TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Саакашвили: Вонредна состојба додека е неопходно

А1 - 11.11.2007

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили изјави дека вонредната состојба во државата ќе остане во сила, додека владата смета дека е неопходна, покрај повиците од западните држави да биде укината. „Вонредната состојба ќе биде укината во блиска иднина, во наредните денови.

Средба на власта и опозицијата во Грузија

А1 - 10.11.2007

Грузиски опозициски лидери и претставници на властите денеска се сретнаа првпат откако полицијата во средата со сила ги запре антивладините протести и претседателот Михаил Саакашвили прогласи вонредна состојба. Разговорите се водеа во посредништво на архиепископот на Грузиската православна црква - ...

Патријархот на Грузија ги смирува политичарите

Утрински - 10.11.2007

Малкумина во Грузија, но и на Запад веруваат во оправдувањата на Саакашвили дека нередите ги организира Русија Михаил Саакашвили неочекувано и' „фрли ракавица“ на опозицијата распишувајќи ги претседателските избори за 5 јануари: опозицијата демонстрира пред парламентот во Тбилиси Од нашиот дописник ...

Грузиската опозиција задоволна од одлуката за предвремени избори

Дневник - 10.11.2007

Одлуката на грузискиот претседател Михаил Саакашвили на 5 јануари 2008 година да се одржат предвремени претседателски избори и референдум со кој ќе се одреди датумот за парламентарните избори во Грузија е победа на народот, изјави Звијад Џиџигури, лидер на Конзервативната партија и еден од водачите ...

Вонредна состојба ...

Вест - 09.11.2007

Тбилиси, 9 ноември - Вонредна состојба во наредните 15 денови е во сила во Грузија по жестоките судири на силите за безбедност и демонстрантите, кои бараат оставка од шефот на државата Михаил Сакашвили, кој се смета за проамерикански ориентиран.

Претседателот на Грузија воведе вонредна состојба за наредните 15 дена

Утрински - 09.11.2007

Русија вчера протера тројца грузиски дипломати, што е одговор на одлуката на Тбилиси тројца Руси да ја напуштат Грузија Масовните демонстрации на опозицијата власта во Грузија ги протолкува како обид за државен удар под палка на Русија Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - По незапаметената ...

Вонредна состојба во Грузија

Дневник - 09.11.2007

Грузиските опозициски лидери ги повикаа граѓаните да се воздржат од демонстрирање и да не даваат отпор кон силите за безбедност По воведувањето на вонредната состојба на целата територија на Грузија во времетраење од 15 дена, грузиската опозиција одлучи да се откаже од организирањето улични ...

Вонредна состојба во Грузија

А1 - 08.11.2007

Вонредна состојба во наредните 15 денови е во сила во Грузија по жестоките судири на силите за безбедност и демонстрантите, кои бараат оставка од шефот на државата Михаил Саакашвили. Претседателот Саакашвили донесе декрет за прогласување на вонредна состојба, бидејќи е изведен обид за државен удар, ...

Полицијата употреби сила против демонстрантите во Тбилиси

Утрински - 08.11.2007

Грузиската полиција вчера употреби водени топови и солзавец при што беа повредени 250 лица Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ ТБИЛИСИ - Грузиската полиција вчера употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои бараат оставка на проамерикански ориентираниот претседател Михаил ...

Над 250 повредени во демонстрациите во Тбилиси

Дневник - 08.11.2007

Околу 250 лица се примени во болниците во Тбилиси, од кои најмногу поради труење со солзавец, кој специјалните сили го употребија за да ги разбијат демонстрациите пред парламентот на Грузија, изјави грузискиот министер за здравство Давид Ткешелашвили, јави МИА.

Почна да се тресе цела Грузија!

Вечер Прес - 08.11.2007

Грузиската телевизија "Имеди" јавува дека протести почнале во сите градови во Грузија и дека најбројна група е собрана во Батуми, каде протестираат студентите. Во Тбилиси се повредени околу 250 демонстранти кои бараат оставка од претседателот Сакашвили и предвремени избори Околу 250 лица се примени ...

Вонредна состојба во Грузија

Макфакс - 08.11.2007

Тбилиси Вонредна состојба во наредните 15 денови е во сила во Грузија по жестоките судири на силите за безбедност и демонстрантите, кои бараат оставка од шефот на државата Михаил Сакашвили. Претседателот Сакашвили донесе декрет за прогласување на вонредна состојба, бидејќи е изведен обид за државен ...

