TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јавноста се замајува со датумите за избори

А1 - 22.01.2006

Сите датуми на власта и опозицијата за парламентарните избори. Се замајува ли јавноста директно од партиските кујни? 9 јули и 25-ти истиот месец се датумите кои лично ги брифираше Бучковски. Од неговата СДСМ излегува уште еден, понов - избори на 5 јули . Ден среда.

ДРУМ се залага изборите да се одржат на есен

Канал5 - 22.01.2006

ДРУМ е една од ретките опозициски партии кои претпочитаат парламентарни избори во редовниот термин. ДРУМ е една од ретките опозициски партии кои претпочитаат парламентарни избори во редовниот термин. За разлика од останатите опозиционери, кои бараат изборите да бидат пред 9 јули, во ДРУМ ќе се ...

Парламентарни избори на трети јули

Време - 21.01.2006

ВЛАСТА СО НОВ ТЕРМИН ЗА ЛЕТНО ГЛАСАЊЕ За власта не е проблематично изборите да почнат понеделнички Александра М. Митевска Трети јули е новиот изборен термин со кој лицитира власта, тврдат високи владини извори. Според нив, не е проблематично што тој датум паѓа во понеделник, бидејќи тој ден може да ...

Избори во почетокот на летото повеќе и одговараат на власта!

Утрински - 21.01.2006

Експерти и опозициски претставници согласни дека гласање во јуни или јули ги подобрува шансите на владеачката коалиција Мирчев: Стара техника во политиката е да му се дава на народот забава и леб, но не верувам дека во нашиот случај Светското првенство ќе има големо влијание Избори на почетокот на ...

Изборите не се фудбалска топка

Дневник - 21.01.2006

татЈанапоповска Изборите во земјава, според сегашните планови на власта, заслужија ист третман како најважната споредна работа на светот - фудбалот. Ако Владата постојано не потсетува дека овие избори се многу важни, 9 јули ни случајно не треба да биде термин за изборно соочување во Македонија.

Службениците на СДСМ сега ќе бидат професионалци

Дневник - 21.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ СО СПИСОЦИ ЗА досегашните ИЗБИРАЧКИ ОДБОРИ Сашо Кокаланов Мнозинството од членовите на избирачките одбори кои досега беа делегирани од СДСМ и од неговите коалициски партнери се вработени во државната администрација, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ.

Коалициите пред изборниот законик

Дневник - 21.01.2006

СОБРАНИЕ ВМРО-Народна ја услови поддршката на изборниот законик ако во втората фаза не и бидат прифатени барањата претседателот на ДИК да го предложи Комисијата за избори и назначувања, а да го избере Собранието со двотретинско мнозинство, и изборните органи целосно да се професионализираат.

Ќе добиеме уште еден мандат

Вечер Прес - 21.01.2006

Многу сте "тивки" на политичката сцена. Удобно ли Ви е во власта, г-не Стоиљковиќ? - Како можете да кажете дека сум тивок кога јас сум најгласен на сите средби на коалицијата. Минативе два месеца ги поминав сите општински организации на партијата, во подготовка за парламентарните избори.

ВРЕМЕ НА КОНТРАДИКТОРНОСТИ

Вечер Прес - 21.01.2006

Можеби предвидливо, текстот и просторот што ми е отстапен ќе го посветам на темата на неделата: Изборниот законик. Предвидливо, онака како што мислев по кандидатскиот статус ќе се развиваат работите во Собранието. Задоволување на две позиции.

Обвинувања за тоа кој ги контролира административците

А1 - 20.01.2006

Партиите со меѓусебни обвинувања за тоа кој ги контролира 120-те илјади вработени во јавната администрација. Причина - парламентарните избори 2006-та. Се предвидува вклучување на 30.000 административци во избирачките одбори. „1958 година, крај на 1998-ма, почеток на 1999 беше бројот на јавната ...

ВМРО-ДПМНЕ молчи за предлогот на Бучковски за терминот за избори

А1 - 20.01.2006

Втор ден молк во ВМРО-ДПМНЕ по најавите на премиерот Бучковски дека за власта идеален термин за изборите е 9 јули. Официјално, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не коментира , неофицијално, извори во неговата партија велат, не сме уверени во искреноста на Премиерот.

