TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Каде е Хисен?

Утрински - 11.10.2008

Речиси се' што се случува на политичката сцена во Македонија е фарса и замачкување на очите на јавноста Д еновиве повторно случувањата кај нас и околу нас се со голем интензитет. Интересно е како се одвиваше завршната фаза за признавање на Косово (што се случи во четвртокот навечер).

Фуере бара хашките случаи да се решат во македонските судови

Н.Македонија - 11.10.2008

Амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере, спротивно на ставот на албанските политички партии ДУИ и ДПА, очекува дека четирите хашки случаи што беа вратени во Македонија ќе се решат во македонските судови.

Фуере не разговарал со Ахмети за хашките случаи

Дневник - 11.10.2008

Фуере не разговарал со Ахмети за хашките случаи Се надевам дека хашките случаи ќе се решат со нормална судска практика и во согласност со препораките на Трибуналот во Хаг, изјави вчера евроамбасадорот Ерван Фуере.

Хисен Џемаили-енигма за полициската истрага

А1 - 10.10.2008

Ке успее ли обидот на ДПА и ДУИ хашките предмети наместо во судница да завршат на политичка маса? Ахмети останува на ставот, експерти кои тој ги избрал да толкуваат дали законот за амнестија ги покрива четирите хашки случаи.

На Хисен Џемаили ќе му се укине мерката притвор?

Н.Македонија - 10.10.2008

Хисен Џемаили, пратеникот од ДУИ обвинет за случајот со малтретираните мавровски работници, ќе се појави на главниот претрес за случајот закажан за 17 октомври, но голема е веројатноста притворот да му биде укинат, потврдуваат судски извори.

Право со две острици

Н.Македонија - 10.10.2008

Законот за амнестија, кој ги ослободува од одговорност сите учесници од конфликтот во 2001 година, го подготвувале четворица експерти. Двајца од нив (другите се кријат од јавноста), Љупчо Арнаудовски и Насер Зибери, различно го толкуваат она што го напишале.

Незаконска е каква било меѓународна експертиза на Законот за амнестија

Н.Македонија - 09.10.2008

Никаква меѓународна експертиза не може да влијае врз процесуирањето на четирите хашки случаи што беа вратени во Македонија, едногласни се експертите што го подготвуваа Законот за амнестија.

Муса Џафери: Нема потреба од казни за вмешаните во хашките случаи

Н.Македонија - 09.10.2008

Министерот за локална самоуправа Муса Џафери смета дека за четирите хашки случаи што беа вратени на процесуирање во Македонија треба да важи Законот за амнестија. Според него, нема потреба од никакви казни за вмешаните во хашките случаи.

Али Ахмети спремен да одговара пред македонски суд

Дневник - 09.10.2008

Али Ахмети спремен да одговара пред македонски суд Додека Ахмети тврди дека се' уште не е формирана експертска група за толкување на Законот за амнестија, висок функционер во неговата партија вели дека таква група во Владата веќе работи Политичкиот лидер на ОНА, Ахмети, на прес-конференција во ...

Во тајност завршува експертизата за Законот за амнестија

Н.Македонија - 08.10.2008

Се ближи кон крај експертизата за Законот за амнестија во која се вклучени повеќе домашни и меѓународни експерти, дознава „Нова Македонија“ од партиски извори. Според нив, зелено светло за толкување на Законот, како што бараше ДУИ, било добиено и од премиерот Никола Груевски.

Ахмети бара помош од Питер Фејт за хашките случаи

Н.Македонија - 07.10.2008

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, пред десетина дена имал неформална средба со Питер Фејт, сегашниот претставник на ЕУ во Приштина, од кого барал помош за меѓународна правна експертиза за Законот за амнестија, дознава „Нова Македонија“ од извори во ДУИ.

Ни трага ни глас од Џемаили

Време - 06.10.2008

Пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, се уште е на слобода. Полицијата трага по него, но нема информација каде се наоѓа, изјави Гордана Јанкуловска, министерката за внатрешни работи.