TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Американската војска во Ирак до 2011-та

А1 - 16.11.2008

Ирачката влада денеска го прифати безбедносниот пакт со САД според кој американските сили ќе останат во земјата уште три години по истекот на мандатот на Обединетите нации, на крајот од оваа година. Пактот, познат како Договор за статус на силите, ќе им овозможи легитимитет на американските трупи во Ирак да останат во земјата до крајот на 2011 година.

Багдад: Ирачката влада одобри американските трупи да останат во Ирак уште три години

Р.С.Европа - 16.11.2008

Ирачката влада го одобри безбедносниот пакт со Вашингтон, со кој се предвидува американските трупи да останат во земјата уште три години. Контроверзниот документ ќе биде доставен до ирачкиот парламент кој треба да гласа за него. Портпаролот на владата Али Ал Дабах изјави дека 27 владини министри го поддржале документот.

Американската војска во Ирак до 2011 година

Канал5 - 16.11.2008

Багдад, 16 ноември (МИА) - Ирачката Влада ја одобри денеска спогодбата со која на американските сили им се дозволува да останат во Ирак во следните три години, што е резултат на неколку месечните преговори меѓу Багдад и Вашингтон. - Кабинетот едногласно ја одобри спогодбата меѓу Ирак и САД за повлекување на американската војска од Ирак, со амандманите од американска страна, изјави портпаролот на ...

Американската војска во Ирак до крајот на 2011 година

Нетпрес - 16.11.2008

Американската војска во Ирак до крајот на 2011 година Ирачката влада денес го одобрила договорот со кој на американските сили им се дозволува да останат во Ирак уште три години, што е резултат на неколку месечните долги преговори со Соединетите Американски Држави.

Ирачката влада го прифати безбедносниот пакт со САД

Макфакс - 16.11.2008

Ирачката влада денеска го прифати безбедносниот пакт со САД според кој американските сили ќе останат во земјата уште три години по истекот на мандатот на Обединетите нации, на крајот од оваа година. Пактот, познат како Договор за статус на силите, ќе им овозможи легитимитет на американските трупи во Ирак да останат во земјата до крајот на 2011 година.

Британците целосно ќе го напуштат Ирак до крајот на 2009

Алсат-М - 15.11.2008

Сите британски воени единици ќе бидат надвор од Ирак до крајот на 2009 година, завршувајќи ја на тој начин својата мисија почната со воената интервенција во март 2003 година. Ова за лондонски „Тајмс“ го изјави Муфаван ал Рубан, советник за национална безбедност на ирачката влада.

Опаѓа насилството во Ирак

Алсат-М - 15.11.2008

Амбасадорот на САД во ООН, Залмај Кализад, изјави дека насилството во Ирак видно е опаднат, но ова земја се уште се соочува со сериозни закани од Ал Каеда и другите милитантни. „Од јуни 2007 година убиствата на цивили и на американските и ирачките сили забележале пад повеќе од 80 отсто„ рече Кализад пред Советот за безбедност.

Сите британски трупи ќе го напуштат Ирак до крајот на следната година

Канал5 - 15.11.2008

Лондон,15 ноември (МИА) - Сите британски воени единици ќе бидат надвор од Ирак до крајот на 2009 година, завршувајќи ја на тој начин својата мисија почната со воената интервенција во март 2003 година, изјави за лондонски „Тајмс“ Муфаван ал Рубан, советник за национална безбедност на ирачката влада.

Ирак и САД се договорија за текстот на договорот за безбедност

Кирилица - 15.11.2008

на амариканската војска и дозволува да остане во Ирак уште три години по завршувањето на мандатот добиен од ОН, кон крајот на 2008 година, соопшти високопозициониран соработник на ирачкиот премиер Нури ал Малики, цитиран од агенциите. Неименуваниот помошник на Малики посочи дека копија од текстот на спогодбата во текот на денот ќе им биде претставена на членови на ирачката Влада за завршниот ...

