TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД го поздравуваат усвојувањето на Законот за локална самоуправа

Утрински - 26.01.2002

Стејт департмент Вашингтон - САД го поздравуваат договорот и усвојувањето на Законот за локална самоуправа во Македонија, истакна заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Филип Рикер, во изјава за Програмата на македонски јазик на Глас на Америка.

Најголем чекор кон зацврстување на локалната демократија

Утрински - 26.01.2002

ЗЕЛС Скопје - Постојаниот комитет на заедниците на единиците на локална самоуправа на Македонија (ЗЕЛС) го поздрави донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа. Како што се наведува во соопштението, новиот Закон за локална самоуправа е вистински израз на заложбите и на активностите на ...

Поздравено донесувањето на Законот за локална самоуправа

Утрински - 26.01.2002

Совет на Европа Стразбур - Генералниот секретар на Советот на Европа, Валтер Швимер и претседателот на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, Либерт Куатрекасас, вчера го поздравија усвојувањето на новиот Закон за локална самоуправа од страна на македонскиот парламент.

Локалецот изгласан со новиот механизам за гласање

Утрински - 26.01.2002

Собранието го донесе Законот за локална самоуправа, по двомесечни преговори и пеглање на разликите со меѓународно посредништво Со 85 гласови "за", четири "против" и исто толку воздржани Собранието завчера вечерта го усвои Законот за локална самоуправа, прв од законите што произлегуваат како обврска ...

Законот за локална самоуправа — најдобар можен компромис

Дневник - 26.01.2002

УСВОЕН ДОЛГООЧЕКУВАНИОТ АКТ Пратениците Албанци не се целосно задоволни од решенијата за здравството и за образованието Со 85 гласа "за", четири "против" и четири "воздржани", Собранието на Македонија доцна прексиноќа го усвои Законот за локална самоуправа, првиот од листата приоритетни закони што ...

Поздравено донесувањето на законот за локална самоуправа

А1 - 25.01.2002

Донесувањето на законот за локална самоуправа денеска го поздравија Европската Унија, Стејт Департментот, Советот на Европа и шефот на германската дипломатија Јошка Фишер. Усвоениот закон за локална самоуправа американскиот Стејт Департмент го оцени како важен чекор за демократијата во Македонија, ...

Арслани: По локалецот, треба да се донесат триесетина закони

Утрински - 25.01.2002

Според министерот за локална самоуправа Владата и парламентот по изгласувањето на законот за локална самоуправа треба да ги донесат сите закони кои произлегуваат од Рамковниот договор. Станува збор за 20-30 закони кои се наведени во договорот, изјави вчера Фаик Арслани, министер за локална ...

Законот за локална самоуправа требаше да осамне синоќа

Дневник - 25.01.2002

СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА СДСМ го обвини спикерот Стојан Андов дека намерно ја одлага процедурата за донесување на законот Собраниската расправа за предлог-законот за локална самоуправа вчера помина во знакот на обвинувањата помеѓу пратениците и собранискиот спикер.

Изгласан законот за локална самоуправа

А1 - 24.01.2002

Со 85 гласа „за“, 4 „против“ и 4 „воздржани“ конечно се изгласа законот за локална самоуправа по неколкумесечна напорна расправа по текстот на овој законски акт. Законот ги содржи најголемиот број обврски преземени со потпишувањето на рамковниот договор, меѓу кои принципите на децентрализација на ...

Локалецот денеска репризно во собранието

Утрински - 24.01.2002

По едномесечно пеглање на разликите околу контроверзниот закон за општините ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Денеска, точно напладне, пред пратениците треба да се најде коригираниот текст на законот за локална самоуправа. На ова репризно издание на законот, со кој се очекува да почне процесот за децентрализација ...

Запад задоволен од договорот за локална самоуправа

Утрински - 24.01.2002

Скопје - Западните дипломати изразија задоволство поради договорот на македонските и албански партии за законот за локална самоуправа што треба да биде усвоен во парламентот, како дел од Охридскиот мировен договор, потпишан во август во минатата година.

Локалната самоуправа утре по втор пат пред пратениците

А1 - 23.01.2002

По речиси месец и половина законот за локална самоуправа утре по втор пат пред пратениците. По вчерашната лидерска средба и владината седница на која, како што денеска соопшти ресорниот министер Фаик Арслани, беа испеглани последните спорни прашања, се очекува законот да ја добие поддршката на ...

Борис честеше шампањско

Вест - 23.01.2002

КОНЕЧНО УТВРДЕН ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на ПДП, Имер Имери, на ДПА,Арбен Џафери и генералниот секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов, вчера кај претседателот Трајковски постигнаа конечен договор за законот за локална самоуправа.

Претседателот Трајковски отвори шампањско за "локалецот"

Дневник - 23.01.2002

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Партиите се договориле да ги повлечат сите амандмани и предлогот чист да влезе во Парламентот Претставниците на четирите партии потписнички на охридскиот договор вчера се согласија за Законот за локална самоуправа, а предлогот доби амин и од ...

Шампанско за усогласената локална самоуправа

А1 - 22.01.2002

Првиот од законите кои произлегуваат како обврска од рамковниот договор - законот за локална самоуправа, конечно е договорен. Беа потребни неколку месеци да се усогласат разликите мегу македонскиот и албанскиот политички блок - темпо и време, кое останатите приоритетни закони ке го немаат.

Џафери прифати компромис за здравството

Утрински - 22.01.2002

Законот за локална самоуправа денеска на Влада Законот за локална самоуправа, согласно со договорот на лидерско-експертскиот тим, денеска треба да се најде на разгледување во Владата, која треба да ги предложи амандманите со кои ќе се интервенира во четирите спорни одредби.

Арслани: Ги надминавме спорните прашања!

Дневник - 22.01.2002

ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Спорните прашања во законот за локална самоуправа се надминати, Владата денеска ќе го разгледа законот, а до крајот на неделава ќе се најде и во Собранието, соопшти вчера министерот за локална самоуправа, Фаик Арслани.

Деблокиран законот за локална самоуправа

А1 - 21.01.2002

По одлуката на ДПА да ги прифати насоките кои експертот на Светската Банка Бруно Гомез ги даде за конкретизација за обврските од законот на локална самоуправа во областа на здравството, законот е деблокиран. „Џафери својата согласност на Ле Роа му ја соопштил уште вчера“, изјави денеска министерот ...

Џафери денеска треба да земе или да остави

Утрински - 21.01.2002

Законот за локална самоуправа оваа недела треба конечно да биде усогласен Законот за локална самоуправа денеска треба да го помине последниот политичко-експертски филтер, а утре да биде визиран од Владата, пред да им биде понуден на усвојување на пратениците во парламентот, е резултатот од ...