TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО ДПМНЕ бара Црвенковски да се повлече од премиерската функција

А1 - 20.03.2004

„Го сметаме за несериосно објаснувањњто на СДСМ дека во моментов државата нема претседател и дека не смее да остане и без премиер“, изјави денеска Лазар Темелков, портпарол на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.

Се типува на генерацијата 1962

Време - 20.03.2004

ОСУМ КАНДИДАТИ ВО КАМПАЊАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Осум кандидати се загреваат за борбата за претседателската функција, но прогнозите се дека копјата ќе ги кршат премиерот Бранко Црвенковски како кандидат на СДСМ и пратеникот Сашко Кедев како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Бранко да не оди во Даблин

Вест - 20.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ апелира премиерот Бранко Црвенковски, ако има доблест, да не оди во Даблин, Република Ирска, да ја предаде апликацијата за членство во Европската унија, туку да ја прати министерката за надворешни работи Илинка Митрева.

Црвенковски ќе оди во Даблин, ако треба и со Кедев

Време - 20.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ПРЕМИЕРОТ ДА НЕ ОДИ ВО ИРСКА Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера повторно побара премиерот и претседателски кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, да ја стави во мирување премиерската функција додека трае кампањата за изборите.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Црвенковски да ја стави премиерската функција во мирување

Утрински - 20.03.2004

Штабот на претседателскиот кандидат Сашко Кедев со неколку апели ВМРО-ДПМНЕ апелира до премиерот Бранко Црвенковски да ја стави својата функција во мирување додека траат претседателските избори, а со Владата да раководи некој од потпретседателите.

Кардиологот ќе бара лек за државниот организам

Дневник - 20.03.2004

САШКО КЕДЕВ, КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ И ЛП Новата политичка амбиција најчесто сака да ја споредува со она што го прави во медицината - како што на човечкиот организам некогаш му е потребно отнување на артериите, така сега тоа му е потребно на општеството Четириесет и двегодишниот кардиолог Сашко ...

ВМРО-ДПМНЕ бара да мирува премиерската функција

Дневник - 20.03.2004

РЕАКЦИИ ОД ШТАБОТ НА КЕДЕВ Премиерот Бранко Црвенковски треба да ја стави премиерската функција во мирување во текот на изборната кампања за претседателските избори, побара вчера ВМРО-ДПМНЕ. - Со тоа ќе се спречи Бранко Црвенковски да ја користи функцијата премиер во изборната кампања.

Државата не може и без премиер

Дневник - 20.03.2004

Премиерот нема намера да ги одложува државните обврски поради "ситните дневно-политички потреби и егзибиции на ВМРО-ПМНЕ", соопштија вчера од кабинетот на Бранко Црвенковски. - Државата во моментот нема претседател. Не може да дозволиме да функционира и без премиер.

ДПМНЕ бара Црвенковски да ја стави во мирување премиерската функција

А1 - 19.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски да ја стави својата премиерска функција во мирување се додека трае предизборната кампањата и да се откаже од намерата да ја предводи македонската делегацијата Даблин.

Ганка шеф на изборниот штаб на Кедев

Вест - 18.03.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев вчера го претстави својот изборен штаб, на чие чело се наоѓа потпретседателката на партијата Ганка Самоиловска - Цветанова. Потпретседател на штабот е Игор Гиевски, портпарол Лазар Темелковски и шеф е Елизабета Канчевска.

Кедев охрабрен од рекордната бројка од 20.000 потписи за еден ден

Време - 18.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ ТРГНА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, со поддршка на 32 пратеници и со потписите од повеќе од 20.000 граѓани собрани за само еден ден, вчера почна да ја подготвува кампањата за освојување на претседателската функција.

Ганка Самоиловска-Цветанова е шеф на Изборниот штаб на Кедев

Утрински - 18.03.2004

Претставен тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ганка Самоиловска Цветанова е претседател на Републичкиот изборен штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев, соопшти самиот Кедев на вчерашната презентација на тимот што ќе ја води кампањата.

Бошковски задоцнил кај Кедев

Дневник - 18.03.2004

ПРАТЕНИЧКИ ПОТПИСИ Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја затворило листата на пратенички потписи за претседателскиот кандидат Сашко Кедев откако пратеникот Марјан Ѓорчев вчераутро го дал својот потпис. Потоа листата со 31 пратенички потпис ја предале во Државната изборна комисија, информираа во ВМРО-ДПМНЕ.

Кедев го претстави изборниот штаб

А1 - 17.03.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев денеска го претстави својот Изборен штаб, на чие чело се наоѓа потпретседателката на партијата Ганка Самоиловска - Цветанова. Потпретседател на Штабот е Игор Гиевски, портпарол Лазар Темелковски и шеф е Елизабета Канчевска.

Прв потписник за Кедев - Љубчо Георгиевски

Вест - 17.03.2004

САШКО КЕДЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО- ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како Давид и Голијат Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата е пратеникот Сашко Кедев. Тој од присутни 1.558, ја доби подршка од 1.553 делегати на завчерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Скопје.

Ќе инвестирам во обединување на граѓаните на Македонија

Време - 17.03.2004

ДЕЛЕГАТИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОДДРЖАА КЕДЕВ Кардиологот Сашко Кедев од прексиноќа и официјално е промовиран во претседателски кандидат на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. На партиската конвенција што прексиноќа се одржа во Универзалната сала во Скопје беа присутни 1.558 делегати од ...

Кандидатите овојпат не трчаат маратон туку спринт

Време - 17.03.2004

ЗАГРЕВАЊЕ ПРЕД ТРКАТА Диана Младеновска Александра М. Митевска Партиите повторно ветуваат конструктивна кампања, со акцент на програмските определби на претседателските кандидати, а со помалку напаѓање на ривалите во изборниот натпревар.

