TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Длабоко потонати во себе

Дневник - 11.11.2006

Кога самите имате апсолутно чисто сознание за распространетоста и „квалитетот“ на корупцијата, тогаш, немате многу повод да им се лутите на странците кои ве рангирале на иста позиција со Иран , Малави, Либија или Уганда. Ниту, пак, аргументирано да ставите забелешки на дилемите и колебливоста на ЕУ ...

Корупциските афери ќе бидат расчистени

Време - 10.11.2006

СПОРЕД МИХАЈЛО МАНЕВСКИ Михајло Маневски, министерот за правда, вчера изјави оти ќе продолжел да работи на корупциските аферите што ги отвори додека беше на чело на антикорупциската комисија. -И понатаму преземаме мерки за утврдување на фактите.

Кецови за обвинителството, партиите, судството и за администрацијата

Време - 10.11.2006

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ СЕ ЗБОГУВАА ОД ФУНКЦИЈАТА Јавната администрација е уште побавна за разлика од лани. Триесет отсто од судиите не знаат дека постои етички кодекс за нивната работа. Политичките партии се нетранспарентни, а јавното обвинителство е неефикасно и политички зависно.

Антикорупционерите апелираат да финишираат корупциските афери

Утрински - 10.11.2006

Маневски е категоричен дека интензивно работи на расчистување на скандалите КАТИЦА ЧАНГОВА Иницијативите за казнено гонење кои прераснаа во крупни корупциски скандали од типот на „Окта“ или „Бачило“, ниту се затворени ниту се застарени.

Состојбата со корупцијата се влошува

Дневник - 10.11.2006

Извештајот на Европската комисија за корупцијата во Македонија се совпаѓа со нашите тврдења дека состојбата не само што не се поправа, туку е полоша отколку во изминатите години, изјави вчера Слаѓана Тасева, членка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Не е завршена борбата со корупциските афери

Вечер Прес - 10.11.2006

Веризјата на текстот на законот за јавен обвинител набргу ќе биде финализиран, тврди министерот за правда Михајло Маневски. Според него, најдоцна за еден месец се очекува законот да се најде на разгледување и усвојување. Тој не сакаше да открие што конкретно било разговарано на последната средба со ...

Лоша администрација, бавно судство- голема корумпираност

Вечер Прес - 10.11.2006

Проблемите на Комисијата со Јавното обвинителство и натаму продолжуваат. Иако неколкупати антикорупционерите побарале обвинителите да им достават одговор на некои нивни прашања, податоците никогаш не ги добиле Јавната администрација работи побавно отколку што работеше пред три години, сметаат ...

Антикорупционерите заминуваат, корупцијата останува

Канал5 - 09.11.2006

Антикорупционерите покажаа со прст кон виновникот што Македонија се наоѓа на дното корумпирани земји во светот – политичките елити се генератори на корупцијата. Се функционира преку пари: терање бизниси, добивање позиции и работни места. Потоа сите се комотни.

Антикорупциска ќе работи до изборот на новите антикорупционери

Макфакс - 09.11.2006

Скопје Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе продолжи да ја врши својата работа до изборот на нова Комисија, без разлика што нивниот мандат формално истекува. Ова денеска го изјави в.д. претседателот на Комисијата за спречување корупција Слаѓана Тасева, која најави дека ...

Институциите да соработуваат против корупцијата

Време - 08.11.2006

МИХАЈЛО МАНЕВСКИ Битката против корупцијата треба да се води синхронизирано, со многу поголема соработка меѓу надлежните институции, изјави вчера Михајло Маневски, министерот за правда, по извештајот во кој Македонија се најде на 105-то место на скалата на корупција за 2006 година.

Корупцијата ги загрозува европските аспирации на Македонија

Утрински - 08.11.2006

Камбовски Сите само дискутираат и филозофираат, но никој не засука ракави и да сработи нешто за спречување на корупцијата КАТИЦА ЧАНГОВА Македонија во Југоисточна Европа и Малави во Јужна Африка се на два различни континента, но се идентични во поткупливоста: „Транспаренси интернешенел“ не' ...

Корупцијата колку државниот буџет

Дневник - 08.11.2006

Обемот на корупцијата во Русија на годишно ниво се проценува на 240 милијарди долари и веќе може да се спореди со државниот буџет, изјави заменик-јавниот обвинител на Русија, Александар Буксман. - Секој службеник што се занимава со некаква продажба, само за една година од мито може да купи стан од ...