Фудбалот треба да ги спасува изборите

Време - 20.01.2006

ВЛАСТА СЕ СПРЕМА ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА 9 ЈУЛИ Александра М. Митевска Деветти јули, според процените на владиниот кабинет, е идеален термин за одржување на парламентарните избори. Затоа власта се подготвува за избори на тој датум, иако терминот дефинитивно ќе се утврди по консултациите и со опозициските ...

СДСМ подготвува изборен фалсификат

Време - 20.01.2006

НИКОЛА ГРУЕВСКИ ТВРДИ Штом толку инсистира државната администрација да биде вклучена во изборните органи, СДСМ подготвува изборен фалсификат, изјави вчера Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. - Уште еднаш ги повикувам да се откажат од таа идеја, бидејќи со тоа ќе и нанесат огромна штета на ...

Најбитна е одговорноста на изборите

Утрински - 20.01.2006

ПОЛЕМИКА По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека професионалната државна и јавна администрација била вклучена и во досегашните изборни процеси, во СДСМ велат дека тоа не треба да се зема како зло. Партиската активност не може и не смее да се доведува во врска со непристрасноста на административците.

Изборите ист ден со финалето на Мундијалот?

Утрински - 20.01.2006

Премиерот Владо Бучковски се поблиску до одлуката парламентарните избори да ги закаже за почетокот на летото ВМРО-ДПМНЕ е за предвремени избори, власта посакува избори на 9 јули! БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Премиерот Владо Бучковски е сў поблиску до одлуката парламентарните избори да ги закаже во терминот на ...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се натегаат за избирачките одбори

Утрински - 20.01.2006

Предлог-изборниот законик пред пратениците во февруари, усвојувањето во почетокот на март Нема никакви пречки за власта да го донесе изборниот законик, за првата фаза се потребни само 40 гласа, а за втората 61. Со измена на Кривичниот законик ќе се предвидат казни од три до пет години за нарушување ...

Груевски: СДСМ подготвува изборен фалсификат!

Утрински - 20.01.2006

СРЕДБА СДСМ подготвува изборен фалсификат, обвини вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој дошол до таков заклучок поради тоа што власта не отстапува од првичната идеја државната администрација да биде вклучена во изборните органи.

Власта подготвува фалсификат

Дневник - 20.01.2006

СРЕДБА ГРУЕВСКИ-ВЕЈСЕЛИ Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ПДП, Никола Груевски и Абдулади Вејсели, се противат избирачките одбори да бидат пополнети со вработени во државната и во јавната администрација. Тие вчера на средба во средиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје разговараа за изборната регулатива.

Избори на 9 јули

Дневник - 20.01.2006

СПОРЕД ВИСОКИ ВЛАДИНИ ИЗВОРИ Идеално е парламентарните избори да се одржат на 9 јули и сите подготовки се прават како гласањето да ќе бидат тогаш, изјавија високи владини извори. Од Кабинетот на премиерот Владо Бучковски истакнуваат дека не е се уште договорен конкретниот термин, но додаваат дека ...

Се појасни се разликите меѓу партиите за изборното законодавство

Канал5 - 20.01.2006

Четири дневната дебатата во Собранието, која само ги нагласи разликите на партиите околу изборното законодавство, заврши денеска. Четири дневната дебатата во Собранието, која само ги нагласи разликите на партиите околу изборното законодавство, заврши денеска.

Департизирање на администрацијата

Вечер Прес - 20.01.2006

Демократскиот сојуз бара целосна департизација на јавната администрација пред нејзиното вклучување во изборните органи. Според нив, идејата на СДСМ остава простор за фалсификување на волјата на граѓаните. За Демократскиот сојуз е сосема прифатливо изборните комисии да бидат составени од ...

