TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Над деведесет повредени во самоубиствен напад на Палестинец

А1 - 27.01.2002

Најмалку деведесет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба при денешниот самоубиствен напад на Палестинец во центарот на Ерусалим, соопштија претставници на израелската полиција и болнички извори. Напаѓачот самоубиец загинал на самото место.

Нови жртви од самоубиствен напад во Тел Авив

А1 - 25.01.2002

Најмалку десет лица се ранети во самоубиствен напад извршен утрово во Тел Авив, објави израелското воено радио повикувајќи се на болнички извори. Според изјавата на еден израелски полицаец, нападот го извршил маж на мотор во Неве Ша'анан, деловниот дел на Тел Авив.

Киднапирани двајца Палестинци

А1 - 24.01.2002

Израелската војска денеска при упадот во автономниот сектор Хеброн грабна двајца Палестинци, јавија западните агенции, повикувајќи се на палестински извори. Една израелска воена единица изутрината интервенираше во делот на Хеброн што го контролираат палестинските власти и отвори оган врз двајца ...

Две израелки починаа во нападот на Палестинец

А1 - 23.01.2002

Две Израелки им подлегнаа на повредите што ги задобија кога вооружен Палестинец од автоматско оружје отвори оган врз група Израелци кои чекаа автобус во центарот на Ерусалим, соопштија болнички извори. Двете постари жени, чиј идентитет не е соопштен, беа тешко повредени во нападот што беше извршен ...

Хамас отвора жестока војна со Израел

Вест - 23.01.2002

Палестинската полиција се обидува да ги спречи следбениците на Хамас да влезат во централниот палестински затвор во Наблус на Западниот Брег каде што сакаат да побараат ослободување на затворените милитант ГАЗА, 23 јануари (Ројтерс) - Милитантното исламско движење Хамас изјави дека вчерашните ...

Убиени четворица припадници на Хамас?

Утрински - 23.01.2002

Израелски војници го нападнаа и палестинскиот град Наблус НАБЛУС - Израелски војници убија четири палестински милитанти во нападот извршен вчера во градот Наблус на Западниот Брег, а израелски тенкови и војници започнаа да се повлекуваат од блискиот град Тулкарм, еден ден откако го заземаа.

Путин повикува на мир

Утрински - 23.01.2002

Арафат бара поддршка од Москва МОСКВА - Палестинскиот претседател Јасер Арафат, во понеделникот му телефонирал на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи негова поддршка, а рускиот лидер апелирал до Палестинците и Израелците да го одбегнат насилството.

Израел ја премина црвената линија

А1 - 22.01.2002

Еден ден по завземањето на автономниот палестински град Тулкарем во Западен Јордан, израелските тенкови невлегоа и во Наблус. Притоа убиени се петмина палестински екстремисти, а деветмина се уапсени, соопшти еден армиски портпарол. Се претпоставува дека тие биле членови на радикалното движење Хамас.

Арафат бара помош од Русија

Вест - 22.01.2002

Палестинци го креваат загинатиот воорижен напаѓач кого го убиле израелските војници во Рамалах на Западниот Брег МОСКВА, 22 јануари (Ројтерс) - Палестинскиот претседател Јасер Афарат вчера ја предупреди Русија за "крајно опасната " ситуација на Блискиот Исток, а еден палестински пратеник ја повика ...

Израелски сили го зазедоа Тулкарем

Утрински - 22.01.2002

Голема офанзива на израелската армија на палестинска територија ТУЛКАРЕМ - Израелски војници, поддржани од хеликоптери и тенкови, вчера го освоија градот Тулкарем, кој беше под палестинска власт, заземајќи позиции низ целиот град.

Израелската војска го зазеде Tулкарем

А1 - 21.01.2002

Израелската војска го зазеде палестинскиот град Тулкарем, на север од Западниот Брег, изјави гувернерот на тој град, а тоа го потврдија и израелски извори. Војниците зазеле неколку куќи од кои со сила ги натерале цивилите да си заминат.

Јасер Арафат размислува да даде оставка

Вест - 21.01.2002

ИЗРАЕЛСКИОТ ВЕСНИК "ЈЕДИОТ АХРОНОТ" ТВРДИ: Тел Авив, 21 јануари - Палестинскиот лидер Јасер Арафат размислува да поднесе оставка поради неуспехот да добие поддршка од западните земји, по најновиот терористички напад во Хадера од страна на милитантното крило на палестинското движење Ал Фатах, пишува ...

Запалена радиостаницата "Глас на Палестина"

Утрински - 21.01.2002

Жесток одговор на израелската армија по серијата терористички напади на Палестинците РАМАЛАХ - Израелски војници во саботата ги уништија канцелариите на радио станицата "Глас на Палестина" за да се одмаздат за убиствениот палестински напад, и разменија оган со Палестинците на Западниот Брег и ...