TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Трактор нагази на мина во скопско, совозачот повреден

Вест - 07.10.2003

Во неделата во 15,40 часот во месноста Задол во атарот на скопското село Грачани трактор нагазил на мина. Мината експлодирала при што бил повреден 27-годишниот С.А. од Кондово. Тој бил сопатник на тракторот, а возачот Ф.Е. поминал без повреди. Двајцата, со тракторот пренесувале дрва.

Нагазна мина поставена кај Кондово повреди патник на трактор

Утрински - 07.10.2003

Експлозија на патот Кондово-Грачани, Скопско Нагазна мина од кинеско производство, подметната од непознато лице или група, била поставена на селскиот пат Кондово-Грачани во близината на Скопје. При експлозијата тешко е повредн дваесет и седумгодишниот А.С. од Кондово.

Трактор згазил антиперсонална мина

Дневник - 07.10.2003

ВО АТАРОТ НА граЧани Селанец од скопското село Кондово завчера попладне бил ранет од мина додека се возел на трактор во атарот на селото Грачани. Според полициските информации, експлозијата се случила во 15.40 часот во месноста Забел, кога трактор натоварен со дрва, во кој сега ранетиот се возел ...

Трактор нагазил на мина кај Чашка

А1 - 06.10.2003

Сехад A. (27) од село Кондово вчера заврши в болница кога тракторот во кој се возел нагазил мина вкопана на патот кон селото Грачани. Тракторот врвел по патот кој е во реонот на караулата Чашка, но според Министерството за одбрана не се работи за свежо поставена, туку за мина од 2001 година.