TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ако се урне бистата, ќе се урне безбедноста на Македонците

Дневник - 11.10.2002

АЛБАНЦИТЕ ОД ШЕМШЕВО ПРЕДУПРЕДУВААТ Бистата во училиштето во Шемшево е поставена без дозвола, но ако се обиде некој да ја урне, тоа ќе им оневозможи на учениците-Македонци да доаѓаат во училиштето, предупреди претседателот на Месната заедница во Шемшево, Раман Алити.

Шемшево се бранеше на тетовскиот автопат и во повеќе градови

Дневник - 10.10.2002

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА Учениците најавија дека ако за десетина дена не се реши проблемот во Шемшево, повторно ќе излезат на улиците Повеќе од 30.000 средношколци од Скопје, Велес, Битола, Велес, Свети Николе, Штип, Радовиш и од други места вчера излегоа на масовни протести за ...

Туѓа битка

Дневник - 10.10.2002

Коментар - Катерина Блажевска Македонија се соочува со мошне опасна политизација и етнизација на образованието. Вчерашните масовни ученички протести во Скопје се претворија во етничко дефиле, кое ги исполни улиците во Скопје со многу децибели, набиени со пароли и изливи на непримерен етноцентризам.

Учениците се кренаа против насилството во Шемшево

Дневник - 10.10.2002

ГОЛЕМ ПРОТЕСТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА Во Скопје повреден водачот на албанските ученици, блокиран автопатот Скопје-Тетово, солидарност со шемшевци во целата земја Протестот на учениците и родителите-Македонци од тетовското село Шемшево вчера прерасна во голем средношколски протест низ ...

Учениците Македонци од Шемшево го блокираа автопатот Тетово-Скопје

А1 - 09.10.2002

Учениците Македонци од Тетово и од шест други тетовски села заедно со нивните родители утринава го блокираа сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје, како знак на протест поради менување на името на основното училиште „Даме Груев“ во „Јумни Јонузи“.

ОБСЕ повика брзо да се реши проблемот на Шемшево

А1 - 09.10.2002

Претставникот на ОБСЕ ги повика денеска политичарите да го решат проблемот со наставата во тетовското село Шемшево, оценувајќи дека училиштата треба да бидат место за настава, а не за нетолеранција или национализам. „Загрижени сме поради тоа што е создадена средина во која македонските ученици не ...

Поддршка на учениците од Шемшево и по скопските улици

А1 - 09.10.2002

Скопските средношколци денеска во знак на солидарност и поддршка на учениците од основното училиште во Шемшово излегоа на протест низ скопските улици. Огромна маса млади луѓе протестираа пред Владата, министерството за образование и македонското Собрание.

Учениците-Македонци од Шемшево ќе одат на часови на магистралата

Дневник - 09.10.2002

ДЕНЕСКА КАЈ ЖЕЛИНО ПРОТЕСТ Родителите на учениците од ОУ "Даме Груев" ги повикуваат амбасадорите на САД и на ОБСЕ да дојдат на блокадите за да се уверат дека во Шемшево се уриваат принципите на демократијата Околу 200 Македонци-ученици на ОУ "Даме Груев" во Шемшево, денеска од 9 до 12 часот ќе го ...

Македонците го бранат "Даме Груев" во Шемшево

Дневник - 08.10.2002

СО БЛОКАДИ КАЈ ЖЕЛИНО, ТЕТОВСКО На утрешните барикади се најавува дека ќе присуствуваат сите Македонци од општината Јегуновце, а ќе се приклучеле основци и средношколци од Тетово, како и ученици од други градови - велат родителите на Македонците Властите не поддржуваат само со зборови, а со прст не ...

Во Шемшево прекршени законите и охридскиот договор

Дневник - 08.10.2002

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ Промената на имиња на училишта надвор од законската процедура, еднојазично испишување на името на училиштето и градењето спомен-обележја во рамките на училишниот двор без претходна соодветна процедура се грубо прекршување на законите, соопшти вчера Хелсиншкиот комитет за човекови ...

Шемшевци бараат бојкот на наставата во цела држава

Утрински - 07.10.2002

Откако училиштето "Даме Груев" беше преименувано Иницијативниот одбор на родителите и месните заедници од Сиричино, Туденце, Прељубиште, Ратае и Жилче на вчерашнатаа прес-конференција информираше за последните случувања во ЦОУ "Даме Груев" од Шемшово, како и за иницијативите што се преземаат за ...

Македонци ќе ги блокираат тетовскиот автопат и Шемшево

Дневник - 07.10.2002

ЖИТЕЛИТЕ ОД ОПШТИНА ЈЕГУНОВЦЕ НАЈАВУВААТ Ќе одиме до крај ако не се отстрани бистата на контроверзниот Албанец од ОУ "Даме Груев" во Шемшево и ако не се врати старото име на училиштето, порачуваат родителите на околу 200 ученици-Македонци Македонците од пет села на тетовската општина Јегуновце чии ...