TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прв случај на птичји грип во Швајцарија

А1 - 26.02.2006

Прв случај на птичји грип во Швајцарија. Забележан е во околината на Женева, а потврден е во надлежната лабораторија во Цирих, соопшти денеска портпаролот на швајцарската Влада, Освалд Зиг. Тој потенцираше дека не станува збор за зараза од фарма , бидејќи женевскиот регион граничи со францускиот, ...

Нема птичји грип кај двата лебеди во Дојранското Езеро

А1 - 25.02.2006

Македонските ветеринарни служби изјавуваат дека нема појава на вирусот во двата мртви лебеди пронајдени во Дојранското Езеро. Во меѓувреме, словенечките власти информираа дека е откриен уште еден случај на смртоносниот вирус во близина на Марибор.

Франција потврди присуство на Х5Н1 на фарма за мисирки

А1 - 25.02.2006

Француското Министерство за земјоделство денеска го потврди присуството на смртоносниот вирус Х5Н1 на фармата за одгледување мисирки во југоисточниот дел на земјата. Случаи беа регистрирани во четвртокот на фармата која има повеќе од 11.000 мисирки во општината Версај во регионот Ена.

Втор случај на заразен лебед со птичји грип во Хрватска

А1 - 25.02.2006

Хрватска денеска соопшти за втор случај на див лебед заразен со птичји грип Х5. Присуството на вирусот е потврдено кај лебед најден мртов блиску до Трогир, на брегот на Јадранското Море. „Претпоставуваме дека се работи за видот на птичји грип Х5Н1, но со повеќе информации ќе располагаме следната ...

Жена и дете во Кина заразени со птичји грип

А1 - 25.02.2006

Дваесет и шест годишна жена од кинеската провинција Анхуеј и деветгодишно девојче од провинцијата Чжицзјан се заразени од вирусот на птичји грип, соопшти кинеската Влада. Нема податоци дали заразените имале контакт со болни птици.

Кисела вода против птичји грип

Вест - 25.02.2006

Прага, - Во хипермаркетите во чешките градови Брно и Висков се продава минерална вода на чија етикета се наведува дека е ефикасна против птичји грип. Минералната вода со вкус на портокал, лимон и грејпфрут е наречена "Фромин Актимун", а ја произведува локалната фирма "Аквамат", пишува весникот ...

Во Македонија се уште нема птичји грип

Време - 25.02.2006

ВО ЕВРОПА АЛАРМАНТНО Адријана Георгиев На Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје досега биле испитани 172 диви птици и кај ниедна од нив не било утврдено присуството на птичји грип, велат од Ветеринарната управа. По последните направени анализи, Македонија, Србија и Албанија се единствените ...

Стравот од птичјиот грип ја тресе Франција

Утрински - 25.02.2006

Откриен смртоносниот вирус на една фарма за мисирки Вирусот е откриен само неколку дена по дијагнозата направена врз дивите патки недалеку од фармата. Од 11.000 мисирки, пцовисале 400 и првентивно ветеринарните служби ги усмртија преостанатите Од наШиот дописник Тони ГламЧевски Нанси - Во Франција ...

Децата најмногу на удар од птичјиот грип

Утрински - 25.02.2006

Укажување Околу 45 проценти од досегашните случаи на заболени од птичји грип се забележани кај деца. Овие податоци се од шест земји кои потврдиле случаи на птичји грип кај луѓе со исклучок на Виетнам, каде што има 93 случаи. Една од причините зошто децата се изложени на ризик е фактот дека тие ...

За три минути се знае има ли птичји грип

Дневник - 25.02.2006

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ВО СКОПЈЕ Со брзи тестови за птичји грип вчера на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје беше утврдено дека штркот и пајката застрелани во Моноспитовско Блато не биле заразени со смртоносниот вирус.

Ништо не ја запира наездата на птичјиот грип

Дневник - 25.02.2006

ВО ЕВРОПА ОТКРИЕНИ НОВИ ЖАРИШТА НА БОЛЕСТА Во северна Грција вчера се потврдени уште седум случаи на птичји грип откако во крвта на седум пцовисани диви лебеди е пронајден смртоносниот вирус Х5Н1, од кого можат да се заразат и луѓето, јави МИА.