Засега осум кандидати во трката за претседател

Утрински - 17.03.2004

Претендентите за шеф на државата во акција за собирање 10.000 потписи КАТИЦА ЧАНГОВА На освојување на претседателската фотелја атакуваат осуммина кандидати, а името на деветтиот претендент кој ќе биде од редовите на владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија ќе биде познато вечерва, на ...

Приоритет на Кедев - меѓунационалните односи

Утрински - 17.03.2004

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ му ја дадоа довербата на Сашко Кедев за претседателски кандидат БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ?Мојата стартна позиција е да бидам претседател на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на верската, етничката, а посебно на партиската припадност.

ВМРО-ДПМНЕ се дели на три табори

Утрински - 17.03.2004

Политички парадокси во претседателската изборна трка на најголемата опозициска партија СаШко Димевски На претстојните вонредни претседателски избори, веќе е извесно, ќе се случи своевиден политички парадокс досега непознат кај нас - една партија на толку важни избори да излезе со двајца кандидати.

Сашко Кедев вети единство и реформи за спас на државата

Дневник - 17.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ ТРГНА ВО БИТКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ Со претседателските избори треба да се запре развојот на тоталитарниот систем во Македонија, изјави кандидатот на најголемата опозициска партија Со определбата дека ќе биде претседател на сите граѓани, кој ќе се залага за подобра економската состојба со цел ...

Георгиевски прв се потпишал за Кедев, но не сакал да го пропушти филмот

Дневник - 17.03.2004

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски вчера прв го ставил пратеничкиот потпис за кандидатурата на Сашко Кедев. Тој прексиноќа не присуствуваше на конвенцијата. "Дневник" дознава дека Георгиевски во тоа време бил на две филмски проекции во киното "Милениум".

КЕДЕВ ГО ПРЕТСТАВИ ИЗБОРНИОТ ШТАБ

Канал5 - 17.03.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев денеска го претстави својот Изборен штаб, на чие чело се наоѓа потпретседателката на партијата Ганка Самоиловска - Цветанова. Потпретседател на Штабот е Игор Гиевски, портпарол Лазар Темелковск Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ...

Кедев со поддршка од 30 пратеници и 10.000 потписи

А1 - 16.03.2004

ВМРО ДПМНЕ денеска обезбеди поддршка од 30 пратеници и повеќе од 10.000 потписи како поткрепа на претседателската номинанција на нивниот кандидат Сашко Кедев. „До 17.00 часот ги имаме потребните 30 пратенци и над 15.000 потписи низ целата држава“, вели Ганка Самоилова Цветановска.

Ганка Самоиловска шеф на изборниот штаб на Кедев?

Утрински - 16.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги финишираат подготовките за изборната кампања Во СДСМ деталите околу изборниот штаб ќе бидат познати откако ќе се утврди кандидатот Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Ганка Самоиловска-Цветанова, најверојатно ќе биде шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ...

За Кедев ќе се собираат потписи и од пратениците и од граѓаните

Утрински - 16.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ го официјализира својот кандидат Пратеникот Сашко Кедев беше единствениот кандидат за претстојните вонредни претседателски избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната партиска конвенција. Кардиологот и член на највисокото раководство на партијата, Кедев, бил единствениот кој поднел ...

Потписите за Сашко Кедев ќе ги собереме за еден ден

Дневник - 16.03.2004

оптимисти во ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ планира денеска во најкус рок да ги собере потребните десет илјади потписи за претседателската кандидатура на Сашко Кедев, дознава "Дневник" од партиски извори. Најголемата опозициска партија синоќа одржа конвенција на која беше извесно дека познатиот кардиолог ќе ...

Кедев-претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Канал5 - 16.03.2004

Кардиологот Сашко Кедев синоќа беше промовиран како претседателски кандидат на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ, на синоќешната партиска конвенција речиси едногласно му дадоа поддршка на Кедев.

ДПМНЕ официјално го промовира Кедев за свој кандидат

А1 - 15.03.2004

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва и официјално го промовира Сашко Кедев за свој кандидат за претседател. Кедев, кој важи за фаворит на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за кого треба да се изјаснат 1.600-те партиски делегати на конвенција што се одржува ...

Кедев го чека СДСМ

Вест - 15.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Пратеникот Сашко Кедев завчера ја поднесе апликацијата за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ до генралниот секретар на партијата. "Веќе првиот ден по конвенцијата ќе имаме 10 илјади потписи и се надевам на потписи од 30 пратеници", изјави Сашко Кедев по ...

Кедев сам во трката за претседателската номинација?!

Утрински - 15.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го официјализира својот кандидат за највисоката државна функција ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го официјализира својот претседателски кандидат, и тоа најверојатно ќе биде д-р Сашко Кедев, угледен скопски кардиолог, пратеник во парламентот од редовите на десницата и член на најтесното ...

Кој е хирургот Сашко Кедев

Утрински - 15.03.2004

ПОРТРЕТ Д-р Сашко Кедев важи за нов политичар што треба да го прикаже лицето на реформираната ВМРО-ДПМНЕ. Роден е во 1962 година во Штип, а живее во Скопје. По професија е интервентен кардиолог на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Сашко Кедев без противкандидат

Дневник - 15.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЧЕРВА РЕШАВА Кардиологот Сашко Кедев најверојатно ќе биде единствен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата за кого ќе се изјаснат делегатите на вечерашната партиска конвенција. До вчера попладне тој беше единствениот што во партијата доставил пријава за кандидатура.