TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Паравоената АНА ги обновува ќелиите во Македонија

Време - 06.10.2007

ОТКАКО СЕ ПОЈАВИ НА КОСОВО Емил Зафировски Вооружените групи на Косово и во Македонија се уште се под контрола, а појавувањето на АНА е порака дека Косово мора да стане независно, тврдат за „Време“ високи разузнавачки извори.

Косовски лидери се дистанцираат од АНА

Вест - 06.10.2007

Приштина, 6 октомври - Косовските лидери ги повикаа граѓаните на Косово да се дистанцираат од Албанската Национална Армија(АНА) и да имаат доверба во силите на НАТО. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека последица од појавата на вооружени лица ќе биде одлагање на статусот на Косово, ...

Реакции на косовскиот врв

Време - 06.10.2007

ПО ЕМИТУВАЊЕТО НА РЕПОРТАЖА ЗА „АНА“ Косовските политичари по објавувањето на снимка со војници на Албанската национална армија(АНА), истакнаа дека нема потреба од нелегални и незаконски безбедносни структури, бидејќи постојните структури на Косово си ги извршуваат задачите, јави албанската ...

Терористичката АНА на кичевецот Гафур Адили ја заплашува Приштина

Дневник - 06.10.2007

Политичкиот лидер на АНА, кичевецот Адили, алијас командант Ваљдет Вардари, тврди дека групата е подготвена да се бори за независност на Косово Јавното појавување на членовите на паравоената формација Албанска национална армија, која УНМИК ја забрани и ја прогласи за терористичка организација, пред ...

Сали Бериша: АНА е составена од група авантуристи

Канал5 - 06.10.2007

Албанската национална армија (АНА) е составена од „банда авантуристи кои немат ништо заедничко со Албанците од Косово и од Албанија“ изјави синоќа во Тирана албанскиот премиер Сали Бериша, јавија балканските новински агенции.

Стивен Шук се сомнева дека на снимката се припадници на АНА

Канал5 - 06.10.2007

Заменик шефот на УНМИК Стивен Шук изјави дека се сомнева дека луѓето во црни униформи со ознаки на Албанската национална армија (АНА) кои неодамна беа прикажани на Радио телевизија Косово навистина се припадници на таа формација, но без оглед на тоа, АНА за УНМИК останува терористичка организација.

АНА се закани дека ќе ја преземе контролата над северно Косово

Макфакс - 06.10.2007

Ерусалим Ако до 1 ноември КФОР, УНМИК и Косовската полиција не го стават под своја контрола северниот дел на Косово, тоа ќе го направи Албанската Национална Армија(АНА). Ова, во изјава за приштинскиот весник „Епока е Ре“, го рече политичкиот портпарол на АНА Гафур Адили.

Повик до косовските Срби на бојкот на изборите

Макфакс - 06.10.2007

Белград Косовските Срби треба да бидат обединети во бојкотот на престојните избори на Косово закажани за 17 ноември. Ова денеска го изјави државниот секретар во српското министерство за Косово, Душан Пророковиќ, додавајќи дека било каква поделба по тоа прашање би била најлошо решение.

Дачиќ:И Албанија да се вклучи во преговорите за Косово

Макфакс - 06.10.2007

Тирана Албанија треба да се вклучи во преговорите за Косово, изјави за албанската телевизија „Top channel“ претседателот на српската Социјалистичка партија Ивица Дачиќ, јави дописникот на Макфакс. Според Дачиќ, на Косово нема косовари, туку Срби и Албанци и затоа Косово не може да биде независна ...

Почнува предизборната кампања на Косово

Макфакс - 06.10.2007

Приштина Кампањата за косовските парламентарни и општински избори официјално ќе започне денеска иако политичките партии веќе најавија свои кандидати и почнаа со предизборни активности. Изборите, што ќе се одржат на 17.ноември, се четврти по ред од 1999 година кога Косово беше ставено под управа на ...

РТВ Косово емитуваше репортажа за АНА

Утрински - 05.10.2007

Приштина - Радио-телевизија Косово (РТК) во вторникот емитуваше репортажа за припадниците на Албанската национална армија (АНА), која УНМИК ја прогласи за терористичка организација. На снимката се гледаат неколку вооружени маскирани мажи во црни униформи како патролираат по должината на автопатот и ...

Паравоената ана на својата интернет-страница објави дека дејствува и во Македонија

Канал5 - 05.10.2007

По јавните закани на вооружени припадници на паравоената АНА во околината на Подуево, на Косово, денеска вооружената единица објавува дека има свои приврзаници инсталирано и во Македонија. Ова е пренесено преку интернет страницата на Фронтот за национално обединување на Албанците предводен од Гафур ...

Косовски лидери се дистанцираат од АНА

Макфакс - 05.10.2007

Приштина Косовските лидери ги повикаа граѓаните на Косово да се дистанцираат од Албанската Национална Армија(АНА) и да имаат доверба во силите на НАТО, јавуваат косовските медиуми. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека последица од појавата на вооружени лица ќе биде одлагање на статусот ...

