TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Верниците со свечена литургија го одбележаа Велигден

А1 - 23.04.2006

Верниците се собраа на утринска свечена литургија во Соборниот храм да го одбележат најголемиот христијански празник - Велигден. Запалени свеќи, молитви за љубов, здравје и среќа се дел од празничната атмосфера во храмот. За граѓаните, христовото воскресение е најголемиот верски празник.

Црвенковски и Бучковски заедно на велигденска богослужба

А1 - 23.04.2006

По минатонеделното навидум помирување меѓу Бучковски и Црвенковски околу стечајците, двајцата и денеска, на Велигден, на околу месец и половина пред изборите, не пропуштија заедно да се сликаат. Во Соборниот храм околу час и половина беа заедно на велигденската богослужба.

Охрид за Велигден го посетија 5.000 гости

А1 - 23.04.2006

Во Охрид за Велигден дојдоа повеќе од 5.000 гости кои заедно со Охриѓани го слават големиот христијански празник-Велигден. Поради лошото време, пополни беа кафулињата, рестораните и пред се црквите, отколку крајезерските локалитети.

ВЕЛИГДЕНСКИ ЛИТУРГИИ ВО ЦРКВИТЕ ВО ОХРИД

Канал5 - 23.04.2006

Полноќните божествени велигденски литургии ноќеска беа одржани во сите поголеми парохиски цркви во Охрид. Охрид, 23 април (МИА) - Полноќните божествени велигденски литургии ноќеска беа одржани во сите поголеми парохиски цркви во Охрид.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ...ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ

Канал5 - 23.04.2006

Православните христијани денеска го прославуваат Христовото Воскресение - Велигден, најголемиот христијански празник, празник на победатата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Вечерва се слави Велигден, најголемиот христијански празник

А1 - 22.04.2006

Пред Соборниот храм се е подготвено за свечената велигденска богослужба којашто треба да започне нешто пред Велигден. Точно во 24:00 часот епископот г.г. Стефан ќе каже: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Тоа е најголемиот празник. Верниците постепено доаѓаат, но можеби уплашени од времето, за прв пат оваа година ...

Како го слават Велигден македонските политичарки?

А1 - 22.04.2006

Самоуверени и урбани, влетаа во 21-от век совршено комбинирајќи ги традиционалните вредности. Тоа се македонските политичарки. Како го слават Велигден? „До оваа година се уште не сум ги фарбала велигденските јајца сама и се уште ги користам добрите услуги, воља и труд на мајка ми.

Поради Велигден затворен сообраќајот во центарот на Скопје

А1 - 22.04.2006

Улиците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во строгиот центар на Скопје, од попладнево до недела наутро ќе бидат затворени за сообраќај поради велигденските чествувања. Во периодот од 18,00 часот денеска до 06,00 часот во недела забрането ќе биде движење на патнички возила и автобуси на ...

Избрано најубавото јајце

Време - 22.04.2006

НА ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК Светлана Јанкуловска и Јагода Деловска ја поделија првата награда за најубаво украсено велигденско јајце на завчерашната манифестација што четврти пат ја организира Сојузот на жени на градот Скопје. Наградените жени добија патување низ земјава.

Велигден во Струмица

Вест - 22.04.2006

Триесетина велигденски јајца, изработени во повеќе ликовни техники од дваесет автори од земјава, вчера беа изложени пред струмичката јавност. Изложбата имаше продажен карактер, а цената на експонатите се движеше од 3 илјади до 15 илјади денари.

Возљуби го својот ближен како себеси

Вест - 22.04.2006

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. СТЕФАН Да пееме и да се радуваме, славејќи Го Христа - Воскреснатиот Господ, рече во вчерашното велигденско послание поглаварот на МПЦ г.г.Стефан. "Воскреснатиот Христос ја востанови Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Најубаво детско велигденско јајце

Вест - 22.04.2006

Во просториите на Стопанската комора на Македонија вчера се организираше "Избор за најубаво украсено велигденско јајце". На конкурсот учествуваа дечиња до 10 годишна возраст, од 12 основни училишта во Скопје. Коморските амбасадори Есма Реџепова, Калиопи Букле и Билјана од групата "Синтезис" беа ...