Болеста птичји грип нема да трае два три месеци

Канал5 - 25.02.2006

Заедничка политика во информирањето на птичјиот грип, заштита на ризичните групи и навремено информирање на патниците.. Заедничка политика во информирањето на птичјиот грип, заштита на ризичните групи и навремено информирање на патниците.

Во Франција се води специјална истрага за првиот случај на птичји грип меѓу домашни птици во ЕУ

Канал5 - 25.02.2006

Во Франција се води специјална истрага за првиот случај на птичји грип меѓу домашни птици во европската унија. Во Франција се води специјална истрага за првиот случај на птичји грип меѓу домашни птици во европската унија. Загрижува што фармата за мисирки се наоѓа во регионот Ена, каде минатиот ...

Анкета: Американците стравуваат од птичји грип

А1 - 24.02.2006

Приближно 60% од испитаните Американци изразиле страв од ширењето на птичјиот грип во светот, се резултатите од анкетата спроведена од Одделот за јавно здравје на Харвард. Целта на анкетата била направена за да се утврди колку граѓаните на САД се запознаени со птичјиот грип и превентива од болеста.

Нови седум случаи на птичји грип во Грција

А1 - 24.02.2006

Грција синоќа соопшти за нови седум случаи на птичји грип откриен кај мртви лебеди што биле заразени со високо патогениот вирус Х5Н1, со што бројката на заразени во птици во таа земја се искачи на 16. Грчкото Министерство за земјоделство новите случаи ги обелодени по извршените испитувања во ...

Македонското производство заштитено од птичји грип

А1 - 24.02.2006

Македонското производство на пилешко месо и јајца е целосно заштитено од евентуалната појава на птичји грип. Појавата на болеста во регионот ги ангажираше македонските производители да воведат екстра мерки за заштита. Експертите велат, во вакви услови во големите фарми нема шанси да заболи ниту ...

Птичји грип на фарма за мисирки во Франција

А1 - 24.02.2006

„На фарма со мисирки регистриран е заразен облик на вирусот на птичјиот грип Х5, но се уште не е познато дали станува збор и за вирусот Х5Н1, што е смртоносен за луѓето“, се наведува во соопштението на француското Министерство за земјоделство.

УНИЦЕФ: 45% од жртвите на птичји грип се деца

А1 - 24.02.2006

Фондот на ОН за заштита децата (УНИЦЕФ) денеска со соопштение до медиумите укажува дека превенцијата од птичјиот грип зависи од тоа колку брзо информациите за заштита ќе допрат до децата и до нивните семејства. Како што се наведува, околу 45% од досегашните случаи на птичји грип се забележани кај ...

Министерски состанок на ЕУ за птичјиот грип

А1 - 24.02.2006

Македонската делегација, предводена од министерот за здравство Владимир Димов, денеска во Виена ќе учествува на министерски состанок на ЕУ, посветен на последиците од вирусот на птичјиот грип во јавното здравство. Повод за средбата се последните случаи на птичји грип, посебно по информациите за ...

Ветеринарите и ловџиите го бараат вирусот кај дивите птици

Време - 24.02.2006

КОНТРОЛИТЕ НА ЕЗЕРАТА ПРОДОЛЖУВААТ Домашната живина во земјава нема да се вакцинира, иако тоа вчера го препорача Европската комисија, бидејќи како што велат од Ветеринарната Управа, кај нас се уште не бил регистриран вирусот на птичји грип Х5Н1.

Во Германија птичји грип во живинарска фарма

Утрински - 24.02.2006

По позитивните резултати за постоење на смртоносниот вирус Х5Н1 ХАМБУРГ - Германија го забележа првиот случај на заболена птица во живинарска фарма, чии првични тестирања беа позитивни за смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип, соопштија вчера германските власти.

Вакцини за птичји грип

Утрински - 24.02.2006

превентива Министерството за здравство, заради превентива од птичјиот грип, треба да обезбеди најмалку 10 илјади дози вакцина против грип за здравствените работници од примарната здравствена заштита и за вработените во инфективните болнички капацитети.