Адили:Конфликтот на Косово е неизбежен

Макфакс - 05.10.2007

Тирана Неизбежен е конфликт на Косово, изјави за албанската телевизија „Top channel“ Гафур Адили, политичкиот претставник на АНА, јави дописникот на Макфакс. Тој во синоќешната специјална емисија посветена на појавата на оваа парамилитарна организација, рече дека ако Косово прогласи еднострана ...

„Самоопределување“ најави кампања против изборите во Косово

Макфакс - 05.10.2007

Приштина Косовското движење „Самоопределување“ ќе отпочне со кампања против изборите на Косово, закажани за 17. ноември, објави приштинскиот печат. Под слоганот „Не на парламентарните избори – Да за референдум за слобода“, движењето ги повикува граѓаните на Косово да ги бојкотираат изборите.

Припадници на АНА патролирале кај Подуево

А1 - 04.10.2007

Косовската јавна телевизија вчера објавила драматичен извештај и интервју со припадници на албанската национал армија АНА, кои од мисијата на УНМИК е прогласена за терористичка организација. Во репортажата направен од независен новинар, вооружени и униформирани лица со ознаки на АНА патролирале и ...

Косово ќе се дели како Босна?

Дневник - 04.10.2007

Косово ќе прогласи независност на почетокот на следната година, по што ќе се создадат два ентитета - албански и српски, прогнозира косовскиот аналитичар Батон Хаџиу, јави МИА. Според него, Косово ќе биде независно, но Приштина ќе нема контрола над северниот дел, кој ќе биде под протекторат на ...

Адили: Решавањето на албанското прашање преку дипломатија е при крај

Макфакс - 04.10.2007

Приштина Сметаме дека решавањето на албанското прашање преку дипломатски средства е при крај, оценува лидерот на Албанската национална армија (АНА) Гафур Адили. Тој, во соопштение испратено до косовските медиуми што го објавија и гласила во Албанија, изјави дека АНА е подготвена да делува за да го ...

Објавени снимки на АНА во Косово

Макфакс - 04.10.2007

Приштина Репортажа за припадници на Албанската национална армија (АНА), што УНМИК ја прогласи за терористичка организација, објави синоќа Радио-телевизија Косово. Снимките покажуваат како неколку вооружени и маскирани мажи, облечени во црно, вршат контрола на патиштата и стопираат возила кај ...

ОБСЕ: На Косово постојат нелегални структури

А1 - 03.10.2007

На Косово постојат паралелни нелегални структури во места каде косовските безбедносни сили немаат влијание, стои во извештајот на ОБСЕ за Косово, потврден и од косовското МВР. Според документот, на Косово има албански сили на југот и српски сили на северот од Косово, кои можат да предизвикаат ...

На северот на Косово дејствуваат паралелни илегални структури, тврди косовското МВР

Канал5 - 03.10.2007

Безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка, наведено е во извештај на косовското Министерство за внатрешни работи, во кој се оценува дека на северот на Косово дејствуваат „паралелни илегални структури“, објави денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.

МВР: Ситуацијата на Косово стабилна, но кревка

Макфакс - 03.10.2007

Приштина Безбедносната ситуација на Косово е стабилна но кревка поради внатрешни и надворешни влијанија, а во северниот дел на Косово делуваат паралелни нелегални структури. Ова денеска го објави приштинскиот дневник “Коха Диторе“, повикувајќи се на извештај на Министерството за внатрешни работи на ...

Косово нема да прогласи еднострана независност

Дневник - 02.10.2007

САД и нивните сојузници од Европската Унија постигнале начелен договор да ги обесхрабрат властите во Приштина еднострано да прогласат независност на Косово во декември. Ова го тврди белградскиот весник „Вечерње новости“, кој додава дека Вашингтон и Брисел настојуваат да обезбедат услови за ...

АНА се закани со војна на Балканот ако Косово не биде независно

Макфакс - 02.10.2007

Приштина Војната на Балканот е неизбежна ако Косово не добие целосна меѓународно призната независност. Ова се наведува во изјавата на претставникот на терористичката група Албанска национална армија (АНА) Гафур Адили, објавена на интернет страницата на Балканската истражувачка мрежа (БИРН).

Едностраното решение е и единствено решение за Косово

Утрински - 01.10.2007

Тирана - Албанскиот премиер Сали Бериша на вчерашната седница на Владата на Албанија признал дека шансите за консензуално решение на статусот на Косово се минимални, пренесуваат албанските електронски медиуми. Бериша изјавил дека независноста на Косово оди во правец на еднострано решение, но ...

Косовските Срби не исклучуваат поделба

Макфакс - 01.10.2007

Приштина Политичките лидери на косовските Срби не ја исклучуваат можноста од отцепување на северно Косово ако албанското мнозинство еднострано прогласи независност. Ова денеска го соопшти Оливер Ивановиќ, лидерот на Српската листа за Косово и Метохија.

Политичкиот лидер на АНА на дочасовен полициски распит во Тирана

Макфакс - 01.10.2007

Тирана Политичкиот претставник на Албанската Национална Армија(АНА) Гафур Адили бил на двочасовен распит во една полициска станица во Тирана, јави дописникот на Макфакс. Македонскиот државјанин од Кичево, Адили, бил приведен синоќа, за да ги појасни своите изјави дадени за албанската телевизија ...