TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ерусалим: Четворица милитанти загинале во израелски воздушен напад

Р.С.Европа - 16.11.2008

Четворица милитанти загинале во израелски воздушен напад, соопштија палестинските власти. Според истите извори, милитантите биле членови на радикалното движење Хамас, а во моментот кога биле убиени поставувале минофрлачи. Израелската војска го потврди нападот, без да соопшти други ...

Убиени 4 палестински милитанти во израелски воздушен напад

Алсат-М - 16.11.2008

Четворица палестински милитанти се убиени во израелски воздушен напад во појасот Газа додека испукувале минофрлачки гранати кон Израел. Неколку часа претходно друга група лансирала ракети во насока на Израел. Последните насилства го прекршуваат 5 месечното примирје меѓу Израел и екстремистите на Хамас кои ја држат контролата врз Газа.

На Блискиот Исток ништо ново

Форум - 16.11.2008

Израелската армија денеска потврди дека извршила ракетен напад на позициите за кои се верува дека палестинските милитанти ги користат за ракетни напади на израелската територија. Во нападот на позициите источно од Газа убиени се четворица милитанти. Нивното загинување го потврдија и палестинските власти.

Четворица Палестинци загинаа во израелски напад во Појасот Газа

Канал5 - 16.11.2008

Ерусалим, 16 ноември (МИА) - Четворица Палестинци беа убиени изутринава во израелски воздушен напад, јавија светските агенции, повикувајќи се на палестински извори. Израелската армија соопшти дека воздушниот напад бил извршен врз група палестински екстремисти, кои се подготвувале да истрелаат ракети кон Израел.

Загинаа 4 Палестинци

Вечер Прес - 16.11.2008

Четворица Палестинци беа убиени вчераутро во израелски воздушен напад, јавија светските агенции, повикувајќи се на палестински извори. Израелската армија соопшти дека воздушниот напад бил извршен врз група палестински екстремисти, кои се подготвувале да истрелаат ракети кон Израел.

Исламабад: В понеделник средба Абаз – Олмерт

Р.С.Европа - 15.11.2008

Палестинскиот Претседател Махмуд Абаз и Израелскиот Премиер на заминување Ехуд Олмерт ке се состанат во понделник на разговори за обновените насилства во Газа по пет месечното примирје меѓу Израел и Хамас. Двајцата лидери имаа редовни средби во рамките на мировните ...

На Израел испукани ракети со најдолг домет

Нетпрес - 14.11.2008

Хамас денес испукал на Израел ракети од типот Град, кои имаат најдолг домет од сите проектили што досега, исламистичката радикална група ги испукала на Израел, соопштило военото крило на Хамас. Во истата изјава се наведува дека биле испукани пет ракети, направени во Советскиот сојуз во 60 - те години на минатиот век.. Нивниот домет достигнува 20 километри.

Хамас го прекина примирјето со Израел

Алсат-М - 13.11.2008

Исмаил Радуан, претставник на Хамас денеска изјави дека движењето прогласува прекин на примирјето со Израел. Повод за таквата одлука е вчерашната операција на израелската армија во Појасот газа. Генералштабот на израелската армија соопшти дека операцијата е преземена со цел да се спречат палестинските борци да извршат терористички акт на границата меѓу Појасот Газа и Израел.

Израел ја спречи помошта за Газа

Нетпрес - 13.11.2008

Израелските власти спречиле влез во појасот Газа на караван со хуманитарна помош, поради тоа што палестинските милитантни продолжуваат да истрелаат ракети врз Израел. На почетокот Израелците рекле дека ќе дозволат 30 камиони со лекови и прехранбени производи да влезат во Газа, но од ООН информираат дека дел од помошта за Газа ќе задоцни бидејќи не им е дозволено на неколку камиони да ја минат ...

Убиен четири палестински милитанти

Нетпрес - 12.11.2008

Израелските сили убиле четири палестински милитанти во вооружена акција во појасот Газа, пренесува “Топ Ченел-тв“. Според првичните информации од тамошната војска стои дека Палестинците отвориле оган пукајќи со минофрлачи кон Израелците, кој што по кратко време возвратиле со воздушен напад во Газа. Од пред пет месеци Израел и движењето Хамас се договориле за прекин на меѓусебните напади.

Ерусалим: Ехуд Барак нареди повторно снабдување со нафта на Појасот Газа

Р.С.Европа - 11.11.2008

Министерот за одбрана на Израел Ехуд Барак нареди повторно снабдување со нафта на Појасот Газа. Испораката беше запрена пред една недела откако палестинските милитанти истрелале неколку гранати врз ...