Сите британски трупи ќе го напуштат Ирак до крајот на следната година

Кирилица - 15.11.2008

Како што пренесува дописникот на МИА од Лондон, пред две недели Велика Британија и Ирак ги почнаа преговорите за извлекување на 4.100 британски војници, колку што сега ги има на ирачка територија. Преговорите мора да бидат завршени до крајот на годинава, зашто тогаш истекува мандатот на Обединетите нации врз основа на кој меѓународните сили се ангажирни во ...

Најмалку 10 загинати во експлозија во Ирак

Макфакс - 15.11.2008

Најмалку десет луѓе загинаа, а триесетина се повредени во експлозија на бомба во градот Тал Афар во северниот дел на Ирак. Според извори на американската војска експлозијата ја предизвикал самоубиец, кој активирал автомобил бомба. Ирачката полиција пак соопшти дека експлодирал паркиран автомобил во близина на салон за возила.

Азербејџан: Парламентот одобри повлекување од Ирак

Р.С.Европа - 14.11.2008

Парламентот на Азербејџан денеска го одобри повлекувањето на своите сили од Ирак. Станува збор за сто и пеесет војници кои беа распоредени во Ирак од две илјади и третата година. Се уште не е прецизирано кога би почнално нивното ...

Америка во филм за Ирак

Дневник - 13.11.2008

Телевизиската актерка Америка Ферера ќе игра во независен филм за војната во Ирак. Станува збор за проектот „Американска трагедија" во кој ќе глуми сопруга на војник што има проблеми по враќањето од војната во Ирак. Ова е враќање за ѕвездата од серијата „Грдата Бети“ на големото платно. Нејзиниот сопруг во филмот, младиот војник, ќе го игра Рајан О’Нан.

Бугарските војници од Ирак се повлекуваат до крајот на годинава

Нетпрес - 13.11.2008

Бугарија до крајот на оваа година ќе ги повлече 155 војници од Ирак. Веста ја потврдил бугарскиот премиер Сергеј Станишев. Како што известуваат бугарските медиуми, мандатот на бугарската војска му завршува на 31 декември годинава, и тој нема да биде продолжен. “Да ќе го одржиме нашето ветување дека ќе ги повлечеме мировните воени сили од Ирак.

Малики номиниран за Нобелова награда за мир

Нетпрес - 12.11.2008

Премиерот на Ирак Нури ал Малики е номиниран за Нобеловата награда за мир, се дознава од ирачката влада. Владата го номинирала Малики поради неговите напори за воспоставување на мир во Ирак, соопштил националниот информативен центар, пренесува новинската агенција Гласот на Ирак. Откако Малики, кој е шиит, дошол на власт во 2006 година, насилството во Ирак драстично се намалило.

САД во 2011 година го напуштаат Ирак ?

Телма - 11.11.2008

Американско-ирачкиот договор за безбедност ја исклучува можноста Ирак да побара од американските војници да останат во таа држава и по 2011 година за кога е предвидено да се повлечат. Во предлогот се предвидува територијата на Ирак да не се користи за напади врз други држави, се наведува во договорот чии делови објавија американски медиуми.

Договор меѓу САД и Ирак исклучува можност за продолжување на американското воено присуство по 2011г.

Канал5 - 11.11.2008

Багдад, 11 ноември (МИА) - Американско-ирачкиот договор за безбедност ја исклучува можноста Ирак да побара од американските војници да останат во таа држава и по 2011 година за кога е предвидено да се повлечат. Во предлогот се предвидува територијата на Ирак да не се користи за напади врз други држави, се наведува во договорот чии делови објавија американски медиуми.

Американско-ирачкиот договор за безбедност ја исклучува можноста за американското воено присуство по 2011 година

Кирилица - 11.11.2008

Американско-ирачкиот договор за безбедност ја исклучува можноста Ирак да побара од американските војници да останат во таа држава и по 2011 година за кога е предвидено да се повлечат. Во предлогот се предвидува територијата на Ирак да не се користи за напади врз други држави, се наведува во договорот чии делови објавија американски медиуми.