TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јарец-добро се чувствувате

Дневник - 09.11.2001

Денеска многу добро ќе се чувствувате. Иако располагате со малку енергија, сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и за деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.

Јарец-не обесхрабрувајте

Дневник - 07.11.2001

Денеска ќе мора да бидете истрајни и подготвени за искушенијата во деловната сфера. Контролирајте ја импулсивноста. Сметате дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.

Јарец-прифатете ја понудата

Дневник - 06.11.2001

Ако имате работа поврзана со патување, медиуми или сообразование, ве очекува динамичен ден. Не одбивајте ја можноста да научите нешто ново. Прифатете ја понудата за специјализација, семинари и сл. бидејќи ќе ви користи во вашата работа.

Јарец-нагласена интимност

Дневник - 05.11.2001

Денешните состојби со работата многу ве нервираат и ве прават агресивни, но тоа не е толку страшно затоа што веднаш потоа доаѓаат позитивни промени и смирување. Во средбата со вашата сакана личност ќе бидат нагласени интимноста и меѓусебното разбирање.