаа НАТО да испрати повеќе трупи во Авганистан во борбата против Талибанците. Министрите за одбрана на 26-те држави на Северноатлантската Алијанса одржаа дводневен состанок во Будимпешта за да го спречат зголемувањето на насилството во Авганистан, кое во ...

Американското разузнавање предупредува дека ситуацијата во Авганистан се влошува

Канал5 - 09.10.2008

Вашингтон, 9 октомври (МИА) - Нацрт-извештајот на американските разузнавачки служби предупредува дека ситуацијата во Авганистан се влошува, и фрла сериозни сомненија врз способноста на авганистанската Влада да го прекрати зголеменото влијание на талибанците, пишува денеска весникот „Њујорк тајмс“, ...

Талибанците ја откачија Ал каеда

Време - 08.10.2008

Талибанските водачи ги прекинуваат врските со терористичката мрежа Ал каеда со нивното учество во првата рунда историски преговори со авганистанската влада, кои се организирани со посредство на саудискиот крал Абдула Втори, јави „Си-Ен-Ен“ потпирајќи се на извори блиски до учениците во средбата.

Коалиционите сили убија 60 милитанти во Авганистан

Утрински - 08.10.2008

Коалиционите сили убија 60 милитанти во Авганистан КАБУЛ - Коалицијата предводена од САД и авганистанските безбедносни сили убија околу 60 милитанти во одделни судири во јужниот дел на Авганистан, соопштија вчера американската армија и официјален претставник на полицијата.

Убиени 60 екстремисти на југот од Авганистан

Нетпрес - 07.10.2008

Околу 60 екстремисти загинале во одвоени борби со коалиционите и авганистанските сили на југот од Авганистан, соопштува денес војската на САД и полицијата.

Околу 60 бунтовници убиени во Авганистан

Макфакс - 07.10.2008

Околу 60 бунтовници убиени се денеска во јужен Авганистан во операцијата спроведена од страна на коалицијата на САД и авганистанските сили за безбедност.

Убиени 3.200 авганистански цивили од 2005 година

Макфакс - 07.10.2008

Околу 3.200 цивили се убиени од 2005 година наваму во операции на силите на НАТО и на американската армија во Авганистан, но компензациите за семејствата на жртвите се мали.

Околу 60 илјади авганистански бегалци протерани од Пакистан

Макфакс - 07.10.2008

Пакистанските власти им наредија на околу 60 илјади авганистански бегалци да ја напуштат племенската област во северен Пакистан, во близина на границата со Авганистан. Пакистанската армија во таа област има директни судири со талибанците и членовите на „Ал Каеда“.

Според британски командант, војната во Авганистан не може да се добие

Утрински - 06.10.2008

Според британски командант, војната во Авганистан не може да се добие ЛОНДОН - Британски командант во Авганистан изјави дека војната против Талибанците не може да се добие, објави "Сандеј тајмс".

Британски командант тврди дека не може да се победи војната во Авганистан

Н.Македонија - 06.10.2008

Командантот на британските сили во авганистанската провинција Хелманд генерал-мајорот Макр Карлтон Смит изјавил дека не треба да се очекува целосна воена победа во Авганистан, пишува лондонски „Сандеј тајмс“. - Нема да победиме во оваа војна.