ПТИЧЈИ ГРИП НА ФАРМА ЗА МИСИРКИ ВО ФРАНЦИЈА

Канал5 - 24.02.2006

“На фарма со мисирки регистриран е заразен облик на вирусот на птичјиот грип H5, но се уште не е познато дали станува збор и за вирусот H5N1, што е смртоносен за луѓето”, се наведува во соопштението на француското Министерство за земјоделство.

Граѓаните се плашат од секоја мртва птица- вчера во Кисела Вода пронајден е мртов гулаб

Канал5 - 24.02.2006

Нема заболени диви птици од птичји грип. Од Ветеринарниот институт велат дека се негативни и последните анализи на чапјите од Битолско. Во овој регион отстрелот на преселни птици почна вчера вечер. Нема заболени диви птици од птичји грип.

НОВИ СЛУЧАИ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЕВРОПА

Канал5 - 24.02.2006

Опасниот вид на птичји грип H5N1 е најден кај диви птици во уште една германска покраина. Регионалните власти во источниот дел на северозападната покраина Шлезвиг-Холштајн соопштија дека две диви птици се носители на поттипот на вирусот што е опасен и за луѓето.

Минерална вода против птичји грип

А1 - 23.02.2006

Во хипермаркетите во чешките градови Брно и Висков се продава минерална вода на чија етикета се наведува дека е ефикасна против птичји грип. Минералната вода со вкус на портокал, лимон и грејпфрут е наречена „Фромин Актимун“, а ја произведува локалната фирма „Аквамат“, пишува весникот „Ровност“.

Одобрено вакцинирање птици во Холандија и Франција

Вест - 23.02.2006

ЗАШТИТА ОД ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЕУ БРИСЕЛ, 23 февруари (Ројтерс) - Ветеринарните стручњаци во Европската унија вчера ги одобрија плановите на Франција и Холандија да се вакцинираат милиони птици против птичји грип како превентива. Програмите се првите планови за превентивна вакцинација против ...

СП во Германија може да се одложи поради птичјиот грип

Утрински - 23.02.2006

Германските политичари сериозно размислуваат околу можната пандемија Германските политичари размислуваат за одложување на Светското првенство во фудбал ако вирусот на птичји грип, кој во последните недели се прошири во северна Германија напролет премине кај човекот.

Смртоносниот поттип на вирусот на птичји грип потврден во Словачка

Канал5 - 23.02.2006

Прв случај на смртоносниот поттип на вирусот на птичји грип H5N1 е откриен во Словачка, соопшти денеска словачкиот министер за селско стопанство Золт Шимон. Братислава/Берлин/Навапур, 23 февруари (МИА) - Прв случај на смртоносниот поттип на вирусот на птичји грип H5N1 е откриен во Словачка, соопшти ...

Птичјиот грип може да го откаже СП 2006

Вечер Прес - 23.02.2006

Германските политичари размислуваат за одлагање на Светското првенство во фудбал ако вирусот на птичји грип, кој последните недели се прошири во северна Германија, каде се регистрирани 103 случаи, напролет да премине кај човекот.

Димов: Опасноста од птичји грип е голема

Време - 22.02.2006

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕДУПРЕДУВА Веројатноста во Македонија да се појави вирусот на птичјиот грип, особено кај птиците, е голема, со оглед на тоа дека вирусот веќе е присутен во речиси сите земји во регионот, изјави министерот за здравство Владо Димов.

ЕУ се расправа околу вакцинацијата на живината

Вест - 22.02.2006

БРИСЕЛ, 22 февруари (АП) - Панел на ветеринарни стручњаци од Европската унија вчера дебатираа околу полезноста од вакцинирањето на живината за да се спречи ширењето на птичјиот грип меѓу живината за комерцијална намена. Членовите на ЕУ се поделени околу ефикасноста на вакцинирањето на живината.

Да не се ограничуваат патувања во земји со птичји грип

Утрински - 22.02.2006

Препораки на СЗО за смртоносниот вирус Мерки на претпазливост на границите на Балканот Светската здравствена организација препорачува да нема рестрикции во однос на патувањата и ригорозни контроли на границите и на патниците со оглед дека нема зголемен пренос на вирусот на птичји грип од птици на ...