Денеска е Велика сабота, ден на најголемата радост

Време - 22.04.2006

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ СЛАВАТ Православните христијани во земјава вчера, на Велики петок, се поклонуваа пред Христовото распетие, навраќајќи се во мислите кон Бога. Река луѓе од 10 часот наутро, па се до доцна вечерта, се поклонуваа на светата плаштаница, поминуваа под неа на колена и со ...

Колку повеќе не негираат, толку стануваме поцврсти

Време - 22.04.2006

ПОСЛАНИЕ НА Г.Г. СТЕФАН И во ова време, повторно не продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме. Колку повеќе не навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А, силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодатта на воскресението, оценува во велигденското послание, ...

Хуманитарен хепенинг пред Соборниот храм

Утрински - 22.04.2006

На Велигден во организација на СОЖМ По повод големиот христијански празник Велигден, Организацијата на жени на Скопје по петнаесетти пат традиционално на платото пред Соборниот храм в недела со почеток во 11 часот, организира голем хуманитарен продажен велигденски хепенинг.

Избор на најубаво велигденско јајце

Утрински - 22.04.2006

Фотовест Ученици од 12 основни училишта во Скопје беа дел од вчерашниот избор на најубаво украсено велигденско јајце што се одржа во организација на Стопанската комора. Децата на возраст до 10 години се натпреваруваа во различни категории велигденски јајца- најмало, најголемо, најсветкаво, ...

Благосостојба и мирен духовен живот

Утрински - 22.04.2006

Честитки Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, по повод големиот христијански празник Велигден - Воскресение Христово упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и до сите православни верници во Република Македонија.

Централното одбележување на Велигден во Соборниот храм

Утрински - 22.04.2006

Вечерва Во Соборниот храм "Св. Климент Охридски" вечерва ќе се одржи централното одбележување на најголемиот христијански празник - Велигден. Се очекува масовно присуство на воскресенското богослужение, така што сите оние што нема да влезат во храмот, ќе можат да ја следат богослужбата преку ...

МПЦ четири децении го живее својот воскресенски живот

Утрински - 22.04.2006

Велигденска порака на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан Воскреснатиот Христос ја востанови едната, света, соборна и апостолска Црква. Нашата, Македонската православна црква е дел од неа, од целоста на Христовата црква, порача во своето велигденско обраќање до верниците, архиепископот ...

Кршачињата се подготвени

Дневник - 22.04.2006

Најголемите вапсани јајца се од ној, гускините со две жолчки, а мискините се најмали, но најцврсти Најмалото велигденско јајце што е вапсано во Битолско е долго пет, а најголемото има дваесет и пет сантиметри. Во семејството Петровски годинава првпат, во чест на големиот христијански празник ...

Вапсано јајце во гнездото на орелот

Дневник - 22.04.2006

Во Кавадаречко од дамнина се изведува еден велигденски ритуал за кој се верува дека се прави за добро здравје и среќа. Луѓето што се болни или што имаат некоја болка веруваат дека ако испијат живо јајце од египетски мршојадец, познат како кања, ќе оздрават или ќе ги следи среќа.

Семејството Јаневи слави двапати

Дневник - 22.04.2006

Претходната сабота го славеа Христовото воскресение во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, а оваа ќе го прослават во православната црква „Свети Никола“ во Штип Можеби би било подобро православниот и католичкиот Велигден да бидат во ист ден, бидејќи имаме еден Господ и иста верба во ...

Патики белени со цинквајс

Дневник - 22.04.2006

Не' капеа со црвено јајце и здравец, со благослов да бидеме здрави и весели во текот на целата година, а потоа зачешлани и дотерани одевме в црква, раскажуваат кумановци Во Куманово, православните христијани со радост го пречекуваат големиот верски празник Велигден.

