TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Коневска: Треба да се испита како се предлагани приоритетите

Време - 07.10.2006

ВЛАДАТА РЕТЕРИРА ВО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СТРАНСКАТА ПОМОШ Владата не утврди злоупотреба на странската помош, туку побара да се испита како се избирани проектите што се предлагани до странските донатори, дали врз основа на реални приоритети или од политички или други мотиви се фаворизирани одредени ...

Владата се пишмани за злоупотребите на странската помош

Вест - 07.10.2006

ПО ДЕМАНТИТЕ ОД ДОНАТОРИТЕ Владата вчера се пишмани и се повлече од обвинувањата за злоупотреба на странската помош во периодот од 2002 до оваа година. Вчера, вицепремиерката Габриела Коневска - Трајковска, место за злоупотреби, зборуваше за неиницијативност и некоординација во користењето на ...

Владата не ги контролира странските донатори

Дневник - 07.10.2006

Владата нема амбиции ниту, пак, надлежност да ги контролира активностите на странските донатори, а наводите во соопштението за злоупотреби се однесуваа на приоритетите во реконструкцијата на некои објекти што биле понудени од Македонија, појасни вчера вицепремиерката Габриела Коневска-Трајковска.

Владата се повлече од обвинувањата кон Шеќеринска

А1 - 06.10.2006

Владата се повлекува од обвинувањето дека екс вицепремиерката Шеќеринска како координатор на странската помош правела злоупотреба на парите кои доаѓале од меѓународните донатори. Откако вчера министерот за надворшени работи Милошоски се огради од најавите на владиниот портпарол, дека полицијата ќе ...

Нишанат во Шеќеринска за да ја погодат Коневска

Време - 06.10.2006

НЕКООРДИНИРАНОСТ ВО ВЛАДАТА ИЛИ ЗАТКУЛИСНИ ИГРИ? Владата воопшто не дискутирала за „начелно констатирани злоупотреби на странска помош“ во изминатите четири години, како што завчера на прес- конференција соопшти владиниот портпарол Ветон Ибраими, дознава „Време“ од високи владини извори.

Амбасадорите не виделе никакви финансиски дубари

Вест - 06.10.2006

ДИПЛОМАТИТЕ РЕАГИРАА ЗА НАВОДНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ СО СТРАНСКАТА ПОМОШ Меѓународните претставници во Македонија вчера остро реагираа на наводите од Владата дека имало злоупотреби со менаџментот на странската помош за земјава, со која раководеше Секторот за евроинтеграции, за што беше прозвана ...

Странските амбасадори ја демантираат Владата за донациите

Утрински - 06.10.2006

Најголемите донатори излегоа со став дека ниту се жалеле ниту знаат за злоупотреби околу помошта Слободанка Јовановска Странските амбасади вчера рафално ги отфрлија обвинувањата од Владата дека имало злоупотреби од голем формат во користењето на странската помош за Македонија и дека во тоа е ...

Нема проневери со странските донации

Дневник - 06.10.2006

Познавачите велат дека осум од 10 позначајни донатори имаат свои имплементирачки агенции, т.е. самостојно се грижат за тендерите и финансирањето на проектите Амбасадорите на САД, ЕУ и на Велика Британија со своите вчерашни изјави до јавноста тврдат дека немаат информации за евентуални злоупотреби ...

Судир власт опозиција

Макфакс - 06.10.2006

Скопје Соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР) со кое јавно се осомничени за злоупотреби Радмила Шеќеринска и претседателот Бранко Црвенковски го заострува и проширува судирот меѓу власта и опозицијата. Полицијата синоќа соопшти дека е поднесен „Посебен извештај“ до надлежното ...

Три амбасади ги демантираа обвинувањата кон Шеќеринска

А1 - 05.10.2006

Три амбасади денеска ги демантираа вчерашните обвинувања на ВМРО вперени во екс вицепремиерката Радмила Шеќеринска, отфрлувајќи каква било злоупотреба на странска помош. Американската амбасада со соопштение изразува изненадување и демантира дека претходната влада во Македонија ја злоупотребила ...