Изборните органи без државни службеници

Вечер Прес - 20.01.2006

Со изземањето на партиските претставници од избирачките одбори и нивна замена со службеници од државната администрација, СДСМ се подготвува за нов изборен фалсификат е заедничкиот став на Никола Груевски и Абдулади Вејсели. Двајцата вчера имаа средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Бучковски веќе не му попушта на Груевски

Вечер Прес - 20.01.2006

Нова средба на тема изборно законодавство меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и премиерот Владо Бучковски, ќе нема. Во Владата сметаат дека е постигнат максимален можен консензус, од кој станува јасно дека изборната регулатива може да гарантира фер и демократски избори.

Груевски: СДСМ подготвува изборен фалсификат

А1 - 19.01.2006

Ќе успеат ли власта и опозицијата да постигнат џентлменски договор за датумот на изборите? Опозицијата генерално е за предвремени, Премиерот го нуди 9 јули, датум во редовниот термин, со кој изборната кампања и денот на гласањето ќе се поклопат со Светското фудбалско првенство и неговото финале.

Предлог за строги затворски казни за изборни инциденти

А1 - 19.01.2006

Строги затворски казни за изборни инциденти и директно полициско присуство на избирачки места. Со воведување вакви мерки владини функционери сметаат дека ќе дојдат до мирни парламентарни избори. Идејата е за било каков инцидент на избирачкото место казната да биде затвор од три до пет години.

ДС: Со новиот изборен законик Владата лесно ќе ги фалсификува изборите

А1 - 19.01.2006

Со новиот изборен законик Владата лесно ќе ги фалсификува изборите. На иста линија со ВМРО-ДПМНЕ и речиси целата опозиција и лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. Со предлогот наместо партиски кадри во избирачките одбори да бидат вклучени државните административци, социјалдемократите ...

СДСМ инсистира администрацијата да се вклучи во избирачките одбори

А1 - 19.01.2006

Администрацијата ги скара пратениците. СДСМ не се откажува лесно. Инсистира таа да се вклучи во избирачките одбори. „Наводните аргументи дека СДСМ ја партизирала оваа администрација и затоа не треба администрациијата да учествува во изборниот процес во избирачките одбори.

Љупчовистите и груевистите се скараа за изборниот модел

Утрински - 19.01.2006

Собранието втор ден расправаше за изборните правила Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ВМРО-Народна вчера се скараа за изборниот модел, според кој би се спровело гласањето за новиот пратенички состав. Во продолжението од собраниската дебата за изборниот законик, приврзаниците на Љупчо Георгиевски ги ...

Изборниот законик ги заборави парите за кампањата

Дневник - 19.01.2006

ЛДП БАРА СТРОГА КОНТРОЛА ЛДП бара од Владата со новиот изборен законик да предвиди следење на финансиското работење на партиите во изборната кампања. - Мораме прво да ја сузбиеме корупцијата кај политичките партии. За време на изборите финансиите кај партиите се многу пообемни од тековното ...

Мнозинскиот модел ги скара вмровците

Дневник - 19.01.2006

СОБРАНИЕТО ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Предлогот да се врати мнозински модел и изборите да се спроведуваат во два круга предизвика превирање во Собранието помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна за тоа кој модел овозможува поголеми изборни нерегуларности.

Груевски повторно ги обвини СДСМ за подготвување на изборен фалсификат

Канал5 - 19.01.2006

Груевски повторно излезе со обвинување дека власта планира фалсификат на изборите. Сега намерата ја препознава во непопустливоста на премиерот да го прифати нивното инсистирање - изборните органи да бидат сочинети од партиски претставници, а не од претставници од јавната администрација.

Парлементарните избори ќе се одржат на 9 јули

Канал5 - 19.01.2006

Парламентарните избори ќе се одржат на девети јули – високи владини извори го потврдуваат терминот кој Канал 5 веќе го објави. Проценките во Владата се дека нема опасност во овој летен термин граѓаните да бидат заминати на одмори - се очекува да го следат светското првенство во фудбал.

ВМРО-ДПМНЕ побара промена на изборниот модел

А1 - 18.01.2006

Вториот ден од собраниската расправа за предлог изборните закони во знак на расчитување на старите сметки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Народна. Повод - изборниот модел. ДПМНЕ бара мнозински , зашто само така ќе спречат преминување на пратениците од една во друга партија.