Внимавај, мртва чавка

Утрински - 22.02.2006

Како што се зголемува стравот од појава и ширење на птичјиот грип, луѓето се повеќе обрнуваат внимание на мртвите птици кои можат да се забележат низ градовите, како што е оваа во близина на Домот на АРМ во Скопје. На најголемиот дел од нив можат да се забележат рани, кои индицираат дека смртта е ...

Германски воени авиони против птичјиот грип

Дневник - 22.02.2006

МРТВИТЕ ПТИЦИ СЕАТ СТРАВ ВО ЕВРОПА Германските власти завчера распоредија воени авиони "торнадо" и околу 60 војници обучени за вонредни ситуации во случај на напад со биолошко и хемиско оружје, на островот Риген на Балтикот, за да ги спречат птиците заразени со птичји грип да прелетаат на ...

Открие птичји грип кај домашни птици во Австрија

Канал5 - 22.02.2006

Во Европа откриен прв случај на смртоносниот вирус Х5Н1 кај домашна птица. Во Австрија потврдено дека две кокошки и три патки биле заболени од птичји грип. Во Европа откриен прв случај на смртоносниот вирус Х5Н1 кај домашна птица.

Германски политичари размислуваат за одлагање на мундијалот поради птичјиот грип

Канал5 - 22.02.2006

Германските политичари размислуваат за одлагање на Светското првенство во фудбал ако вирусот на птичји грип, кој во последните недели се прошири во северна Германија напролет премине кај човекот. Берлин, 22 февруари (МИА) - Германските политичари размислуваат за одлагање на Светското првенство во ...

Вирусот Х5Н1 се шири низ светот, Македонија подготвена

А1 - 21.02.2006

Вирусот Х5Н1 продолжува да се шири низ светот. Денеска е регистриран и во Словачка. Нови 22 случаи на птичји грип кај птици на северногерманскиот остров Риген потврдија германските власти. Во Индија 6 луѓе со симптоми на птичји грип се ставени во болнички карантин.

Х5Н1 регистриран и во Унгарија

А1 - 21.02.2006

Вирусот на птичји грип Х5Н1, во високо патоген облик пренослив и на човекот, е регистриран и во Унгарија кај три угинати лебеди во јужниот дел на државата. Ова, денеска во Будимпешта, го потврди портпаролот на Владата Андрас Батиз.

Птичји грип во Словачка

А1 - 21.02.2006

Првичните испитувања во Словачка покажаа дека во земјата има птичји грип, соопшти словачкиот министер за земјоделство Золт Симон. Птичји грип од типот Х5 е откриен кај еден угинат сокол и кај еден перчест нуркач. Примероците земени од птиците се на испитување во словачката национална лабораторија, ...

Потврден птичји грип кај хрватски лебед

А1 - 21.02.2006

Хрватското Министерство за земјоделство, шумарство и водно стопанство денеска потврди присуство на Х5Н1 вирусот во примерок од ткиво на пцовисан лебед кој минатата недела беше пронајден во Слатина на островот Чиово. Портпаролот на Министерството Младен Павиќ изјави дека во лабораторијата на ...

Европа ги чека птиците преселници од Африка

Вест - 21.02.2006

ПТИЧЈИОТ ГРИП ЌЕ СЕ ШИРИ НАПРОЛЕТ ПАРИЗ, 21 февруари (Ројтерс) - Ширењето на птичјиот грип низ Европа, за кој се претпоставува дека го донесоа водните птици од Црното Море, може уште повеќе да се зголеми кога птиците ќе почнат да мигрираат кон север од Африка, соопштија стручни лица.

Гугутките во Прилепско угинале од атипична чума

Време - 21.02.2006

МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И СРБИЈА БЕЗ ПТИЧЈИ ГРИП Анализите на угинатите гугутки од прилепското село Мало Коњари покажале дека нема присуство на вирусот на птичји грип, информираат од Ветеринарниот институт. Според резултатите од анализите, птиците угинале од атипичната чума или таканаречената пипка.

Гугутките во Прилепско пцовисале од пипка

Дневник - 21.02.2006

БОРБА ПРОТИВ ПТИЧЈИОТ ГРИП Гугутките во прилепското село Мало Коњари пцовисале од атипична чума или пипка, која е честа болест кај птиците, соопшти вчера Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по деталните испитувања.