Владата на Бучковски виновна за лошиот корупциски рејтинг

Дневник - 08.11.2006

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги посочи владата на Владо Бучковски и Радмила Шекеринска како виновни за тоа што Македонија се најде на 105. место на скалата на корупцијата на Транспаренси интернешнел за 2006 година. - Индексот на корупција се однесува на работењето на претходната влада на Бучковски и ...

Ќе се справиме со корупцијата

Вечер Прес - 08.11.2006

Индексот на корупција, според кој Македонија е на 105 место, се однесува на работењето на претходната влада на Бучковски и Шекеринска, велат во владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тие најавуваат дека новата гарнитура на власт е решена да ја менува оваа реалност.

Не мрднавме од лани

Вечер Прес - 08.11.2006

Владата се определи за нулта толеранција на корупцијата и во таа насока презема мерки за ефективно јакнење на капацитетите на институциите и органите кои се надлежни за нејзино спречување, изјави министерот за правда Михајло Маневски по објавувањето на извештајот на Транспаренси Интернешнал, според ...

УЈП работи на 18 случаи на непријавен имот на функционери

Макфакс - 08.11.2006

Скопје Управата за јавни приходи на Македонија работи на 18 случаи на неточни податоци во анкетни листи за пријавен имот на избрани или именувани функционери. Ова денеска го изјави директорот на Управата Горан Трајковски, на заедничката прес конференција со в.д.

Обвинување за корупција при поделба на 1,6 милијарди евра во Србија

А1 - 07.11.2006

Обвинување за корупција во српската Влада, при распределба на 1,6 милијарди евра, упати денеска првиот човек на Советот за борба против корупцијата Верица Бараќ. Таа во интервју за новосадскиот весник „Граѓански лист“, ја обвини владата на Воислав Коштуница дека ја поткрепува корупцијата во ...

105-тото место на индексот на корупција е реалност

А1 - 07.11.2006

Скандалозното 105-то место на индексот на корупција на Транспаренси интернешнл македонските граѓани го сметаат за реалност. Детектираат корупција во сите сфери на живеење - од администрацијата до судството и полицијата. „Најмногу корупција има кај политичарите. Секаде, посебно во полицијата.

Обемот на корупција во Русија е 240 милијарди долари годишно

А1 - 07.11.2006

Обемот на корупција во Русија на годишно ниво веќе може да се спореди со државниот буџет и тој изнесува 240 милијарди долари годишно. Заменик јавниот обвинител на Русија Александар Буксман, на прес конференција во Москва изјави денеска, дека бројката е констатирана по повеќе експертски анализи.

Македонија во друштво на Уганда и на Боливија

Време - 07.11.2006

СПОРЕД ИНДЕКСОТ НА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА Македонија го дели 105-то место со Уганда, Малави, Либија, Боливија и Иран меѓу 163 земји рангирани според индексот на перцепција на корупцијата на скалата што ја подготвува меѓународната организација „Транспаренси интернешнел“.

Имотната состојба на функционерите на интернет

Вест - 07.11.2006

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ АНТИКОРУПЦИЈА Анкетните листови за имотнатата состојба на државните функционери ќе бидат јавни, а ќе се заштита само личните податови, објавои вчера во Собрание министерот за правда Михало Маневски презентирајќи ги имените и дополнувањата на законот за спречување на корупцијата.

Симната забраната за објавување на имотните листи на функционерите

Утрински - 07.11.2006

Измени Спречувањето на корупцијата во политиката, обврската во рок од 30 дена од денот на избор или именување дадена функција да се поднесе анкетен лист до Антикорупциската комисија и до Управата за јавни приходи и доколку има промена на имотната состојба на именуваното лице во рок од 30 дена да го ...

Македонија оди надолу според индексот на корупцијата

Утрински - 07.11.2006

Берлин - Македонија се наоѓа на 105. место од вкупно 163 држави на годинашната глобална листа за индексот на корупција на „Транспаренси интернешенел“ (ТИ) претставена вчера во Берлин. Земјата три години едноподруго го има истиот индекс на корупција (2,7) и продолжува да паѓа во годишните извештаи ...

