TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бостон-Јута 100:107

А1 - 11.11.2006

Јута ја забележа 5-тата победа во 6-тиот натпревар од НБА сезоната и засега е најуспешната екипа во најквалитетната кошаркарска лига. Џезерите од Јута ноќеска славеа на теренот на Бостон со 107:100. Дерон Вилијамс постигна 26 коша и забележа 14 асистенции, а Карлос Бузер имаше исто толку додавања ...

Голден Стејт му го нанесе првиот пораз на Њу Орлеанс

Утрински - 11.11.2006

Маршал од Кливленд стана четврти играч во историјата на лигата со повеќе од 10.000 поени, 5.000 скока, 750 тројки и 750 блокади Во НБА лигата нема повеќе непоразени екипи, откако Голден Стејт славеа над тимот на Њу Орлеанс со 121:116.

Далас конечно оствари победа во НБА лигата

А1 - 10.11.2006

Во трите НБА дуели ноќеска прекинати се две низи. Една победничка и една губитничка. Далас по четири порази успеа да слави и тоа над Феникс, додека Њу Орлеанс е првпат поразен во сезоната на гостувањето кај Голден Стејт. Во репризата на минатото конференциско финале првакот на западот и актуелниот ...

Прв пораз на Јута, Далас се' уште без победа

Утрински - 10.11.2006

„Џезерите“ загубија во Њу Џерси со 96:89, а Л.А. Клиперс им го нанесе четвртиот пораз на „маверикси“ (103:85) Њу Џерси и' го нанесе првиот пораз на Јута, Сакраменто беше подобар од Детроит, Сан Антонио дури по продолжението го надигра Феникс, додека Далас се' уште не знае за победа во новата сезона ...

Прв пораз на Филаделфија

Утрински - 09.11.2006

Популарните 76. загубија на гости кај Индијана со 97:86, Хјустон и Јута остануваат единствени непоразени Хјустон и Јута остануваат единствени непоразени екипи, најпријатните изненадувања Атланта и Њу Орлеанс продолжуваат во победнички ритам, додека Филаделфија го доживеа првиот пораз во новата ...

Њу Орлеанс и Јута без пораз во НБА

А1 - 08.11.2006

Изненадувачки, но само две екипи остануваат непоразени по првата седмица од новата сезона во НБА лигата. Но, меѓу нив не се ниту шампионот Мајами, ниту неговите главни конкуренти од западната конференција. Њу Орлеанс и Јута се единствените екипи кои се уште немаат загубено натпревар во новото ...

Мехмет Окур и' обезбеди нова победа на Јута

Утрински - 08.11.2006

Во „Делта центар“ поразен Детроит Пистонс со 103:101 По триумфот над Детроит Пистонс во својот „Делта центар“ со 103:101 кошаркарите на Јута Џез и натаму остануваат непоразена екипа во НБА лигата. Во центарот на вниманието на овој натпревар беше турскиот интернационалец Мехмет Окур.

Јута останува на победнички курс

Утрински - 06.11.2006

Екипата на Јута Џез останува со стоотстотен учинок во новата сезона од НБА лигата, откако ја оствари и третата победа, овојпат над Голден Стејт со убедливи 106:82. Мехмед Окур со 21 поен и 12 скока и Карлос Бузер со 17 коша и 14 скока беа предводници на „џезерите“ на овој натпревар, Си Џеј Милер ...