Почина женасо симптомина птичји грипво Пловдив

Дневник - 21.02.2006

ПАНИКА ВО БУГАРИЈА Жена со симптоми на птичји грип прексиноќа почина на Инфективната клиника во Пловдив, иако првичните резултати не покажале дека таа била заразена со вирусот на птичји грип, јави Макфакс. Пациентката, која работела во погон за мелење месо, била хоспитализирана пред три дена со ...

Експлозија од птичји грип во Европа и регионот - птиците ќе дојдат и кај нас нема да не заобиколат

Канал5 - 21.02.2006

Смртоносниот вирус на птичјиот грип го зафати речиси целиот Балкан, Македонија нема да биде заобиколена вели министерот за здравство Владо Димов. Смртоносниот вирус на птичјиот грип го зафати речиси целиот Балкан, Македонија нема да биде заобиколена вели министерот за здравство Владо Димов.

Во Унгарија потврдено присуство на смртоносниот поттип на вирусот на птичјиот грип

Канал5 - 21.02.2006

Во Унгарија е потврден првиот случај на вирусот H5N1 на птичјиот грип, јавија денеска локалните медиуми. Будимпешта, 21 февруари (МИА) - Во Унгарија е потврден првиот случај на вирусот H5N1 на птичјиот грип, јавија денеска локалните медиуми.

Прв случај на птичји грип во Словачка, 22 нови случаи во Германија

Канал5 - 21.02.2006

Првичните испитувања во Словачка покажаа дека во земјата има птичји грип, соопшти словачкиот министер за земјоделство Золт Симон. Птичји грип од типот H5 е откриен кај еден угинат сокол и кај еден перчест нуркач. Братислава, 21 февруари (МИА) - Првичните испитувања во Словачка покажаа дека во ...

Наодите се негативни на птичји грип

Вечер Прес - 21.02.2006

Наодот од Факултетот за ветеринарна медицина на мострите од отстреланите птици од Дојранското Езеро е негативен, што значи дека нема присуство на вирус на птичји грип во овој реон, изјави Сашко Ташев, државен ветеринарен инспектор.

Почина жена со симптоми на птичји грип

Вечер Прес - 21.02.2006

Жена со симптоми на птичји грип завчеравечер починала на Инфективната клиника во Пловдив, иако првите резултати за високопатогениот вирус се негативни, јавија бугарските гласила. Пациентката, која работела во фабрички погон за мелено месо, била хоспитализирана пред три дена со тешка форма на ...

Почина жена со симптоми на птичји грип во Пловдив

А1 - 20.02.2006

Жена со симптоми на птичји грип синоќа починала на Инфективната клиника во Пловдив, иако првичните резултати за високопатогениот вирус се негативни, јавија бугарските гласила. Пациентката, која работела во фабрички погон за мелено месо, била хоспитализирана пред три дена со тешка форма на ...

Во Дојран нема присуство на птичји грип

А1 - 20.02.2006

Примероците земени од птиците преселници во Дојран немаат присуство на смртоносниот вирус на птичји грип. Екипа со ветеринарни експерти и ловџии денеска вршеше мониторинг и на Охридското Езеро на птиците преселници. Извршен е отстрел на 40-тина патки, гуски и други видови птици.

Откриен случај на птичји грип во Босна и Херцеговина

А1 - 20.02.2006

Во Босна и Херцеговина денеска е откриен првиот случај на птичји грип кај два лебеда, изјави раководителот на ветеринарната служба, Јози Багариќ. „Тоа е вирусот Х5“, додаде Багариќ. Дополнителните анализи од испратените примероци во британската лабораторија Вејбриџ ќе определат дали птиците се ...

Романија ќе уништи 35.000 птици поради птичјиот грип

А1 - 20.02.2006

Романските ветеринарни власти ќе уништат 35.000 птици во регионите Тузла, Наводари и Костанца, во југоисточниот дел на земјата, откако кај угинатите птици беше потврдено присуството на вирусот Х5Н1 на птичјиот грип. Поради смртоносниот вирус во општината Тузла ќе биде воведен селосен карантин а ...