Македонија потона во корупција

Дневник - 07.11.2006

На светската листа, според индексот на корупцијата, нашата земја се наоѓа на 105-то место, во друштво со Иран и со Либија Македонија се наоѓа на 105-то место од вкупно 163 држави на годинашната глобална листа за индексот на корупцијата на „Транспаренси интернешнел“ (ТИ), претставена вчера во ...

ВМРО-ДПМНЕ:Претходната влада е виновна што Македонија е 105-та на скалата на корупција

Канал5 - 07.11.2006

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини владата на Владо Бучковски и Радмила Шекеринска за тоа што Македонија се наоѓа на 105-то место на скалата на корупцијата за 2006 на организацијата „Транспаренси Интернешенел“. Скопје, 7 ноември (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини владата на Владо Бучковски и Радмила ...

Обемот на корупција во Русија е 240 млрд. долари годишно

Макфакс - 07.11.2006

Москва Обемот на корупција во Русија на годишно ниво веќе може да се спореди со државниот буџет и тој изнесува 240 милијарди долари годишно. Заменик јавниот обвинител на Русија Александар Буксман на прес конференција во Москва изјави денеска дека бројката е констатирана по повеќе експертски анализи.

Обвинување за корупција при поделба на 1,6 милијарди евра во Србија (Duplikat)

Макфакс - 07.11.2006

Нови Сад Обвинување за корупција во српската Влада при распределба на 1,6 милијарди евра, упати денеска првиот човек на Советот за борба против корупцијата Верица Бараќ. Таа во интервју за Новосадскиот весник „Граѓански лист“, ја обвини Владата на Воислав Коштуница дека ја поткрепува корупцијата во ...

Македонија на 105. место по степенот на корупција

Вечер Прес - 07.11.2006

Од вкупно 163 земји, годинава сме на листата на исто место со Иран, Либија, Малави и Уганда. Со подобар коефициент пред нас се најдоа соседна Бугарија која е на 57, Турција на 60-то , Хрватска на 69-то и Босна и Херцеговина на 93-то место.

Македонија на 105-то место на скалата на корупција

А1 - 06.11.2006

Од листата на 163 земји во светот, Македонија според индексот на перцепција на корупцијата е на 105-то место. Највисокиот коефициент 10, го добиваат земјите кои се најмалку корумпирани, а најнискиот нула, оние со најголема корупција.

На исто рамниште со Боливија и Малави по степенот на корупција

А1 - 06.11.2006

„Транспаренси интернешнал“ Македонија ја рангираше на 105-то место по степенот на корупција, што е за две места полошо од лани. На исто рамниште сме со Боливија и Малави. Од вкупно 163 држави, подобри од нас се сите поранешни југословенски држави.

Пријавете корупција во Општина Кисела Вода

Утрински - 06.11.2006

Секојдневно на телефонскиот број 2785-411 граѓаните можат да пријават случај на корупција во Општина Кисела Вода. Дежурниот телефон ќе важи исклучиво за пријави на граѓаните на кои во случај на завршена административна работа во Општината ќе им биде побарано мито од вработените.

Македонија на 105-то место по корупција

Канал5 - 06.11.2006

Нивото на корупција ја доведе Македонија на 105-то место од вкупно 163 земји на листата на „Transparency internacional“. Тоа е пад за 2 позиции во споредба со лани, иако индексот на перцепција на корупцијата во земјава во извештајот објавен денеска во Берлин, е ист со оној од 2005-та.

Груевски битката со корупцијата ќе ја води и преку анкетните листови за имотната состојба

Канал5 - 06.11.2006

Од денот на распишување на изборите, до денот на формирањето на владата да не се користат државни пари за изградба на инфраструктурни објекти, да не се прават непосредни спогодби, да не се продава државно земјиште. Од денот на распишување на изборите, до денот на формирањето на владата да не се ...

Македонија оди надолу според индексот на корупција на ТИ

Макфакс - 06.11.2006

Скопје Македонија се наоѓа на 105-то место од вкупно 163 држави на годинешната глобална листа за индексот на корупција на Транспаренси интернешнл (ТИ) претставена денеска во Берлин. Земјата три години по ред го има истиот индекс на корупција (2,7) и продолжува да паѓа во годишните извештаи на ТИ.