TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тутунска може да се повлече од плацот кај „Рамстор“

Време - 11.11.2006

АКО СЕ ОДОЛЖИ ИЗДАВАЊЕТО ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА НЛБ Тутунска банка може да се повлече од деловните простории што се планирани да се градат на плацот до „Рамстор“ ако се одолжи процедурата за добивање градежна дозвола, најавија вчера од банката.

„Рамстор“ влезе и во Тетово

Утрински - 11.11.2006

Вчера официјално беше предаден во употреба современ трговски центар во чиј комплекс на 4.000 м2 се наоѓа и маркет на „Рамстор“. „Нашето вложување во овој маркет изнесува еден милион евра, a се вработуваат 120 лица со можност за натамошно зголемување“, изјави Ѓокхан Исевџан, маркетинг-менаџер на ...

„Рамстор“ отвори нов супермаркет

Дневник - 11.11.2006

Покрај трговскиот центар во Скопје, супермаркетот во Тетово е втора инвестиција на „Рамстор Македонија“ во државава Супермаркет од синџирот „Рамстор“ вчера беше отворен во Тетово. Покрај трговскиот центар во Скопје, супермаркетот во Тетово е втора инвестиција на „Рамстор Македонија“ во државава.

„Рамстор“ дојде во Тетово

А1 - 10.11.2006

„Рамстор“ дојде во Тетово. Два милиони евра инвестираше тетовската фирма „Палма трејд“ во трговскиот центар, чиј закупец е светски познатиот бренд. Сити центарот е на три ката, со површина од 12.000 квадратни метри. 4.000 квадратни метри е подрумскиот простор наменет за продажба на бела техника.

Општината Центар ќе му плати 500.000 евра на „Рамстор“

Време - 10.11.2006

АКО НЕ ИЗДАДЕ ДОЗВОЛА ЗА НОВИОТ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Општината Центар ќе и врати половина милион евра на фирмата „Рамстор Македонија“ ако не и издаде градежна дозвола за локацијата до трговскиот центар „Рамстор“, каде што е планирано да се гради катна гаража и деловен простор за Тутунска банка.

Ептен саглам алаш вериш

Вест - 09.11.2006

РАМСТОР ЌЕ ПРОДАВА ЗГРАДА НА ПЛАЦОТ ШТО БРАНКО ГО ДАДЕ ЗА 25 ЕВРА КВАДРАТ Трговскиот центар "Рамстор" ќе излезе речиси бакшиш со продажбата на деловна зграда на Тутунска банка која турскиот инвеститор ќе ја гради на плацот што што доби со спогодба во четири очи од Владата на Бранко Црвенковски, за ...