TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски не може да потврди дали во Македонија постои АНА

А1 - 22.02.2003

„Во овој момент не можам да потврдам дека на територијата на Македонија постои АНА“, изјави денеска министерот за одбрана Владо Бучковски по средбата со албанскиот шеф на одбраната Пандели Мајко во Подгарец, потенцирајќи дека засега нема опасност за дестабилизација на Македонија и регионот.

Бучковски: ДПА даде отворена поддршка на АНА

А1 - 22.02.2003

Може да се оцени дека лидерот на ДПА Арбен Џафери на последната прес конференција го упати првиот сигнал за поддршка на вооружените екстремисти кои се претставуваат како АНА. Ова сомневање го изрази министерот за одбрана Владо Бучковски во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“, програма на ...

Бучковски: Нема да има пролетна офанзива

Утрински - 22.02.2003

ИЗЈАВА Скопје - Напролет нема да дојде до нова војна во Македонија и во регионот, но можни се провокации на АНА, која ќе бара простор да се промовира, оцени македонскиот министер за одбрана, Владо Бучковски, во интервјуто за белградската новинска агенција Бета.

Бучковски: „Пролетна офанзива нема да има“

А1 - 21.02.2003

Напролет нема да дојде до нова војна во Македонија и во регионот, но можни се провокации на АНА, која ќе бара простор да се промовира, оцени министерот за одбрана Владо Бучковски во интервју за белградската новинска агенција „Бета“.

НАТО ја поддржува конференцијата за гранична безбедност во земјава

Утрински - 21.02.2003

Средба Бучковски-Сери Скопје - Министерот за одбрана, Владо Бучковски, на средбата со Роберт Сери, директор за операции на Балканот во НАТО, разговараше за најавената регионална конференција за гранична безбедност и за идното советодавно присуство на Алијансата во земјава.

Средба на Бучковски со дипломатскиот кор

Утрински - 21.02.2003

Безбедност Скопје - Македонскиот министер за одбрана, Владо Бучковски, вчера имаше средба со дипломатскиот кор во земјава, на која се разговараше за актуелната безбедносна состојба во државава, напорите кои ги прави ресорното Министерство за зајакнување на регионалната безбедност, како и ...

Пензионирани генерали од Албанија делуваат во Македонија

А1 - 20.02.2003

Министерството за одбрана има информации дека во редовите на екстремистите кои делуваат во Македонија има и неколку бивши генерали од албанската војска. Не е дефиниранo дали се тие тренери на вооружените групи кои вршат терористички напади во Македонија или се доброволци кои се овде заради ...

Бучковски се запозна со платформата на Конференцијата за гранична безбедност

А1 - 20.02.2003

Подготовка на претстојната Конференција за гранична безбедност на земјите од регионот, како и идното советодавно присуство на НАТО во земјава, беа тема на синоќешните разговори во Скопје помеѓу министерот за одбрана Владо Бучковски и директорот за операции на Балканот при НАТО, Робер Сери.

Бучковски тврди дека регионалната стабилност е кршлива

Утрински - 19.02.2003

Министерот за одбрана на Србија и Црна Гора во дводневна посета на Македонија Сашко Димевски Министерот за одбрана, Владо Бучковски, вчера во Скопје го прими својот колега Велимир Радоевиќ од Србија и Црна Гора. Со оваа средба, како што истакна по неа, Бучковски ја заокружи серијата средби со ...

Бучковски: „Стабилноста во регионот е кревка“

А1 - 18.02.2003

„Стабилноста во регионот е кршлива и потребен е дополнителен напор и меѓусебна координација на овие простори, пред се во Јужна Србија, Косово и во дел од Македонија“, изјави министерот за одбрана Владо Бучковски, по денешната средба со неговиот колега од Србија и Црна Гора, Велимир Радоевиќ.