TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Реџепи: „Апсење на членови на ОВК пораз на НАТО“

А1 - 22.02.2003

„Со апсењето на припадниците на поранешната ОВК не само што ќе се намали вредноста на борбата на ОВК, туку тоа ќе биде пораз и за НАТО, бидејќи токму оваа групација почитувајќи ги сите конвенции на војување му овозможи на НАТО да го ослободи Косово“, изјави косовскиот премиер Бајрам Реџепи.

Учката Лимај ќе се врати на Косово за доброволно да оди во Хагив војна во Ирак

Вест - 22.02.2003

Љубљана/Приштина,22 ноември - Потпретседателот на Демократската партија на Косово и пратеник во косовоскиот парламент Фатмир Лимај од Словенија каде беше уапсен, со специјален лет треба да се врати на Косово, каде доброволно ќе му се предаде на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна ...

Тројцата припадници на ОВК не се чувствуваат виновни

Дневник - 22.02.2003

ХАШКИ ТРИБУНАЛ Поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово - Харадин Баља, Исак Муслиу и Агим Муртези, завчера во Хаг се изјаснија како "целосно невини" за обвинението дека мачеле и убивале српски и албански цивили, јави Ројтерс.

Лимај ќе се врати на Косово за доброволно да замине за Хаг

А1 - 21.02.2003

Потпретседателот на Демократската партија на Косово и пратеник во косовоскиот парламент Фатмир Лимај од Словенија, каде беше уапсен, со специјален лет треба да се врати на Косово, каде доброволно ќе му се предаде на Хашкиот трибунал.

Косовските Албанци протестираа што учката Лимај е уапсен за Хаг

Вест - 21.02.2003

МАЛИШЕВО, 21 февруари (Ројтерс) - Илјадници косовски Албанци вчера излегоа на протести против апсењето на истакнат локален политичар кого Трибуналот на ОН го обвинува за сторени воени злосторства против српското население и други цивили.

Првите косовски Албанци се појавија пред Трибуналот во Хаг

Утрински - 21.02.2003

ХАГ - Тројцата поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово вчера се изјаснија како невини пред Хашкиот трибунал за воени злосторства за обвиненијата за убиства и брутално однесување над косовски Албанци и Срби во логор во Косово во 1998 година.

Приштина бара на уапсените команданти на ОВК да им се суди на Косово

Дневник - 21.02.2003

НАМЕСТО ВО ХАГ Хашката обвинителка Дел Понте и управникот на Косово Михаел Штајнер дошле во судир бидејќи обвинителката избрзала со информацијата дека Фатмир Лимај побегнал од Косово Косовската Влада ќе побара на четворицата поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово, обвинети за ...

Обвинетите членови на ОВК се изјаснија „невини“

А1 - 20.02.2003

Поранешните припадници на ОВК Хајрадин Бала, Исак Муслиу и Агим Муртези денеска се изјаснија дека не се виновни за злосторствата за кои ги обвини Хашкиот трибунал. Тројцата косовски Албанаци во понеделникот ги уапсија силите на КФОР на Косово, додека четвртиот обвинет Фатмир Лимај е уапсен еден ден ...

Учката Лимај уапсен во Словенија по барање на Хаг

Вест - 20.02.2003

ЉУБЉАНА, 20 февруари (АП) - Словенечките власти вчера официјално потврдија дека полицијата уапесила еден етнички Албанец осмничен за воени злостоства на Косово по кого трагаше трибуналот во Хаг. Фатмир Лимај, кој е обвинет за извршени злосторства за време на косовската војна во периодот од 1998 до ...

Словенците го испратиле четвртиот обвинет командант на ОВК во Хаг

Дневник - 20.02.2003

ПО АПСЕЊАТА ВО КОСОВО Фатмир Лимај, поранешен командант во ОВК и висок функционер во партијата на Хашим Тачи, завчера бил уапсен во Словенија, по што бил испорачан во Хашкиот трибунал. Тој е четвртиот командант на ОВК осомничен за воени злосторства против кого Хашкиот трибунал распиша јавна ...

Приштина ќе даде гаранции за обвинетите членови на ОВК

А1 - 19.02.2003

Косовските власти се подготвени да достават гаранции за четворицата поранешни припадници на ОВК, со цел нивните судења, по истражната постапка, да продолжат на Косово, најавија денеска високи претставници на власта во Приштина.

Три "ситни риби" веќе се во Хаг, Лимај сам ќе оди, а Тачи побегнал во Австрија?!

Дневник - 19.02.2003

КОМАНДАНТИ НА ОВК ОДАТ ВО ХАГ Тројцата поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово уапсени под обвинение дека вршеле воени злосторства вчера биле испорачани во Хаг, каде што ќе им се суди за воени злосторства. Харадин Баљај, Исак Муслиу и Агим Муртези се обвинети од Хашкиот трибунал ...

Тројцата уапсени припадници на ОВК префрлени во Хаг

А1 - 18.02.2003

Тројцата уапсени припадници на расформираната ОВК, кои Трибуналот ги терети за воени злосторства на Косово, денеска се префрлени во Хаг, потврди КФОР. Харадин Баљај, наречен Шаља, Исак Муслиу, наречен Черкиз, и Агим Муртезија, познат под прекарот Муризи, Трибуналог ги обвинува за илегален притвор, ...

Почна судењето на командант Реми и на уште тројца учки

Дневник - 18.02.2003

ВО ПРИШТИНА Во Приштина вчера почна судењето на поранешниот командант во ОВК Рустем Мустафа - Реми и на уште тројца други поранешни припадници на ОВК кои се обвинети дека малтретирале етнички Албанци, јави Ројтерс. Командант Реми е втор висок поранешен командант, по Даут Харадинај, кому ...

Уапсени првите команданти на ОВК по налог од Хаг

Дневник - 18.02.2003

АКЦИЈА ВО ПРИШТИНА КФОР и УНМИК вчера уапсиле тројца поранешни високи команданти на ОВК, кои се на потерници на Хашкиот трибунал. Според непотврдени извори, уапсени се Фатмир Лимај, поранешен командант во ОВК и актуелен пратеник од Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, како и поранешните ...

Судење на четворица членови на ОВК

А1 - 17.02.2003

Четворица поранешни членови на ОВК денеска се изведени пред Судот во Приштина под обвинение дека сториле воени злосторства против албанското население во периодот на 1998 и 1999 година. Рустем Мустафа, познат уште како командант Реми, Назиф Мехмети, Латиф Гаши и Наим Кадриу се товарат за убиство на ...