TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Анелка за 30 секунди го елиминира Работнички

Време - 06.10.2007

КУП НА УЕФА, 1. КОЛО: БОЛТОН - РАБОТНИЧКИ 1-0 Најскапиот фудбалер во историјата на премиерлигашот Болтон, Николас Анелка ја урна убавата бајка на Работнички Кометал и неговиот сон да се пласира првпат во групното натпреварување во Купот на УЕФА, откако со голот по само триесетина секунди по ...

Анелка го растури сонот

Вест - 06.10.2007

РАБОТНИЧКИ К. ГО ЗАВРШИ НАСТАПОТ ВО КУПОТ НА УЕФА Сонот на Работнички Кометал за настап во групите од Купот на УЕФА, што ќе беше најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал, заврши во 68. минута кога Никола Анелка во својот прв допир со топката го постигна единствениот погодок на реваншот со ...

Вечер без романтика во Болтон

Утрински - 06.10.2007

Работнички Кометал во реваншот со премиерлигашот загуби со 1:0 и со тоа ги заврши настапите во Купот на УЕФА Николас Анелка својот прв контакт со топката го претвори во гол Од нашиот известувач САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ БОЛТОН - Бајката, наречена Куп на УЕФА, за фудбалерите на Работнички Кометал заврши во ...

Чесен пораз против премиерлигашот

Дневник - 06.10.2007

Не разочаравме и достојно се презентиравме, вели тренерот на Работнички, Беквалац Работнички Кометал не изненади во Болтон и со пораз од 0-1 го заврши настапот во 1. коло од фудбалскиот Куп на УЕФА. Англискиот премиерлигаш оди во групите од најмасовното клупско натпреварување во Европа со вкупен ...

Одисејата заврши во Болтон

Вечер Прес - 06.10.2007

"Романтичарите" на Рибок стадионот го претрпеа единствениот пораз сезонава, што беше пресудно да не се пласираат во фазната група и ги завршија настапите на евросцената Македонскиот фудбал остана и без последниот претставник во еврокуповите. Екипата на Работнички К.

Солиден дострел на Работнички

А1 - 05.10.2007

Македонскиот клупски фудбал втора година едноподруго се простува од Евро сцената на почетокот на октомври. Сосема солиден дострел, ако се имаат предвид неколкуте сезони претходно. Работнички Кометал повторно беше наш најдолготраен репрезент во континентални рамки.

Работнички елиминиран од Купот на УЕФА

А1 - 04.10.2007

Работнички Кометал го загуби со 1:0 возвратниот меч со Болтон во првото коло од Купот на УЕФА и отпадна од натамошните натпреварувања во овој европски куп. Екипата на Болтон го започна натпреварот без неколку од своите напаѓачи и во текот на првото полувреме играта беше рамноправна, без поизгледни ...

Двата милиона евра толку блиску, а толку далеку

Вест - 04.10.2007

Куп на УЕФА - РаботниЧки Кометал веЧерва (21 ч.) го игра реванШот со Болтон Беквалац: Се додека не бидеме елиминирани, не сакам да ми се прекине сонот, односно бајката која трае веќе три кола во Купот на УЕФА Работнички Кометал, нашиот последен мохиканец во фудбалска Европа, на вечерашниот ...

Работнички мора да го нападне англискиот „фенерџија“

Време - 04.10.2007

ВЕЧЕРВА КУП НА УЕФА: БОЛТОН - РАБОТНИЧКИ Македонскиот клупски фудбал, вечерва (21 часот, пренос на МТВ) на стадионот „Рибок“, преку Работнички Кометал ќе треба да одговори дали фудбалски сме подготвени да бидеме дел од втората европска лига и да бидеме дел од лигашкото натпреварување во Купот на ...

Работнички К. и моментот на историјата

Утрински - 04.10.2007

Дебармаалци се убедени дека ќе го поминат Болтон, па макар го сториле тоа и по изведување пенали За да остварат историски успех и да станат прв македонски тим што обезбедил место во главниот дел во еден од двата фудбалски купа во Европа, на дебармаалци ќе им биде потребен гол повеќе од ...

Машки, па што биде

Вечер Прес - 04.10.2007

"Романтичарите" ќе се обидат вечерва на Рибок стадионот да се претстават во најдобро издание што може да им го донесе првиот пласман во фазата по групи и останување на евро-сцената Фудбалерите на Работнички К. вечерва (21 ч.) на Рибок стадионот ќе истрчаат со единствена желба да се претстават во ...

Работнички се подготвува во Англија

А1 - 03.10.2007

Македонскиот фудбалски „Мохиканец“ на Евро сцената, тимот на Работнички Кометал, од денеска во Англија се подготвува за реваншот со Болтон, од првото коло во Купот на УЕФА. Нашиот вицепрвак на „Рибок“ утревечер се надева на сензација, со тоа и на пласман во групите од најмасовното натпреварување.

Дебармаалци сонуваат бајка - Работнички во Лигата на УЕФА

Време - 03.10.2007

УТРЕ КУП НА УЕФА: БОЛТОН - РАБОТНИЧКИ Никола Богојевски Единствениот македонски европретставник Работнички Кометал верува дека може да направи сензација на стадионот „Рибок“ против премиерлигашот Болтон, на утрешниот реванш-меч за пласман во посакуваната Лига-куп на УЕФА.

