TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хрватска забрани Божиќ во државните институции

Н.Македонија - 15.11.2008

Хрватската влада забрани организирање божиќни забави и делење подароци во државните институции и општествени претпријатија за да ги намали расходите, изјави хрватскиот премиер Иво Санадер. Хрватската влада претходно предложи замрзнување на порастот на платите во 2009 година, како одговор на финансиската криза.

Забранети божиќните забави и подароци во хрватските државни институции

Канал5 - 15.11.2008

Загреб, 15 ноември (МИА) - Хрватската Влада забрани организирање на божиќни забави и подароци во државните институции и општествени претпријатија со цел да ги намали расходите, изјави премиерот Иво Санадер. Хрватска од прогласувањето на независноста во 1991 година, вети балансиран буџер за 2009 година. Владата вети да ги замрзне платите со цел да се намали ефектот од глобалната финансиска криза.

Се замрзнуваат примањата на Хрватите

Утрински - 14.11.2008

Ќе се ограничат платите во стопанството и на државните службеници. ЗАГРЕБ - Владата од сите социјални партнери и единици на локалната самоуправа бара да се одложи зголемувањето на сите плати во државата во 2009 година, додека од локалните единици бара да не ги зголемуваат цените на комуналните услуги.

Хрватска го затегнува ременот

Н.Македонија - 14.11.2008

Хрватскиот премиер Иво Санадер најавил едногодишно замрзнување на платите во јавниот сектор за да се надминат последиците од финансиската криза, а поради штедењето на Владата ќе бидат укинати и божиќните подароци и исплати во државниот сектор, јави АФП.

Хрватска ги замрзнува платите

Утрински - 13.11.2008

Хрватска ги замрзнува платите. Загреб – Хрватскиот премиер Иво Санадер и членовите на Владата вчера се сретнаа со претставниците на работодавците и синдикатите и договорија целосно замрзнување на платите во државниот и јавниот сектор. Санадер се договорил со работодавците тие да апелираат кај приватните фирми и тие да не ги зголемуваат платите следната година.

Хрватска ќе штеди во 2009 година

Сител - 13.11.2008

Тој изјави дека и платите на министрите и службениците од јавната администрација, кои требаа да пораснат помеѓу 900 и 1.300 куни, следната година може да бидат замрзнати. Владиниот предлог нема да биде лесно прифатен од страна на хрватските синдикати. Каков ќе биде нивниот став, ќе се знае за неколку дена.

Санадер: 2009. би можела да биде голема година за Хрватска

Макфакс - 13.11.2008

Следната година би можела да биде голема за Хрватска, година во која државата ќе влезе во НАТО и ќе ги заврши преговорите со Европската унија, рече хрватскиот премиер Иво Санадер во Загреб, по состанокот со европскиот комесар за проширување Оли Рен.

Рен во посета на Хрватска

Алсат-М - 12.11.2008

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Хрватска. Рен, според најавите, со највисоките хрватски власти ќе разговара за односите меѓу Европската унија и Хрватска по објавениот извештај за напредокот на државата и за можен распоред за завршување на преговорите.

Санадер: Хрватска го замрзнува растот на сите плати во 2009 година

Алсат-М - 12.11.2008

Хрватскиот премиер Иво Санадер, по повод светската финансиска криза, најави замрзнување на растот на сите плати. Тој истакна дека поради штедењето на Владата нема да има подароци и дополнителни исплати за Божик во државниот и во јавниот сектор, а драстично ќе се намалат и трошоците за репрезентација.

Премиерот Санадер се откажа од покачување на платата, поради финансиската криза

Алфа - 12.11.2008

Хрватска го стега ременот поради финансиската криза. Премиерот Иво Санадер се откажа од покачување на платата за 1300 куни. Поради кризата што го тресе светот, најавено е дека идната година во Хрватска може да бидат замрзнати платите на министрите и службениците во јавната администрација.

Оли Рен во посета на Хрватска

Кирилица - 12.11.2008

Се очекува главни теми на разговорите меѓу Рен и хрватските претставници да бидат односите меѓу ЕУ и Хрватска по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата и евентуалниот план за завршување на преговорите за приклучување кон Унијата, се нагласува во соопштението на делегацијата на ЕК во Хрватска.

Рен во посета на Хрватска

Макфакс - 12.11.2008

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Хрватска. Рен, според најавите, со највисоките хрватски власти ќе разговара за односите меѓу Европската унија и Хрватска по објавениот извештај за напредокот на државата и за можен распоред за завршување на преговорите.

Хрватска задолжена 34,5 млрд евра

Макфакс - 12.11.2008

Надворешниот долг на Хрватска на крајот на август изнесувал 34,36 милијарди евра, што во однос на претходниот емсец претставува намалување од 125 млн. евра. Споед податоците на Хрватската народна банка, за првите осум месеци од годината бруто надворешниот долг на Хрватска е зголемен за 2,14 милијарди евра.

Хрватска ги замрзнува платите

Макфакс - 12.11.2008

Хрватскиот премиер Иво Санадер и членовите на Владата денеска се сретнаа со претставниците на работодавците и синдикатите и договорија целосно замрзнување на платите во државниот и јавниот сектор. Санадер се договорил со работодавците тие да апелираат кај приватните фирми и тие да не ги зголемуваат платите следната година.