TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонските енергетски власти се мобилизираа

А1 - 17.02.2008

Албанија почна да извезува струја на Косово веднаш откако покраината прогласи независнот, јавија медиумите во Тирана. Белград се закани со економска блокада на Косово, а закана упати и до Албанија, ако продолжи да му извезува струја.

Грција ќе не спасува со струја

Време - 16.02.2008

ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИТЕ НЕ ПРОИЗВЕДОА ДОВОЛНО ЕНЕРГИЈА Грција повторно ја спасува Македонија од недостиг од електрична енергија оти државните електроцентрали не можат да ги задоволат потребите, тврдат за „Време“ извори во државната компанија за пренос на електрична енергија, МЕПСО.

Законот за енергетика не нуди фер натпревар

Утрински - 16.02.2008

За „Транспарентност - Македонија“ Владата потроши 18 месеци во политичко одржување ниска цена на струјата „Новиот закон за енергетика, кој е во процедура во Собранието, е уште еден производ на владината практика во неговата подготовка да не биде консултирана пошироката стручна јавност и да не бидат ...

Со популизам се одржува ниска цената на струјата

Дневник - 16.02.2008

Законот за енергетиката остава простор за нерегуларности и за можна корупција во трошењето стотина милиони евра, посочија од „Транспарентност“ Владата потроши 18 месеци за политичко одржување ниска цена на електричната енергија наместо да развива стратегија како неизбежното поскапување да се одвива ...

Фени - најголем потрошувач на струја во земјава

Вечер Прес - 16.02.2008

Големите потрошувачи, граѓаните и малите индустриски капацитети годинава ќе имаат потреба од 10.095 GWh електрична енергија, стои во Енергетскиот биланс за 2008 година. Според податоците, од преносниот оператор МЕПСО големите фабрики, кои од почетоков на годината сами купуваат струја, на отворениот ...

Чија е вината што во Македонија има недостиг од струја

Канал5 - 15.02.2008

Државните електрани нема суштински да ги коригираат проекциите за производство на струја за оваа година. Мала промена може да има единствено во бројките за хидрокапацитетот, тврдат неофицијално за канал 5 извори од компанијата.

Грција ќе ја спаси Македонија од недостиг на струја

А1 - 14.02.2008

Грција повторно ја спасува Македонија од недостиг на струја. Државната компанија за пренос „МЕПСО“ договори размена на дневна електрична енергија со грчките енергетски власти, од денеска па во наредните 10 дена. Кусокот се јави поради лошата проекција на производството кај државните електрани ...

Можен е вонреден увоз на струја

Време - 14.02.2008

ПОТФРЛИЈА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ Наташа Стојановска Државната компанија за пренос на струја, МЕПСО, ги чека новите податоци за производството и за потрошувачката на струја од државните електрични централи и од Австријците од ЕВН, за да реши дали ќе прави нов дополнителен увоз или Македонија ќе троши скапа ...

МЕПСО најавува нов тендер за увоз на струја

Утрински - 14.02.2008

Од почетокот на годинава досега хидроцентралите произвеле 52 ггвч. струја помалку, што е за 37 отсто под планираното со енергетскиот биланс за годинава. Плус, ЕВН - ЕСМ за периодот од 1 јануари до 11 февруари презел од системот 28 ггвч.

Прекинот на струја од Србија би бил катастрофа за Македонија

Утрински - 14.02.2008

Преку северниот сосед влегува најголем дел од увозната струја, а главниот далновод е Ниш, Косово Поле до Скопје Маја Томиќ Евентуалниот прекин на испораката на струја од Србија кон Македонија за земјава би претставувало вистинска катастрофа, коментираат енергетски експерти.

Потрошувачката на струја поголема, производството потфрли

Дневник - 14.02.2008

Потрошувачката на струја во земјава од почетокот на годинава до 11 февруари е поголема од планираната, а производството помало. Поради тоа Македонскиот електропреносен систем-оператор бара од ЕСМ-ЕВН и од „Електрани на Македонија“ да достават ревидирани биланси за планираната потрошувачка и ...

Вештачките езера станаа бари!

Вечер Прес - 14.02.2008

Преносниот оператор МЕПСО ќе одлучува дали ќе објави нов тендер за дополнителен увоз на струја или ќе го вклучи ТЕЦ Неготино во системот поради намалениот хидропотенцијал во земјава Преносниот оператор МЕПСО, во консултација со Владата и со министерствата за економија и за финансии, ќе одлучи дали ...