Имало ли злоупотреби?

Време - 05.10.2006

ВЛАДАТА ПРОВЕРУВА КАКО Е КОРИСТЕНА СТРАНСКАТА ПОМОШ Злоупотреби и неправилности се утврдени при распределбата на странската помош од 2002 до 2006 година, кога потпретседателка за европски прашања беше Радмила Шеќеринска. Владата ќе преиспита како е користена помошта и дали има елементи на ...

Правела дубари со странската помош

Вест - 05.10.2006

Посебна владина група, МВР и финансиската полиција ќе испитуваат што се правело со странската помош добиена од 2002 до 2006 година, а со која во тоа време раководела поранешната вицепремиерка Радмила Шеќер И Владата и странските дипломати се сомневаат за проневера на дел од парите од милионската ...

Груевски ја обвини Шекеринска за проневера

Утрински - 05.10.2006

Владата вчера и отвори фронт на поранешната вицепремиерката Радмила Шекеринска, излегувајќи со тврдењето дека во времето кога таа беше координатор на странската помош, имало злоупотреби на странските донации, па стигнале поплаки и од странските амбасади.

Владата ќе го тресе работењето на Шекеринска

Дневник - 05.10.2006

Поранешната вицепремиерка Радмила Шекеринска верува дека ова е обид на ВМРО-ДПМНЕ да влијае врз резултатите од конвенцијата на СДСМ Злоупотреби и повеќе неправилности во распределбата на странската помош за која беше одговорна поранешната вицепремиерката за евроинтеграции Радмила Шекеринска ...

Странците контра владата дека се злоупотребувала странска помош – тие се задоволни

Канал5 - 05.10.2006

Меѓународната заедница ја демантира владата дека претходниот кабинет злоупотребувал милиони евра странска помош. Дипломатите во Скопје се изненадени и зачудени од тврдењата за вмешаност на екс вицепремиерката за евроинтеграции Радмила Шеќеринска во наводни неправилности во распределбата на ...

Злоупотребени дел од донациите во секторот за евроинтеграции

Вечер Прес - 05.10.2006

Добар дел од добиените над 200 милиони евра од КАРДС програмата, УСАИД и УНДП наменети за јакнење на институциите, капацитетите во администрацијата и развивање на локалните единици биле злоупотребени, велат од Владата Работна група формирана од Владата ќе работи на преиспитување на начинот на ...

Американската амбасада негира дека се злоупотребени средства на УСАИД

Макфакс - 05.10.2006

Скопје Американската амбасада изрази „изненадување“ и демантира дека претходната Влада во Македонија ја злоупотребила помошта обезбедена од Владата на САД преку агенцијата УСАИД. „Од 1993 наваму, американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано повеќе од 450 милиони долари во Македонија.

Владата ја обвинува Шеќеринска за злоупотреба на странска помош

А1 - 04.10.2006

Дали борбата во СДСМ стана борба на живот или смрт, во која ВМРО подметнува бомба? Владата на Груевски денеска ја обвинува екс вицепремиерката Радмила Шеќеринска за злоупотреба на странска помош. „Беа изнесени забелешки од страна на повеќе ресори и министерства кои укажуваат на неправилности во ...

Груевски: Шеќеринска ја злоупотребувала странската финансиска помош

Канал5 - 04.10.2006

Радмила Шеќеринска од позиција на поранешна вицепремиерка ја злоупотребувала странската финансиска помош- обвини денеска владата на Никола Груевски. Реагирале странските амбасадори во земјава. Според актуелната вицепремиерка за евроинтеграции, нивните забелешки најмногу се однесувале на пасивноста ...

Владата ќе испитува злоупотреби на странска помош

Макфакс - 04.10.2006

Скопје Владата на Македонија ќе формира работно тело што ќе треба да ги испита „начелно утврдените злоупотреби’ во распределбата на странските пари. Ова било заклучено на седмата владина седница, одржана вчера, на која, меѓу другото, било потенцирано дека и „повеќе дипломатски претставници не се ...