Кина испрати во Украина примероци за вакцина против птичји грип

А1 - 20.02.2006

Кина и испрати на Украина примероци за вакцина против птичји грип, соопштија од украинското министерство за надворешни работи. Според соопштението примероците му биле предадени на украинското министерство за земјоделие со посредство на дипломатското претставништво на Украина во Пекинг.

Прилепските гугутки немаат птичји грип

Вест - 20.02.2006

ТРИЕСЕТИНА ПЦОВИСАНИ ПТИЦИ ТЕСТИРАНИ НА ВЕТЕРИНАРНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ Триесетина пцовисани гугутки од прилепското село Мало Коњари немаат птичји грип, тврди Министерството за земјоделство. Пцовисаните птици биле пронајдени во саботата, во непосредна близина на дворот на училиштето "Страшо ...

Во Мало Коњари во страв ги чекаат анализите за пцовисаните гугутки

Време - 20.02.2006

ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ПЛАШАТ ОД ПОЈАВА НА ПТИЧЈИ ГРИП Вознемирени и загрижени се жителите на прилепското село Мало Коњари откако пред три дена во дворот на локалното училиште биле пронајдени пцовисани околу 30 гугутки. Од ветеринарната станица велат дека анализите се очекуваат деновиве, а дел селани тврдат ...

Птичјиот грип се шири низ светот

Вест - 20.02.2006

МУМБАИ/ПАРИЗ, 20 февруари (Ројтерс) - Индија вчера соопшти дека прегледува десетици луѓе за птичји грип, додека Франција ги потврди своите први случаи на вирусот Х5Н1 во ширењето на смртоносниот грип по светот. Индиската влада рече дека претходните стравови за првата човечка жртва во земјата ...

Кај отстреланите диви птици нема птичји грип

Утрински - 20.02.2006

АНАЛИЗИ "Нема присуство на вирусот на птичји грип во шеесетте мостри земени во последните три дена од целата територија на Македонија", изјави завчера Соња Трајкова, портпаролката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која додаде дека присуство на вирусот на птичји грип ...

Птичји грип и во Индија, Франција и Иран

Утрински - 20.02.2006

Потврден смртоносниот вирус Х5Н1 во уште три држави Смртоносниот вирус Х5Н1 на птичјиот грип продолжува да се шири, а Индија, Франција и Иран станаа најновите земји во кои е потврдено неговото присуство. Во западна Индија вирусот е откриен меѓу илјадниците мртви кокошки на една фарма, а ...

Откриен прв случај на птичји грип во Босна и Херцеговина

Канал5 - 20.02.2006

Во Босна и Херцеговина денеска е откриен првиот случај на птичји грип кај два лебеда, изјави раководителот на ветеринарната служба Јози Багариќ. Сараево, 20 февруари (МИА) - Во Босна и Херцеговина денеска е откриен првиот случај на птичји грип кај два лебеда, изјави раководителот на ветеринарната ...

Во Романија ќе се уништат 35.000 птици поради птичјиот грип

Канал5 - 20.02.2006

Романските ветеринарни власти ќе уништат 35.000 птици во регионите Тузла, Наводари и Костанца, во југоисточниот дел на земјата, откако кај угинатите птици беше потврдено присуството на вирусот H5N1 на птичјиот грип. Букурешт, 20 февруари (МИА) - Романските ветеринарни власти ќе уништат 35.000 птици ...

Пациентка со симптоми на птичји грип почина во Пловдив

Канал5 - 20.02.2006

Во болница во бугарскиот град Пловдив денеска почина 27-годишна жена, која во петокот била хоспитализирана со симптоми на птичји грип, јави бугарската агенција БТА. Софија, 20 февруари (МИА) - Во болница во бугарскиот град Пловдив денеска почина 27-годишна жена, која во петокот била хоспитализирана ...

Птичјиот грип се шири во регионот - Македонија забрани увоз на живина од БиХ

Канал5 - 20.02.2006

Птичјиот грип сериозно се заканува. Македонската ветеринарна управа денеска со нова одлука. Увозот на живинското месо и производи од Босна и Херцеговина е забранет. Првичните резултати во лабораторијата на Босна покажале присуство на вирусот Х5 кај два лебеда. Птичјиот грип сериозно се заканува.