TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски: Засега е тешко да се најде

Н.Македонија - 21.02.2009

Генерално е добро да има мешани смени во Струга, но дали е можно, треба да се види на терен, изјави во Охрид премиерот Никола Груевски. Според него, проблемот со Струга постои откако е донесен Законот за територијална организација, но потсети и дека ...

ОБСЕ ќе разговара со родителите и наставниците

Вест - 20.02.2009

Во Струга вчера беше направен уште еден обид од понеделник да продолжи наставата во "Нико Нестор" која средношколците Македонци ја бојкотираат веќе втора недела, барајќи воведување на јазични смени.

Медијатори на ОБСЕ ќе го решаваат струшкиот случај

Утрински - 20.02.2009

СТРУГА - Канцеларијата на ОБСЕ испрати квалификувани медијатори за надминување на проблемот во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга каде што учениците-Македонци веќе втора недела ја бојкотираат наставата.

ОБСЕ со посредници ќе помага во Струга

Дневник - 20.02.2009

ОБСЕ ќе ангажира посредници, кои преку разговори со сите заинтересирани страни треба да обезбедат услови за непречено одвивање на наставата во двете средни училишта во Струга во кои таа десетина дена е во прекин поради тепачки меѓу учениците од албанска ...

И ОБСЕ ќе го решава струшкиот проблем

Н.Македонија - 20.02.2009

ОБСЕ ќе посредува во решавањето на проблемот во струшките средни училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, преку професионални посредници. Тие, заедно со надлежните институции на локално и централно ниво, родителите, наставниците и раководствата на ...

Груевски: Добро е да има мешани смени

Алсат-М - 20.02.2009

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека се работи на решавање на проблемот со средното струшко училиште Нико Нестор, но и дека до него е многу тешко да се дојде.

ОБСЕ против сегрегирана настава во „Нико Нестор“

А1 - 19.02.2009

Неможејќи за средношколската криза во Струга да најдат излез, локалната власт, Владата и училишните органи, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, и советот за локална превенција, денеска за тоа побараа спас од меѓународните фактори.

„Македонците бараат внимание“

BBC - 19.02.2009

Изминативе десетина дена македонската јавност беше преокупирана со случувањата во струшкото средно училиште „Нико Нестор". Училишното раководство, поддржано од министерството за образование, реши учениците Македонци и етнички Албанци да учат во одвоени ...

Струга бара помош од амбасадорите

BBC - 19.02.2009

Локалните власти и невладиниот сектор од Струга ги повикуваат амбасадорите Ерван Фуере и Филип Рикер да помогнат да се реши проблемот со средното училиште „Нико Нестор" каде учениците Македонци кои бараат да учат одделно од своите врсници Албанци веќе ...

Украдена компјутерска опрема

Вест - 19.02.2009

Ноќта помеѓу понеделникот и вторникот од кабинетот по хемија во стручното средно училиште "Нико Нестор" во Струга биле украдени 16 монитори од компјутери. Кражбата ја пријавила директорката на училиштето.

Струга: Се бара помош од амбасадорите Фуере и Рикер

Алсат-М - 19.02.2009

Амбасадорите на ЕУ, Ерван Фуере и на САД, Филип Рикер викендов да се вклучат во посредништво за решавање на проблемот во струшкото средно училиште Нико Нестор Ова стои во денешниот заклучок на струшкиот Локален совет за превенција, откако веќе две недели ...

Советот за превенција од Струга свика состанок за решавање на проблемот околу наставата во „Нико Нестор“

Кирилица - 19.02.2009

На иницијатива на Општинскиот совет за превенција и на градоначалникот Рамиз Мерко, во Локалната самоуправа на Струга денеска се одржува состанок посветен на актуелниот проблем околу моделот на одржувањето на наставата во средношколскиот центар „Нико ...

ОБСЕ ќе посредува за надминување на проблемите во струшките средни училишта

Канал5 - 19.02.2009

Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија со свои медијатори ќе посредува во договарањето за надминување на проблемите во струшките средни училишта, каде учениците Македонци, веќе втора недела ја бојкотираат наставата.

Градоначалникот Мерко се сретна со директорите на двете училишта

Сител - 19.02.2009

Се уште нема решение за тоа дали во средношколскиот центар Нико Нестор ќе се воведат етнички смени и како да се намалат меѓуетничките тензии во Струга. И после денешната средба во Струга помеѓу градоначалникот Рамиз Мерко, директорите на двете училишта, ...

Настава во Нико Нестор?!

Вечер Прес - 19.02.2009

Во Струга вчера беше направен уште еден обид за од понеделник да отпочне наставата во средното стручно училиште "Нико Нестор". Советот за локална превенција заедно со претставниците на ОБСЕ, невладините организации и МВР договорија во наредните три дена ...

ОБСЕ ќе посредува меѓу средношколците во Струга

Макфакс - 19.02.2009

Мисијата на ОБСЕ ќе посредува во изнаоѓање на решение за проблемите во струшкиот средношколски центар, кои предизвикаа поделби помеѓу учениците Македонци и Албанци.

Смислено сценарио за поделба во Струга

Време - 18.02.2009

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, министерот за образование Перо Стојаноски и директорката на „Нико Нестор“, Маре Савеска-Бојчовска, потпишале документ за поделба на учениците врз етничка основа, обвинува ДПА.

