TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во експлозија во Ирак 15 загинати

Алсат-М - 16.11.2008

Петнасет лица загинаа, меѓу кои и седум полицајци, а 20 се ранети во експлозија на автомобил-бомба денеска во северноирачката покраина Дијала. Цел на нападот бил полициски контролен пункт во градот Џалавла, северно од Багдад, едно од повеќето места во Дијала, каде дејствуваат екстремистите на Ал Каеда.

Во експлозија во Ирак 15 загинати

Канал5 - 16.11.2008

Багдад, 16 ноември (МИА) - Петнасет лица загинаа, меѓу кои и седум полицајци, а 20 се ранети во експлозија на автомобил-бомба денеска во северноирачката покраина Дијала. Цел на нападот бил полициски контролен пункт во градот Џалавла, северно од Багдад, едно од повеќето места во Дијала, каде дејствуваат екстремистите на Ал Каеда.

Жени ја бомбардираат надежта за мир во Ирак

Форум - 13.11.2008

(фото: Ројтерс) Областа Дијала, која се наоѓа 60 километри северно од Багдад е една од најнестабилните региони во Ирак, каде се појавил голем број млади жени, кои биле тренирани да станат бомбаши-самоубијци, со цел да ја влошат подобрената сигурносна клима и да ги разнишаат преговорите во врска со најавениот сигурносен пакт помеѓу Ирак и САД.

Багдад: Повторно бомбашки напад во утринскиот шпиц

Алсат-М - 12.11.2008

Четири лица загинаа, а 22 се повредени во експлозија на автомобил бомба за време на утринскиот сообраќаен метеж во Багдад. Ова е трет ден по ред како експлодираат автомобил-бомби за време на утринскиот шпиц, но овој пат во позната дуќанџиска улица во центарот на ирачкиот главен град. Бомба експлодираше и во претежно шиитската населба Шааб на северот на градот.

Бомбашки напади три дена го тресат Багдад

Макфакс - 12.11.2008

Најмалку десет луѓе загинаа, а 30 се ранети во низата бомбашки напади што веќе три дена го тресат главниот ирачки град Багдад, соопшти ирачката полиција. Соочена со зачестено насилство во Багдад, ирачката војска соопшти дека презема мерки за прекин на „се поголемиот број терористички напади“.

Триесет мртви во бомбашки напади

Време - 11.11.2008

Најмалку 32 лица се убиени, а 86 се ранети вчера изутрина во двоен бомбашки напад во предградие во северен Багдад, јави „Си-Ен-Ен“. - Првиот напад е направен со автомобил-бомба во еден од централните квартови во Багдад, Адамија, додека во вториот бомбаш-самоубиец се разнесе меѓу полицајците и цивилното население, кои се обидуваа да им помогнат на настраданите – соопшти ирачкото Министерство за ...

Багдад: Две лица загинале во експлозии на бомби

Р.С.Европа - 11.11.2008

Во денешните експлозии на две бомби поставени крај пат во централен Багдад загинале две лица додека дваесетина други биле повредени, јавиваат агенциите. Во вчерашните слични бомбашки напади во Багдад загинаа триесет луѓе, додека скоро седумдесет беа ...

28 загинати во два бомбашки напади во Ирак

Вест - 11.11.2008

БАГДАД, 11 ноември (Ројтерс) - Две автомобил-бомби екплодираа вчера во центарот на Багдад, а самоубиец бомбаш се разнесе меѓу полицајците и цивилите кои побрзале да им помогнат на ранетите, при што во тројниот напад загинаа 28 луѓе, а 68 беа ранети.

Во бомбашки напади во Багдад загинаа 28 лица

Утрински - 11.11.2008

Во бомбашки напади во Багдад загинаа 28 лица. БАГДАД - Најмалку 28 лица се убиени во два бомбашки напади што се случија само за неколку минути во ирачкиот главен град Багдад. Првата беше автомобил-бомба, а потоа бомбаш-самоубиец се крена во воздух меѓу толпата што се собра да помогне, соопшти полицијата.

Багдад: Експлозии на бомби во утринскиот сообраќаен метеж

Алсат-М - 11.11.2008

Најмалку три лица загинаа во експлозија на две бомби што се случи за време на денешниот утрински метеж во претежно шиитскиот источен дел на градот, а 17 се повредени. Мета на нападите веројатно бил дистрибутер на весници. Првата бомба го погодила камионот за достава, а втората експлодирала меѓу група продавачи на весници.

