TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Леонид Гајдаџиев веќе не е претседател на КФМ

А1 - 13.11.2004

Леонид Гајдаџиев веќе не е претседател на Кошаркарската федерација. На незадоволните клубови им успеа од трет пат да го сменат откако претходно во неговиот мандат, два обида завршија неуспешно. Изборот за нов претседател е закажан за по две недели. Главен фаворит за функцијата е Драгољуб Арсовски.

Леон по втор пат ја тестира довербата

Вест - 13.11.2004

КОШАРКА- ДЕНЕСКА СОБРАНИЕ НА КФМ Собранието на Кошаркарската федерација на Македонија, што ќе се одржи денеска, во просториите на КФМ во 12 ч., има само две точки на дневниот ред - изгласување или не на доверба на претседателот Леон Гајдаџиев и финансиски изверштај за изминатата година.

Му дојде крајот на Гајдаџиев?

Време - 13.11.2004

КОШАРКА - ДЕНЕСКА СОБРАНИЕ НА КФМ Самоил Петрески Речиси е сигурно дека ќе му биде изгласана недоверба на претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Леонид Гајдаџиев, на денешното собрание, закажано за 12 часот во просториите на Федерацијата.

Леонид Гајдаџиев на проверка пред клубовите

Утрински - 13.11.2004

Редовно Собрание на кошаркарската федерација на Македонија Емил Китановски Денеска во просториите на кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) ќе се одржи Редовното Собрание на оваа Федерација, на кое првиот човек на КФМ Леонид Гајдаџиев ќе го стави на проверка својот мандат пред делегатите на ...

Клубовите ќе гласаат за доверба на Гајдаџиев

Дневник - 13.11.2004

КОШАРКА - СОБРАНИЕ НА КФМ Дали Леонид Гајдаџиев ќе остане претседател на Кошаркарската федерација на Македонија и во следните најмалку шест месеци, ќе се знае по денешното гласање за негова доверба, на редовната годишна собраниска седница, што ќе се одржи во Скопје.