СДСМ ја отвора изборната рамка

Време - 18.01.2006

ЗАСЕДАНИЕ НА ВЛАДЕЈАЧКИОТ ВРВ Најтесното раководство на СДСМ синоќа требаше да ја отвори дебатата за сите теми поврзани со претстојните парламентарни избори. Претседателството на владејачката партија се собира на прва седница по новогодишните празници, за да почне да се договара за стратегијата и ...

Законикот нема да ги спаси изборите ако нема политичка волја

Време - 18.01.2006

ПОЧНА СОБРАНИСКАТА РАСПРАВА ЗА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА Цврста определба на владејачката коалиција е да спроведе фер и демократски избори, според европски стандарди.За тоа ќе придонесе и новиот изборен законик, иако законите сами по себе нема да значат ништо ако нема високо ниво на правна и политичка ...

Лекари и наставнициво избирачките одбори

Време - 18.01.2006

ЛДП ПРЕДЛАГА Во избирачките одбори да членуваат лекари и наставници, предложија пратениците од ЛДП, кои се спротивставуваат на досегашната практика партиски активисти да ги спроведуваат изборите. - Со децентрализацијата наставниците и професорите се во надлежност на локалната самоуправа, а на ...

Партиските донатори мора да имаат име и презиме

Утрински - 18.01.2006

Финансирањето на изборната кампања една од најслабите точки во изборниот законик, предупредуваат експертите Речиси 95 проценти од потрошените пари на политичките партии завршуваат на контото - изборна кампања КАТИЦА ЧАНГОВА Според експертски сознанија, речиси 95 проценти од потрошените пари на ...

Бучковски и Груевски ќе ги одмерат силите во Скопје?

Утрински - 18.01.2006

Почнуваат партиските шеми за носители на листи на претстојните парламентарни избори Партиите почнаа со разработка на стратегиските шеми пред претстојните избори. Моменталните калкулации на владејачките социјалдемократи се дека најголем успех ќе постигнат ако за носители на изборните листи ги ...

Последни избори со партиски шеф на ДИК

Утрински - 18.01.2006

Собраниската дебата за изборниот законик стартуваше без жестоки тонови Бидејќи најгорливите прашања власта и опозицијата ги договорија на лидерско ниво, прогнозите се дека ќе се верифицира првата фаза од изборниот законик Либералдемократите предлагаат партиите да се договорат ова да бидат последни ...

Прво термин за избори, па предлози за шеф на ДИК

Дневник - 18.01.2006

ОПОЗИЦИСКИ КАЛКУЛАЦИИ Опозицијата очекува власта прво да се изјасни за нивните пет предложени термини за предвремени избори, па потоа ќе разгледува кои се можни кандидати за претседател на ДИК. Според договорот постигнат на минатонеделните разговори на лидерите од власта и од опозицијата, двете ...

ЛДП не сака партии во изборните органи

Дневник - 18.01.2006

НОВО ИЗБОРНО ЗАКОНОДАВСТВО ЛДП ќе инсистира договорот помеѓу Владо Бучковски и Никола Груевски за претседателот на ДИК да се избира по предлог на опозицијата да важи само за претстојните парламентарни избори. По тие избори и судиите ќе треба да се тргнат од изборите, за наредните да има целосна ...

ДПМНЕ И Народна со различни затвови за изборниот модел

Канал5 - 18.01.2006

Изборниот модел ги спротистави пратениците на ВМРО ДПМНЕ и на ВМРО Народна. Пропорционалниот модел да се замени со мнозински го повтори барањето на ВМРО ДПМНЕ - Бонева, што ги испровоцира приврзаниците на Георгиевски. Изборниот модел ги спротистави пратениците на ВМРО ДПМНЕ и на ВМРО Народна.

Собраниска расправа по предлогот за донесување изборен законик

А1 - 17.01.2006

Прва собраниска расправа по изборните закони. Без разлика што се работи за прва фаза, фактот што ова е изборна година беше доволен мотив партиите, преку нивните пратеници, да бараат закон што повеќе им одговара на нивните интереси. Министерката Младеновска ги предупреди партиите.

