РАКОМЕТ Се врати во Битола. - Иван Марковски Нашето репрезентативно десно крило Иван Марковски, на изненадување на управата и соиграчите, се реши да ја прекине соработката со хрватскиот шампион Загреб и да се врати во Битола.
Нашиот интернационалец го напушти Загреб Битола - По двегодишен престој во Хрватска каде што настапуваше за тамошните ракометни прволигашки екипи Метковиќ и Загреб, вчера во Битола се врати нашиот интернационалец и репрезентативец, Иве Марковски.
РАКОМЕТ Загрепчани му должат на Иван вкупно 17.000 евра од неисплатени плати и рати Македонскиот интернационалец Иван Марковски го раскина договорот со хрватскиот првак Загреб, бидејќи му должат 17.000 евра. Тој повеќе од четири месеци нема добиено плата и дел од ратите од договорот.