Саакашвили објави предвремени претседателски избори

Макфакс - 08.11.2007

Тбилиси Грузискиот претседател Михаил Саакашвили соопшти дека на 5 јануари 2008 година ќе бидат одржани предвремени претседателски избори во земјата. Саакашвили одлуката за предвремени избори ја донесе по бранот демонстрации во Грузија, поради што вчера во земјата беше прогласена вонредна состојба.

ОБСЕ го осуди затворањето медиуми во Грузија

Макфакс - 08.11.2007

Виена Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) денеска изрази загриженост поради затворање на независните грузиски телевизиски станици. “Додека воведувањето вонредна состојба можеби е во согласност со Уставот на државата, медиумите мора да бидат во состојба да ја исполнуваат својата ...

Судири на демонстрантите со полицијата во Тбилиси

А1 - 07.11.2007

Околу 250 лица се примени во болниците во Тбилиси, поради труење со солзавец, кој специјалните сили го употребија за да ги растераат демонстрантите пред Парламентот на Грузија, изјави грузискиот министер за здравство Давид Ткешелашвили.

Околу 250 лица задушени со гас во немирите во Грузија

Макфакс - 07.11.2007

Тбилиси Околу 250 демонстранти се хоспитализирани во болниците во Тбилиси поради задушување од гас, што го употребила полицијата при разбивањето на денешните протести во главниот град на Грузија. Дел од хоспитализираните веќе се пуштени од болница, соопштија локалните власти, според кои ...

Полицијата растера антивладини демонстранти

Макфакс - 07.11.2007

Тбилиси Грузиската полиција денеска од пред зградата на парламентот во Тбилиси ги растера демонстрантите, кои шести ден по ред бараат оставка на претседателот Михаил Саакашвили. Претставник на опозицијата наведе дека полицијата употребила пластични плаки против демонстрантите.

Бараат оставка од Сакашвили

Вечер Прес - 07.11.2007

Околу 10.000 приврзаници на опозицијата во Грузија ги продолжија протестите барајќи оставка од претседателот Михаил Сакашвили, кого го обвинуваат дека владее авторитарно, како и распишување на нови избори, известува МИА. Четворица опозициски активисти започнаа дури и штрајк со глад.

Референдум за влез на Грузија во НАТО

Макфакс - 07.11.2007

Тбилиси Грузија на 5 јануари идната година ќе организира референдум за влез на државата во НАТО. Референдумот, пред да поднесе оставка, го распиша грузискиот претседател Михаил Саакашвили. Граѓаните на референдумот ќе се изјаснуваат и за одредување на датумот за идните парламентарни избори.

Опозицијата бара психијатар за претседателот на Грузија

Утрински - 06.11.2007

Саакашвили индиректно ја обвини Русија дека таа ги режира нередите во Тбилиси Михаил Саакашвили Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Ситуацијата во Грузија се влошува, а опозицијата е посебно огорчена поради изјавите на претседателот Михаил Саакашвили деко во неделата навечер преку ...

Саакашвили го назначи Ладо Гургенидзе за нов премиер на Грузија

Макфакс - 06.11.2007

Тбилиси Грузискиот претседател Михаил Саакашвили го назначи претседателот на Грузиската банка Ладо Гургенидзе за нов премиер на Грузија. Саакашвили ја соопшти одлуката да го назначи Гургенидзе за премиер по вечерашната владина седница.

Грузија ја укинува вонредната состојба

Макфакс - 06.11.2007

Тбилиси Претседателот на Грузија Михаил Саакашвили денеска, според најавите, треба да ја укине вонредната состојба во земјата. Саакашвили воведе вонредна состојба минатата недела, откако полицијата ги задуши уличните протести и ја затвори опозиционата телевизија.

Демонстрантите во Тбилиси бараат оставка од Саакашвили

Утрински - 05.11.2007

ТБИЛИСИ - Околу 12.000 демонстранти веќе втор ден се на улиците на Грузија со барање за оставка на претседателот Михаил Саакашвили. Многумина од демонстрантите кампуваа пред зградата на парламентот во главниот град Тбилиси. Толпата се зголеми во текот на денот, меѓутоа не успеа да ја достигне ...

Саакашвили поднесе оставка-претседателските избори закажани за 5 јануари

Макфакс - 05.11.2007

Тбилиси Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска поднесе оставка за да може да се вклучи во кампањата за предвремени претседателски избори. Веста ја соопшти потпретседателот на парламент Михаил Мачаваријани, прецизирајќи дека парламентот го потврди предлогот на Саакашвили претседателските ...