TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На повидок увоз на струја во четири очи

Дневник - 06.10.2007

Во МЕПСО не го коментираат законското решение, но велат дека и понатаму увозот ќе се врши преку транспарентна постапка Во бизнисот со увозот на струја се вртат многу пари и ако се дозволат спогодби во четири очи, ќе има многу голем криминал.

ЕЛЕМ не кажува кој го ремонтираше РЕК "Битола"

Вест - 05.10.2007

ЕЛЕМ не ги кажува фирмите кои ги направиле ремонтите во РЕК "Битола" и колку државната компанија им платила за нивниот ангажман. Станува збор за најголемиот производствен капацитет за струја во државава каде што изминатиов месец три пати испаѓаат од систем веќе ремонтирани блокови.

Првиот блок повторно во погон

Вечер Прес - 05.10.2007

Првиот блок на РЕК Битола од завчера вечер е пуштен во употреба. Заради сериозноста на дефектот и пукањето на цевката во котелот, првиот блок не беше во погон околу пет дена. Како што информираат од ЕЛЕМ, динамиката на работа на блокот и неговата синхронизација во енергетскиот систем се одвива ...

РЕК „Битола“ во дефект

Време - 04.10.2007

ВЕЌЕ ШЕСТ ДЕНА Се уште не е исправен дефектот на првиот блок од РЕК „Битола“. Веќе шест дена се работи на поправка на дефектот, кој настана поради пукање на триесеткилометарската цевка. Беше најавено дека блокот ќе биде пуштен во погон уште во понеделникот, меѓутоа поправката на дефектот се одолжи ...

Тендер за увоз на струја

Вечер Прес - 04.10.2007

Нема никакви проблеми со снабдувањето на електрична енергија во земјава -тврди Владимир Здравев, директор на МЕПСО. Тој најавува дека за 15-тина дена МЕПСО ќе распише нов тендер за увоз на струја, а во меѓувреме го подготвуваат билансот за идната година и количествата што треба да се увезат.

ДЕХИДРИРАА вештачките езера

Време - 03.10.2007

КОГА НЕМА СТРУЈА ОД УВОЗ И НЕ РАБОТАТ ТЕРМОЦЕНТРАЛИТЕ Хидрокапацитетите во земјава се испразнети поради постојаните дефекти во термоцентралите и преполовениот увоз на струја. Мавровско Езеро поради испуштањето може да се помине пеш, а експертите проценуваат дека капацитетот за производство на ...

Увоз на струја во четири очи?

Време - 03.10.2007

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Македонскиот електропреносен систем (МЕПСО) ќе може да набавува струја со непосредна спогодба, без тендери, без јавни понуди. Ова се предвидува со предлогот за новиот закон за јавни набавки, кој поминал кај Владата и се наоѓа во собраниска процедура, тврдат извори од ...

Останавме без увоз на струја

Дневник - 03.10.2007

Во МЕПСО тврдат дека петте фирми што треба да ја обезбедат увозната струја испратиле допис дека не се во можност да го достават договореното количество Македонија во овој месец не може да обезбеди доволно струја од увоз поради што од завчера ја вклучи во погон термоцентралата „Неготино“.

ТЕЦ Неготино го спасува енергетскиот систем

Вечер Прес - 03.10.2007

Од МЕПСО вчера информираа дека се разменува и струја со Србија, која ќе биде вратена на крајот на месецот Неготинската централа повторно не спасува од енергетска криза. Објектот е пуштен во употреба, вчера утро, поради недостиг на струја во земјава, кој се појави по дефектот на првиот блок на РЕК ...

Енергетските власти без коментар за кризата

А1 - 02.10.2007

Чингоски, директорот на Државните електрани, е на службен пат. Здравев од државната компанија МЕПСО молчи. Енергетските власти во земјава одбија да ја коментираат ситуацијата во која западна Македонија - половичен увоз на струја, дефекти и ремонти во РЕК „Битола“, најава за исклучување и на РЕК ...

Ало, Србија, дајте струја!

Време - 02.10.2007

НА МАКЕДОНИЈА И СЕ ЗАКАНУВА НЕДОСТИГ ОД СТРУЈА Недостиг од струја и рестрикции и се закануваат на Македонија откако една од увозничките на струја писмено го извести Македонскиот електропреносен систем (МЕПСО), дека нема да ја испорача договорената струја.

Стабилна снабденоста со струја

Вечер Прес - 02.10.2007

Владата смета дека е стабилно снабдувањето со електрична енергија во земјава. Вицепремиерот Зоран Ставрески вели дека некој не е одговорен за тоа што се случуваат дефекти во РЕК"Битола" и тоа три во еден месец. - Досега немало проблем во снабдувањето со струја на претпријатијата и граѓаните.

РЕК „Осломеј“ ќе престане со производството на струја

А1 - 01.10.2007

И РЕК „Осломеј“ ќе мора да сопре со производството на струја. Според информации на А1, неодамна експертски тим од Скопје бил во кичевската електрана. По скенирањето на состојбата утврдиле, дека постои проблем во работењето, дефект поради вибрирање на делови од системот.

Србија го преполови извозот на струја

А1 - 01.10.2007

Србија го преполови извозот на струја за Македонија. Компанијата ПИМА, која е извозник на струјата писмено ги известиле енергетските власти, дека ја немаат целата потребна струја што треба да ја испорачаат. „Ние само ги известивме дека не успеавме да го добиеме тој капацитет, а испораката не ја ...

Прска цевководот, трпи термоцентралата

Време - 01.10.2007

НОВ ДЕФЕКТ ВО РЕК „БИТОЛА“ Првиот блок во РЕК „Битола“, кој летово беше ремонтиран, од саботата не работи бидејќи пукнала цевка кај котелот. Ист дефект пред две недели се случи на третиот блок. Од ЕЛЕМ ја потврдија информацијата, но велат дека првиот блок повторно ќе биде вклучен во мрежа за два ...

Пак дефект во РЕК „Битола“

Дневник - 01.10.2007

Стожерот на македонскиот електроенергетски систем, РЕК „Битола“ викендов повторно работеше со третина од капацитетот. Портпаролот на ЕЛЕМ, Мирче Котевски, објасни дека пукнал дел од цевководот за котелот, преземени се сите мерки и денеска се очекува блокот да продолжи со работа.

ТЕЦ Неготино - џокер за спас од енергетска криза во земјата

Канал5 - 01.10.2007

Владиниот џокер ТЕЦ Неготино повторно неопходен да ја спасува земјава од можна енергетска криза. Неготинската термоцентрала по налог на преносниот оператор МЕПСО од вечерва ќе работи со полна пареа, бидејќи велат од раководството немало доволно струја за потребите.

Првиот блок на РЕК Битола во погон?

Вечер Прес - 01.10.2007

Првиот блок на термоцентралата РЕК "Битола" утринава треба да биде ставен во погон откако во петокот околу полноќ пукна цевка во котелот. Портпаролот на ЕЛЕМ, Мирче Котевски ни изјави дека блокот веднаш беше исклучен и биле преземени итни мерки за санирање на дефектот за да може да се пристапи кон ...