TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕБОР влезе со 25 отсто во ТТК банка

Утрински - 05.10.2006

Европската банка за обнова и развој и официјално влезе со капитал во новата ТТК банка. Тоа се најавуваше уште од стартот на нејзиното формирање, со спојувањето на поранешните Тетовска и Тетекс кредитна банка. ЕБОР вчера објави дека станува сопственик на 25 отсто од капиталот во ТТК, која европските ...

Европската банка стана газда на 25 проценти

Вечер Прес - 05.10.2006

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), стана сопственик на 25 проценти од капиталот на ТТК банка. Претставниците на ТТК банка и на ЕБОР, вчера го потпишаа договорот за вложување. Станува збор за средства од 3,7 милиони евра, кои ќе бидат вложени во нова емисија на акции.

ЕБРД стана сопственик на 25% од Тетовска и Тетекс кредитна

А1 - 04.10.2006

Европската банка стана сопственик на 25% од банкарскиот двоец - Тетовска и Тетекс кредитна банка. Влезе преку докапитализација, откупувајќи нова емисија акции во вредност од 3,7 милиони евра. ЕБРД стана втор по големина акционер во ТТК, по фабриката Тетекс, која го поседува управувачкиот пакет.

ЕБОР стана акционер во ТТК Банка

Капитал - 04.10.2006

Инвестиции во банкарствоЕБОР стана акционер во ТТК БанкаТТК Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор со кој ЕБОР станува акционер во оваа банка. Со овој чин ЕБОР ќе стане малцински акционер во оваа банка која произлезе од спојувањето на Тетекс-кредитна банка и на Тетовска ...

Соработка на ЕБОР и ТТК Банка

Макфакс - 04.10.2006

Скопје Претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на ТТК Банка АД Скопје и денеска ќе потпишат договор за соработка. Договорот за вложување на средства од страна на ЕБОР во ТТК Банка АД Скопје, ќе биде потпишан во хотелот Холидеј Ин во Скопје.