Подароци за децата од Шелтер-центарот

Дневник - 22.04.2006

Стотина црвени јајца, храна за велигденската трпеза, слатки, чевли, облека и уште многу изненадувања добија децата од Шелтер-центарот, скривалиште за жртви на семејно насилство. Веќе трета година подароци за децата обезбедија Владата, Секретаријатот за европски прашања, Собранието на град Скопје и ...

Повторно не' распнуваат, но ние воскреснуваме!

Дневник - 22.04.2006

Некои и денес сакаат да ни го приграбат она што е наше. Но, не ќе можат! Ние сме народ со минато, сегашност и иднина; кој длабоко во себе ги носи верата и традициите од своите предци, народ со долга историја и вековно опстојување „Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на ...

Не продаваат, не распнуваат, но ние воскреснуваме

Вечер Прес - 22.04.2006

Воскреснатиот Христос ја востанови Едната, Света, Соборна и Апостолска црква. Нашата, пак, Македонска православна црква е дел од неа, од целоста на Христовата црква. Бог не ги остава оние што веруваат и се надеваат на Него. Не постои сила на светот што може да Му се спротивстави на Оној што го ...

Во Струмица изложба на уметнички јајца со велигденски мотиви

А1 - 21.04.2006

30-тина јајца со велигденски мотиви изработени во повеќе ликовни техники, дела на 20 ликовни уметници, од синоќа се пред Струмичани. Велигден за нас е голем предизвик и чувствувавме уметничка обврска со насликаните јајца да дадеме наш придонес кон чествувањето на овој голем празник, велат ...

ПОЗНАТИТЕ ЗА ...

Вест - 21.04.2006

Тања Вуисиќ-балетска првенка Јас не постам, ама сопругот пости 40 дена Вчера рано наутро ги вапцав првите црвени јајца, како што е редот. Утре- ќе ги вапцам и останатите. Секогаш сум вапцала исклучиво црвени јајца и секогаш ги украсувам или со кристали, или со сликички.

Детски фолклорен фестивал и избор на најубаво црвено јајце

Утрински - 21.04.2006

На Велигден во Луна-парк Традиционално, четврти пат по ред, на Велигден на бината на летното кино во Забавниот луна-парк, ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал "Децата во чест на Христовото воскресение". Децата од фолклорното друштво "Скопје", в недела во 11,30 часот со песна и игра ...

За Велигден во Охрид доаѓаат 1.500 странци

Дневник - 21.04.2006

За Велигденските празници во Охрид ќе престојуваат над 1.500 гости од странство. Според информациите од туристичките агенции и од хотелите најголем број од гостите се од Грција, Бугарија, Албанија и Србија. Поголемите хотели, како што се „Метропол“, „Белви“, „Гранит“ и „Парк“, речиси се исполнети ...

Честитка од претседателот на комисијата за односи со верските заедници по повод Велигден

Канал5 - 21.04.2006

По повод големиот Христијански празник Воскресение Христово Велигден, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Цане Мојаноски испрати честитка до Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македонски Неговото Блаженство Г.г. Стефан.

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. СТЕФАН И СВЕТИОТ СИНОД НА МПЦ

Канал5 - 21.04.2006

И во ова време, повторно не продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме! Колку повеќе не навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодатта на воскресението.

Честитка од премиерот Бучковски по повод Велигден

Канал5 - 21.04.2006

По повод големиот христијански празник Воскресението Христово Велигден претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски до Поглаварот на Македонската Православна Црква архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни христијански верници, упати честитка.

Голема велигденска забава во паркот "Луна"

Вечер Прес - 21.04.2006

Во забавниот парк "Луна", в недела, ќе се одржи голема забава наменета за најмладите, но и за граѓаните од сите возрасти. Голем број културно-уметнички друштва од Македонија, но и од соседните земји, ќе имаат свој настап на сцената на летното кино, а ќе се избира и највелигденско јајце.