Опозицијата ја обвини власта дека незаконски ја почнала кампањата

Време - 17.01.2006

И ПОКРАЈ ТОА ШТО ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ СЕ УШТЕ НЕ СЕ ЗАКАЖАНИ Диана Младеновска Владејачките партии ја почнаа кампањата пред законски определениот рок, кој е определен на најмногу 30 дена пред изборниот термин, кој, пак, се уште не е утврден, велат во опозициските партии.

Изборниот законик доби комисиска поддршка

Време - 17.01.2006

СОБРАНИЕ Едногласна поддршка за предлогот за донесување изборен законик вчера даде собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. - Најголемите измени се во делот на органите за спроведување на изборите - рече Субхи Јакупи, заменик-министерот за правда.

Шкариќ или Галев на чело на ДИК?

Утрински - 17.01.2006

Власта задоволна од постигнатиот напредок за изборниот законик, опозицијата резервирана Претендентот за прв човек на Државната изборна комисија не смее да има врска со партија во изминатите 10-15 години КАТИЦА ЧАНГОВА Универзитетските професори Светомир Шкариќ и Гале Галев се можни кандидати за ...

За изборните закони заседаваше Комисијата за политички систем

А1 - 16.01.2006

Ден пред собраниската расправа во Парламентот за изборните закони, денеска по нив заседаваше Комисијата за политички систем. Седницата помина во знак на барањето на турските членови на Комисијата за менување на изборниот модел.

Георгиевски носител на листата во Охрид

Време - 16.01.2006

ВМРО-НП СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ Љубчо Георгиевски, неформален лидер на ВМРО-НП, ќе биде носител на кандидатска листа во петтата, охридско-битолска изборна единица на претстојните парламентарни избори. Тоа, како што дознаваме од високи партиски извори, бил избор на Георгиевски, кој ...

Љубчо ќе бие битка со Митрева и со Георгиевски

Дневник - 16.01.2006

ТАКТИКА ЗА ПЕТТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Митко Јованов Неформалниот лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, ќе биде на чело на изборната листа во "петката" и ќе им се спротивстави на Љубиша Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е кандидат за носител на листата во таа единица и најверојатно на министерката за ...

Засега без кандидати за ДИК

Дневник - 16.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ Во ВМРО-ДПМНЕ се уште не разговарале кој кандидат ќе го предложат за претседател на ДИК бидејќи за викендот биле преокупирани со партиски активности на терен. - Добро е што е договорен концептот за избор на претседател на ДИК.

Изборниот законик ги скара Топузовска и Бонева

Канал5 - 16.01.2006

Да или не, за учеството на јавната администрација во избирачките одбори остануваат болни прашање за власта и за опозицијата. Дискусија на висок тон меѓу ЛДП и ВМРО ДПМНЕ. Опозиционерите се враќаат на изборите во 2002-та. Да или не, за учеството на јавната администрација во избирачките одбори ...

љубчо кандидат за пета изборна

Канал5 - 16.01.2006

Љубчо Георгиевски ќе биде носител на изборната листа на ВМРО Народна во петтата изборна единица. Одлуката била донесена во четвртокот.. Пред два месеца, извршниот комитет на партијата од општинските ограноци побарал предлози за носители на листи во шесте изборни региони..

Компромис, или ...

Вечер Прес - 16.01.2006

Можен ли е компромис за изборното законодавство? Ако се цени според квалитетот на сработеното од партиските лидери на двете најголеми парламентарни коалиции, компромис е можен, а може да се каже и реален. Дури девет од вкупно 12 барања, забелешки или услови на ВМРО-ДПМНЕ во тие четири часа договори ...

За изборите, сепак, по донесувањето на изборниот законик

Вечер Прес - 16.01.2006

Петте датуми за одржување на изборите што опозиционата коалиција "За подобра Македонија" му ги предложи на премиерот Бучковски, почнувајќи од 19 март па се до 16 април, законски се невозможни, сметаат во ВМРО-Народна. Според нив, законски е неопходно да поминат најмалку 70 дена од денот на ...