ЕЛЕМ ја доведе земјава пред недостиг на струја

А1 - 13.02.2008

Државните електрани на чело со Чингоски ја доведоа земјава пред недостиг на струја и нов трошок за набавка на кусокот, поради лошото планирање на производството. Електраните потфрлиле во проекцијата колку ќе произведат, па во јануари се јавил кусок од 37% помалку струја од хидрокапацитетите.

Генераторот е причина за прекинот на струјата во Воена болница

А1 - 13.02.2008

Застарениот генератор не можел да го издржи напојувањето. Тоа било причината што Воената болница вчера наутро цел час остана без електрична енергија. Екипи на ЕВН доцна синоќа го отстраниле дефектот, но препорачале генераторот под итно да се замени со нов.

Воена болница остана без струја

Време - 13.02.2008

ПРЕД ДА ПОЧНАТ ОПЕРАЦИИТЕ Воена болница остана без струја вчераутро, околу девет часот, веднаш по визитата, кога лекарите се подготвувале да влезат во салите за операција. Цел час лекарите чекале во неизвесност пред операциските сали, а пациентите, кои веќе биле подготвени за операција, во паника ...

Воена болница без струја, премиерот не дојде

Вест - 13.02.2008

Откако Болницата вчера утрото останала без струја, докторите веднаш пратиле абер до Владата дека го чекаат премиерот Никола Груевски да дојде да ги посети, како што тоа го направи пред два месеца кога без струја остана Кардиохирургијата "Филип Вт Воена болница вчераутро околу 9:30 часот остана без ...

Воена болница еден час остана без струја

Дневник - 13.02.2008

Еден час без струја остана скопската Воена болница вчера во утринските часови, поради што беа одложени повеќе закажани операции. Дополнителен проблем настанал кога бил вклучен помошниот генератор, кој поради оптоварување не можел да обезбеди доволно електрична енергија.

Нов конфликт меѓу МЕПСО и ЕЛЕМ

Канал5 - 13.02.2008

Преносниот оператор препозна лошо планирање во производството на домашна струја кај Електрани. МЕПСО открива дека во јануари ЕЛЕМ произвела помалку струја од она што го ветила во енергетскиот биланс. Дури за 37 отсто потфрлил планот на компанијата кај хидрото.

Од струјата за крстот бегаат ко ѓаволи!

Вечер Прес - 13.02.2008

Крстот ќе биде жртва на новиот Закон за енергетика, бидејќи испорачаната струја за ЕВН Македонија претставува загуба која компанијата не може да ја наплати, а ќе ја купува по пазарни, наместо по регулирани цени како досега Милениумскиот крст на падините на Водно, најграндиозната градба во Скопје, ...

МЕПСО бара струја по размена

А1 - 12.02.2008

Државната компанија за пренос МЕПСО бара струја по регионот за да ја спаси земјава од недостиг. А1 од владини извори дознава, дека раководството на МЕПСО, се обратило до енергетските власти во Србија, Грција и Бугарија. Бара струја по размена, која потоа земјава ке ја враќа назад.

Воената болница еден час без струја

А1 - 12.02.2008

Цела Воена болница утринава околу девет часот останала без струја, непосредно пред да започнат операциите. Лекарите цел час чекале пред операционите сали да дојде напојување. Пациентите кои во моментот биле подготвувани за операции, во паника прашувале што се случува, зошто се одложуваат ...

Компаниите ја преплатија увезената струја

Време - 12.02.2008

ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ БЕЗ УСУЛ Големите производители плаќаат илјадници евра за струја што воопшто не ја искористиле, бидејќи погрешно испланирале и договориле многу поголеми количества со трговците. Според податоците на Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) три последователни дена ...

Нов увоз на струја или ТЕЦ Неготино - дилема да се ублажи евентуална криза

Канал5 - 12.02.2008

Енергетските власти се мобилизираат. Итно прават стратегија за ублажување на евентуална криза која би можела да ја предизвикаат актуелните политички состојби во регионот, тврдат извори од енергетските компании. Велат дека состојбите дополнително ги усложнува и хидро - потенцијалот кој бил на ...

МЕПСО ќе го соопштува конзумот на струја

Вечер Прес - 12.02.2008

Преносниот оператор МЕПСО на својата веб-страница од вчера почна да ја објавува дневната потрошувачка на струја во земјава, во одредни периоди од денот. Конзумот на електрична енергија во неделата изнесуваше 29.586 мегават-часови, што претставува 6,2 отсто помалку од планираната потрошувачка на ...