ДПА: Градоначалникот Мерко ги договори етничките смени во Струга

Вест - 18.02.2009

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко има договор со министерот за образование и со директорката на "Нико Нестор" за воведување етнички смени во ова средно училиште, обвини вчера во Струга кандидатот за градоначалник на наредните избори од ДПА Менди Ќура.

Политиката влезе во струшките училишта, учениците по улици

Утрински - 18.02.2009

СТРУГА – Учениците-Македонци во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ продолжија со бојкот и веќе девет дена не посетуваат настава. Решавањето на проблемот со воведувањето посебни етнички смени што ги бараат учениците-Македонци тешко оди и ...

Што станува со Струга

Утрински - 18.02.2009

Македонските средношколци од две струшки училишта цели девет дена не се на настава. Стравуваат да не се повторат крвавите тепачки со нивните соученици-Албанци и во втората смена, кога тие би требало да се на часови остануваат дома, а училиштата зјаат ...

ДПА: Мерко и Стојановски потпишале таен договор

Н.Македонија - 18.02.2009

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, потпишал таен договор со директорката на средното училиште „Нико Нестор“ и со министерот за образование Перо Стојановски за воведување јазични смени во средните училишта во општината, обвини на вчерашната ...

Зад хаосот кај средношколците стоел Рамиз Мерко

А1 - 17.02.2009

Струшкиот огранок на ДПА обвини дека зад хаосот кај средношколците во градот стои градоначалникот Рамиз Мерко. Тој, според оваа партија, наместо да го решава проблемот, преку личните бизнис интереси го туркал проектот за основање на средно приватно ...

ДПА ја обвини ДУИ за Струга

Алсат-М - 17.02.2009

Случувањата во струшкото средно училиште Нико Нестор се масло на актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко. Станува збор за добро осмислена игра, обвинија денеска од струшкиот огранок на ДПА .

Продолжува бојкотот на наставата во средните училишта “Нико Нестор” и “Ибрахим Темо”

Канал5 - 17.02.2009

Учениците Македонци во средните училишта “Нико Нестор” и “Ибрахим Темо” продолжија со бојкотот и веќе 8 дена не посетуваат настава. Решавањето на проблемот со воведувањето етнички смени што ги бараат учениците Македонци тешко оди , но нема ни најави дека ...

Градоначаликот Мерко стави потпис за етничките смени

Вечер Прес - 17.02.2009

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, им кумувал ,а етничките смени во Средношколскиот центар во Струга, обвини вчера кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ДПА, Менди Ќира.

ДПА – Таен документ за етничките смени

Макфакс - 17.02.2009

Постои таен документ за воведување етнички смени во средното училиште Нико Нестор во Струга, обвини денеска струшкиот огранок.на опозиционата ДПА. „Според наши иформации, градоначалникот, министерот за образование и директорката на средното училиште на ...

„Политичка манипулација“

BBC - 16.02.2009

Мерсел Биљали, професор на приватниот универзитет ФОН, кој има оддел и во Струга, во интервју за БиБиСи на македонски ја критикува владата кога како причина за проблемите во „Нико Нестор", ја наведува општинската поделба од 2004.

Законот виновен за ученичките тепачки

Време - 16.02.2009

Проблемот со училиштето „Нико Нестор“ во Струга трае од 2004 година кога владата на СДСМ го донесе Законот за територијална организација и тој Закон го генерира проблемот, изјави вчера премиерот Никола Груевски.

Продолжува бојкотот на македонските средношколци

Вест - 16.02.2009

Средношколците Македонци од "Нико Нестор" и "Ибрахим Темо" во Струга и денес ќе ја бојокотираат наставата, откако викеднов не беше најден заднички јазик околу етничките смени кои ги бараат родителите и средошколците Македонци.

Во "Нико нестор" И натаму без настава

Телма - 16.02.2009

Сања Јовановиќ Дамјановска Ништо ново во Струга. Во втората недела од почетокот на инцидентите продолжи бојкотот на учениците Македонци кои и денеска не дојдоа на настава во училиштето “Нико Неcтор”.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кавга за Струга

Дневник - 16.02.2009

Инцидентите во „Нико Нестор“ и во „Ибрахим Темо“ се последица на Законот за територијалната организација од 2004 година, оцени вчера премиерот Никола Груевски.

Средношколците од Струга с? уште ја бојкотираат наставата

Н.Македонија - 16.02.2009

Решение за проблемот во средношколскиот центар „Нико Нестор“ - „Ибрахим Темо“ викендот не се постигна, и покрај интензивните средби и преговори што се одржаа во Струга.

Струга: Средношколците Македонци се уште ја бојкотираат наставата

Алсат-М - 16.02.2009

Проблемот со струшкиот средношколски центар „Нико Нестор“ денеска влегува во својата втора недела. Средношколците кои наставата ја следат на македонски јазик ниту денеска не беа на настава, барајќи да се почне со учење во етнички смени.

Се уште нема настава во “Нико Нестор“

Алфа - 16.02.2009

Втора недела по ред настава во струшкото средно училиште “ Нико Нестор“-нема. Директорката Маре Савеска која не одговара на телефонските повици, а денес не беше ниту во својот кабинет.

Бучковски: Груевски бега од одговорноста за „Нико Нестор“

Алсат-М - 16.02.2009

Опозициониот СДСМ реагира на вчерашната изјава на премиерот Груевски дека проблемот во струшкото средно училиште „Нико Нестор“ датира од 2004 година кога беше усвоен законот за територијална поделба, од тогашната влада на СДСМ и ДУИ.