TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пјонгјанг: Северна Кореја ќе им дозволи целосен пристап на меѓународните набљудувачи

Р.С.Европа - 12.10.2008

Северна Кореја потврди дека ке продолжи со разоружување на нуклеарната централа и ке им дозволи целосен пристап на меѓународните набљудувачи да го верификуваат процесот. Ова одлука на севернокорејските власти доаѓа еден ден откако Соединетите Држави одлучија да ја тргнат од листата на држави кои го финансираат тероризмот.

С.Кореја го затвора реакторот

Алсат-М - 12.10.2008

Официјален Пјонгјанг денеска соопшти дека севернокорејскиот атомски реактор Јонгбјон сепак ќе биде исклучен. Севернокорејските власти најавија и дека повторно ќе им дозволат на инспекторите од САД и од Меѓународната атомска агенција да го надгледуваат прекинот на тамошната атомска програма.

Северна Кореја тргната од црната листа на САД

Нетпрес - 12.10.2008

Соединетите Американски држави ја тргнале Северна Кореја од “црната листа“ на која се наоѓаат земји кои му помагаат на тероризмот, објавил портпаролот на Стејт департментот Шон МекКормак. Оваа одлука ја донел претседателот Џорџ Буш откако таа земја дозволила пристап на експертите на своите “пријавени“ нуклеарни објекти. Проверките ќе ги изврши Агенцијата за атомска енергија.

Северна Кореја избришана од американската црна листа

Макфакс - 12.10.2008

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ќе ја избришат Северна Кореја од црната листа на држави кои го поддржуваат тероризмот, јавија агенциите. Портпаролот на Стејт Департментот, Шон Меккормак изјави дека таквата одлука е донесена откако Северна Кореја ги прифатила низата мерки, со кои што би се проверувале нејзините нуклеарни погони.

Вашингтон: САД соопштија дека Северна Кореја се согласија со барањето за нуклеарно набљудување

Р.С.Европа - 11.10.2008

Од Стејт департментот соопштија дека Северна Кореја се согласила на барањето на Соединетите Држави за нуклеарно набљудување. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак изјави дека со новиот договор Пјонгјанг ке им дозволи на експертите за атомска енергија на Обединетите Нации да имаат целосен пристап до нејзината нуклеарната програма.

САД може ќе ја симнат Северна Кореја од листата терористички земји

Вест - 11.10.2008

СЕУЛ/ТОКИО, 11 октомври (Ројтерс) - САД и Северна Кореја се приближуваат кон компромис за да го спасат кревкиот нуклеарен договор, пренесоа вчера медиумите, а Јапонија изјави дека би можела да прифати Северот да биде симнат од американската листа на земји кои го поддржуваат тероризмот.

САД и Северна Кореја ќе го спасуваат нуклeарниот договор

Утрински - 11.10.2008

САД и Северна Кореја ќе го спасуваат нуклeарниот договор СЕУЛ - Соединетите Американски Држави и Северна Кореја се пред постигнување договор за спас на нуклеарниот договор, беше објавено вчера, додека јужнокорејскиот министер за надворешни работи изјави дека наскоро би можеле да бидат обелоденети ...

Северна Кореја тврди дека Ким Јонг Ил е жив

Алсат-М - 11.10.2008

Севернокорејската државна телевизија денеска објави десетина фотографии од 66-годишниот Јонг Ил во посета на севернокорејски војници, кои треба да докажат дека тој е жив и ги извршува неговите државнички активности.

Северна Кореја симната од списокот на земји поддржувачи на тероризмот

Алсат-М - 11.10.2008

САД денеска ја симнаа Северна Кореја од списокот на земји кои го поддржуваат тероризмот, пренесе Франс прес, повикувајќи се портпаролот на Стејт департаментот Шон Меккормак.

Северна Кореја го избркала инспекторите на ОН

Вест - 10.10.2008

ВИЕНА, 10 октомври (АП) - Дипломатите велат дека Северна Кореја не им дозволува на меѓународните инспектори пристап до нуклеарната постројка "Јонгбјон". Дипломатите велат дека Северна Кореја оваа одлука ја донела неодамна, но не објаснија во детали.

Можен компромис околу севернокорејската нуклеарна програма

Алсат-М - 10.10.2008

Вашингтон и Пјонгјанг се блиску до постигнување компромис во врска со спорот околу атомската програма на Северна Кореја.

Северна Кореја се подготвува да лансира уште ракети

Алсат-М - 09.10.2008

Северна Кореја постави повеќе од 10 нови ракети, подготвени за лансирање како тие од вчера. Веста ја пренесоа и севернокорејските медиуми. Вчера комунистичката земја лансираше две ракети со краток дострел на делување во Жолтото Море. Новиот тест е чин без преседан, а другите земји го осудуваат тоа.

Северна Кореја подготвена да пушти десет ракети

Нетпрес - 09.10.2008

Северна Кореја е подготвена да пушти 10 ракети со кратки зраци во Жолто Море. Веста е објавена од северно корејскиот печат, цитирајќи владини извори. Според северно корејскиот дневен весник “Чусун Илбо“, во вторникот се пуштени две ракети кои биле идентификувани од американските сателити.

Северна Кореја повторно лансираше ракети

Алсат-М - 08.10.2008

Северна Кореја во Жолтото Море денеска лансираше две ракети со краток дострел. Со тоа само ја зголеми тензијата на меѓународната заедница кон себе, додека светските сили се трудат да ја убедат да дејствува во согласност со договорот за нуклеарното вооружување.

Северна Кореја тестираше ракети со низок опфат на уништување

Кирилица - 08.10.2008

Северна Кореја денеска во Жолтото Море тестираше ракети со низок опфат на уништување додека со земјата продолжуваат дипломатските напори за исполнување на спогодбата за нуклеарно разоружување, соопшти АФП.