Потребен е гол за надежен резултат

Вест - 03.10.2007

РаботниЧки К. утре го игра реванШот со Болтон Само со постигнат гол на утрешниот реванш-натпревар со Болтон, фудбалерите на Работнички Кометал ќе можат да се надеваат на резултат што евентуално ќе им овозможи пласман во една од групите на Купот на УЕФА.

Работнички К. ги понесе во Болтон скопските амбиции

Утрински - 03.10.2007

Во клубот се надеваат во сензација која ќе одекне како бомба во фудбалска Европа САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Експедицијата на Работнички Кометал утринава отпатува за Манчестер, а оттаму до крајната дестинација - Болтон, каде што утре со почеток во 21 часот по македонско време (20 ч.

„Рибок“ како отскочна штица

Дневник - 03.10.2007

Позитивна атмосфера во таборот на Работнички Кометал пред мечот во Болтон, и покрај ремито од Скопје (1-1) Со желба да се постигне барем еден гол, Работнички Кометал вечерва од 21 часот (МТВ-пренос) гостува на „Рибок стадион“ против англискиот премиерлигаш Болтон, во возвратниот меч од првото коло ...

Костовски: Пред вратата на рајот

Дневник - 03.10.2007

Премијата за пласман ќе биде поголема од 7.000 евра по играч, откри потпретседателот на клубот, Коста Костовски Бајката наречена настап во Купот на УЕФА да потрае и по мечот со Болтон, што значи и пласман во натпреварите по групи, посакуваат од таборот на единствениот преостанат македонски ...

"Романтичарите" сакаат да останат во бајката

Вечер Прес - 03.10.2007

Во клубот сите веруваат дека ако постигнат погодок "роматичарите" ќе имаат големи шанси да се пласираат во фазната група, што би бил најголем успех на еден македонски клуб Во редовите на македонскиот вицешампионот Работнички К.

Работнички е нашата фудбалска надеж

А1 - 02.10.2007

Работнички Кометал е единствената Македонска фудбалска надеж дека втората европска лига, Купот на УЕФА, ќе биде присутна и на нашите терени барем уште половина година. Избраниците на Драгољуб Беквалац не го казнија до крај фаворизираниот Болтон.

На Болтон во втор план му бил Купот на УЕФА!

Време - 02.10.2007

ЗАДУТРЕ КУП НА УЕФА: БОЛТОН - РАБОТНИЧКИ Македонскиот европретставник Работнички Кометал, речиси комплетен и само со неизвесноста за настапот на младинскиот репрезентативец Иван Тричковски, ќе отпатува утре за Англија, каде што в четврток против Болтон ќе се обиде да направи сензација и да се ...

Челзи му ги зголемува шансите на Работнички К. за подвиг во Болтон

Утрински - 02.10.2007

Мечевите со овие две екипи в четврток и в недела се посочуваат како круцијални за тимот од стадионот „Рибок“ во оваа сезона Димитар Лазаревски (лево) САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Алармот во Болтон одамна е запален, црвеното светло на „Рибок“ стадионот е пред прегорување, иако менаџерот Семи Ли се надева и ...

Тричковски најавува гол во Болтон

Дневник - 02.10.2007

Офанзивна игра и гол во мрежата на англискиот премиерлигаш Болтон, најавува напаѓачот на Работнички Кометал, Иван Тричковски, во пресрет на возвратниот меч од 1. коло од Купот на УЕФА. Дуелот се игра в четврток, од 21 ч., а по првиот меч е 1-1. Победникот ќе влезе во фазата по групи.

Работнички Кометал на врвот на табелата

А1 - 01.10.2007

Во домашното фудбалско првенство, смена на лидерската позиција по осмото прволигашко коло. Симнат е од врвот дебитантот Милано, нов предводник на екипите во нашето најквалитетно друштво е Работнички Кометал. Двојниот македонски првак кој во мај и ја препушти шампионската круна на Победа, изби на ...

Беквалац не се штедеше за Болтон, настрада Тричковски

Време - 01.10.2007

ПРВ МЕЧ ОД 8. КОЛО од ПРВАТА ЛИГА Единствениот македонски фудбалски европретставник Работнички Кометал со победа против Шкендија од 2-0 ќе патува во Болтон, каде што в четврток му гостува на англискиот премиерлигаш во реванш-натпреварот од првото коло од Купот на УЕФА.

Работнички лесно против "фенерџијата"

Вест - 01.10.2007

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА Работнички Кометал се загреа за реваншот со Болтон, совладувајќи го последнопласираниот тим Шкендија 79 со 2:0 во првиот натпревар од осмото коло на Првата фудбалска лига. Актуелниот вицешампион в четврток му гостува на премиерлигашот, откако во првиот меч одиграа без победник ...

Шеста првенствена победа на Работнички Кометал

Утрински - 01.10.2007

Дебармаалци славеа со 2:0 над Шкендија 79, стрелци на головите беа Минас Османи во 19. минута и Немања Милисавлевиќ во 88. Иван Тричковски и Елфат Бајрами САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Нова, рутински извојувана, победа остварија фудбалерите на Работнички Кометал во македонскиот шампионат со која барем 24 часа ...

Османи проработи за Болтон

Вечер Прес - 01.10.2007

Брзоногото крило на "романтичарите" го постигна својот прв првенствен гол, но најавува уште, особено пред реваншот со англискиот премиерлигаш во Купот на УЕФА Екипата на Работнички К. за прв пат сезонава се искачи на самиот врв на прволигашката табела.