Повторно отворен багдадтскиот мост на кој загинаа околу 1.000 луѓе во 2005 година

Канал5 - 11.11.2008

Багдад, 11 ноември (МИА) - Ирачката армија утринава повторно го отвори мостот Ал Аима во Багдад, на кој во 2005 година во стампедо загинаа околу илјада луѓе. Мостот поврзува шиитски и сунитски квартови во ирачкиот главен град. Неколку десетици возбудени граѓани од двете заедници се собраа денеска за да ја следат официјалната церемонија, со која по повеќе од три години беше обновено движењето меѓу ...

Багдад: 28 лица загинаа во две експлозии на бомби во Багдад

Р.С.Европа - 10.11.2008

28 лица загинале, а над 40 биле повредени во две експлозии на бомби во главниот град на Ирак, Багдад. Првата бомба експлодирала во автобус, а само неколку минути подоцна, бомбаш самоубиец, на истото место детонирал уште една експлозија. Во Бакуба, жена самоубиец предизвикала експлозија на еден контролен пункт, при што 7 лица загинале, а 14 биле ...

Девојче од 13 години изврши бомбашки напад во Бакуба

Телма - 10.11.2008

Најмалку 32 лица загинаа, а 86 се повредени денеска во две експлозии на бомбаш-самоубиец во Багдад и една во градот Бакуба, соопшти ирачката полиција. Во двата бомбашки напади во централниот дел на Багдад, во квартот Касра кој се наоѓа на источниот брег на реката Тигар, се убиени 28, а повредени 68 луѓе. За време на утринскиот метеж по улиците прво експлодира автомобил-бомба.

Повеќе од 28 загинат во бомбашки напади во Багдад

Алсат-М - 10.11.2008

Билансот на настрадани во двата атентати што изутрината се случија во Багдад е најмалку 28 загинати и над 65 ранети, соопштија владини извори. Автомобил бомба експлодира на пазар во квартот Адамија, а непосредно потоа се случи уште една експлозија активирана од бомбаш самоубиец. Адамија е сунитска енклава во тој дел на источен Багдад каде мнозинство се шиитите.

Дваесет и пет жртви во двоен бомбашки напад во Багдад

Канал5 - 10.11.2008

Багдад, 10 ноември (МИА) - Најмалку 28 лица загинаа, а 48 се повредени утрово во двоен бомбашки напад кога автомобил бомба експлодира во еден од централните квартови во Багдад, додека бомбаш-самоубиец ја активира експлозивната направа меѓу полицајците и цивилното население кои се обиделе да им помогнат на настраданите. Нападите беа извршени во квартот Касра, на источниот брег на реката Тигар.

Двоен бомбашки напад во Багдад однесе 28 животи

Кирилица - 10.11.2008

Најмалку 28 лица загинаа, а 48 се повредени утрово во двоен бомбашки напад кога автомобил бомба експлодира во еден од централните квартови во Багдад, додека бомбаш-самоубиец ја активира експлозивната направа меѓу полицајците и цивилното население кои се обиделе да им помогнат на ...

Најмалку 25 жртви во бомбашки напади во Багдад

Нетпрес - 10.11.2008

Најмалку 25 луѓе се убиени во двоен напад со експлозив во централниот дел на Багдад, а 48 биле повредени, соопштила локалната полиција. Како што пренесуваат светските агенции нападот бил изведен во квартот Касра, кој излегува на источниот брег на реката Тигар.

Атентати во Багдад – најмалку 22 загинати

Макфакс - 10.11.2008

Билансот на настрадани во двата атентати што изутрината се случија во Багдад е најмалку 22 загинати и над 40 ранети, соопштија владини извори. Автомобил бомба експлодира на пазар во квартот Азамија, а непосредно потоа се случи уште една експлозија активирана од бомбаш самоубиец. Азамија е сунитска енклава во тој дел на источен Багдад каде мнозинство се шиитите.

Најмалку 30 загинати во бомбашки напади во Багдад

Макфакс - 10.11.2008

Најмалку 30 луѓе загинаа, а 68 се ранети во три напади на бомбаши самоубијци, што се случиле на локален багдадски пазар, пренесуваат агенциите. Првиот напад се случил во сунитски кварт, каде напаѓач активирал автомобил бомба. Другите два напади пак, биле изведени додека локални минувачи притрчале да помогнат на настраданите, кога се разнеле други двајца бомбаши самоубијци.