Вапцање јајца на Велики четврток

А1 - 20.04.2006

Денеска на Велики четврток пред изгрејсонце домаќинките ги извапцаа првите три велигденски јајца, како што е редот, со црвена боја - симбол на светата пролеана крв на Исус Христос. Ќе ги чуваат дома цела година. Според верувањето, тие не се расипуваат. Траат долго.

ПОЗНАТИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН

Вест - 20.04.2006

Борис Трајанов- оперски пејач Кај родителите на Мена во Охрид Велигденските празници ги славиме вообичаено, како и сите други. Сите подготовки порано ги правеше мајка ми, а сега и јас со својата фамилија. Уште од дете знам дека јајцата ги вапсавме на разни начини: во чорапи, со разни бои и сликички.

Кипар забрани велигденска сеча

Вест - 20.04.2006

НИКОЗИЈА (Ројтерс) - Во Кипар се одржува традицијата за Велигден да се сечат дрвја за клада на која се палат кукли што го претставуваат Јуда Искариотски, но годинава оваа традиција беше нападната од Зелената партија на островот, која вели дека тоа ја уништува животната средина.

Првите десет јајца од ној вапсани за Велигден

Дневник - 20.04.2006

Првите десет јајца што ги снесоа ноевите од фармата во гостиварското село Зубовце се вапсани во чест на големиот христијански празник Велигден. Сопственикот на фармата ќе им ги подари на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, на црквата во селото Зубовце, на пријатели и ќе задржи едно-две за семејството.

Забава во Забавен

Вечер Прес - 19.04.2006

По повод Велигден, в недела во Забавниот парк во Скопје ќе се случува нешто мошне убаво и несекојдневно. Забавниот парк ќе заживее преку настапите на повеќе културно уметнички друштва од земјава и од странство, а програмата ќе биде богата и со други интересни содржини, кои ова пријатно место ќе го ...

Изложено велигденско јајце старо илјада години

А1 - 18.04.2006

Во полскиот регионален музеј во Члухов, по повод велигденските празници, изложено е велигденско јајце старо илјада години. Реткиот експонат е откриен пред неколку години во текот на археолошките ископувања во околината на Члухов. Полските археолози тврдат дека ова јајце е најстаро во Полска.

Велигденски подароци за децата-жртви на семејно насилство

Дневник - 18.04.2006

Вработените од засолништето за жени и деца жртви на семејно насилство „Шелтер“ по повод големиот христијански празник Велигден ги повикуваат граѓаните и институциите да им ги развеселат празниците на децата во засолништето со тоа што ќе им подарат вапсани јајца, храна и подароци.

Велигденска миса во католичката црква "Пресвето Срце Исусово"

Вест - 17.04.2006

Во Катлочиката црква "Пресвето Срце Исусово" во Скопје завчера вечер се се одржа миса во чест на христијанскиот празник Велигден, што верниците од католичка вероисповест го празнуваа вчера. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов до католичките верници упати велиденска ...

Со свечена велигденска миса прославен големиот празник

Утрински - 17.04.2006

Во Католичката црква во Скопје Празниот гроб на Исус Христос е најубавата вест што е соопштена во историјата на човештвото, порача во велигденската беседа скопскиот бискуп и апостолски егзарх, г. Киро Стојанов Со палењето на големата велигденска свеќа пред влезот на католичката црква ”Пресвето срце ...

Празник на верата и надежта

Дневник - 17.04.2006

Верниците од католичка вероисповед вчера го прославија големиот христијански празник - Велигден. Како и секоја година, Христовото воскресение беше одбележано со Света миса во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, но и во другите католички храмови низ Македонија.

Предавање „Зошто оваа година Велигден е на 23 април?“

Дневник - 17.04.2006

Скопското астрономско друштво вечерва во 20 часот организира предавање „Зошто оваа година Велигден е на 23 април? - влијанија во сметањето на времето“, што ќе се одржи на Електротехничкиот факултет во Скопје. На предавањето ќе може да дознаете зошто секоја година Велигден е на различен датум, зошто ...